post

Што можете да не правите денес

Премногу акцент ставаме на онаа што треба да правиме, како да го правиме и кога да го правиме, со што едноставно се натрупуваме со задачи и активности за секој ден. Од друга страна се наоѓаат работите кои што можете да не ги правите денес.

што да не правите

Што станува со работите кои ги правиме секојдневно, а не мора да ги правиме или едноставно можеме да одлучиме да не ги правиме денес и тоа секогаш?

Што ќе се случи? Ништо! Животот си продолжува и секогаш имаме време подоцна да се завршат.

Кои се тие работи? Еве една листа на 10 можни работи кои што можете да не ги правите денес.

  1. Не читајте весници секојдневно, повеќето од времето ќе ви се потроши залудно без да ја зголемите вашата лична вредност која ќе се употреби за зголемување на вредноста на вашиот бизнис.
  2. Не проверувајте го Facebook стотици пати дневно. Страшна работа, бидејќи не сме ни свесни како бргу времето поминува. Нема потреба да се проверува и чека се нешто ново што ќе биде објавено од некого. Не сте платени за тие информации, платени сте за креирање на вредноста за вашите купувачи.
  3. Не проверувајте го email инбоксот стотици пати дневно. Знам дека го очекувате тој email кој значи живот или смрт. Но, сепак не постои такво нешто, единствено што постои е дека ќе бидете пореметени од тековната работа која веројатно (или барем би требало) ви е најприоритетна.
  4. Не работи на задачите кои не се приоритетни. Кога ќе погледнам во мојата „да направам” листа можам да забележам многу работи кои и не се приоритет број еден. Но, затоа пак со помош на перспективи и менување на датумот на изведување на оние задачи кои не се приоритетни можам да ги преземам работите во моите раце.
  5. Не преземај работи кои не се ваша одговорност. Ако малку ги анализирате вашите дневни активности во еден подолг временски рок, лесно ќе забележите дека одговорноста не е наменета само на вас. Таа може да се сподели или целосно да се префрли на некој друг во вашата компанија. Тогаш зошто се вие да работите?
  6. Не учествувајте во озборувањата на работа. Добро е да се разменуваат мислења, да се комуницира и да се споделуваат идеи со колегите. Но, повеќето од разговорите се разни озборувања и „рекла казала” муабети. Тие не ви се потребни, тоа е факт.
  7. Не останувајте до доцна на работа. Дали е можно тоа? Верувам дека да, со соодветна организација и системи на кои се потпира вашиот бизнис. Но, понекогаш може да важи и правилото да се остави за утре, веројатно нема да гои изгубите бизнисот заради тоа.
  8. Не читајте ја книгата која што нема да ви го зголеми знаењето кое што ви е потребно. Знам дека сакате да бидете експерт во се. Но, едноставно тоа не е можно. Вашиот фокус треба да биде на клучните компетенции за вашиот бизнис. Се останато што не ви го зголемува знаењето во рамките на тие клучни компотенции е сосема непотребно.
  9. Не одете денес на работа, останете дома и тестирајте дали вашиот бизнис ќе преживее без вас. Секако можеби ви изгледа чудно и неостварливо. Но, зошто да не пробате. Тоа е единствениот начин да го тестирате вашиот бизнис дали е вистински бизнис или само едно работно место кое вие сте си го креирале за вас самиот.
  10. Не започнувајте со работа на заостанати и застарени проекти. Понекогаш е подобро да ги отстраните иако досега сте потрошиле доста време, наместо да продолжите да трошите време на нешто што можеби веќе е застарено и нема да функционира.
About Д-р Драган Шутевски

Д-р Драган Шутевски е основач и CEO на Шутевски Консалтинг и им помага на бизнисите да го проектираат патот кон успешноста. Поврзи се со Драган на Google+

Speak Your Mind

*