post

Совет за еден мал бизнис: Перманентно елиминирај ги причините на проблемите

Совет за мал бизнис

Совет за мал бизнис

Дали очекуваш дека твојот бизнис ќе функционира без проблеми?

Дали ти си тип на личност која цело време го троши на решавање на различни проблеми од кои повеќето се повторуваат?

Дали имаш премногу време да решаваш проблеми кои се повторуваат?

Можеби твојата компанија ќе биде без проблеми, но само ако твојот бизнис е сам без потрошувачи, без конкуренти, функционира надвор од екосистеми, нема вработени, не решава проблеми на други луѓе, не се подобрува самиот себеси…

Дали ова е возможно? Во случај на успешен бизнис, тоа е невозможно.

Доколку сето горенаведено е вистина, тоа значи дека твојот бизнис е мртов. Не превземаш акции. Не го раснеш и развиваш твојот бизнис. Не се обидуваш да ги задоволиш твоите потрошувачи. Не се обидуваш да го подобриш твојот бизнис.

Запомни едно нешто, како еден претприемач нема да имаш проблеми само кога твојот бизнис ќе биде мртов. Најверојатно не го сакаш тоа.

Секој проблем со кој се соочуваш лично ти или пак твојот бизнис има сопствен извор, сопствен корен, сопствена причина. Доколку го решиш проблемот без да ја елиминираш причината за негово појавување, не можеш да очекуваш дека истиот проблем нема да се појави во иднина.

Затоа, доколку не сакаш истиот проблем да се појави во иднина (а не сакаш), ќе мора да ги елиминираш сите причини за појавувањето на проблемот.

Ти како еден претприемач не си пожарникар. Ти си претприемач кој спречува појава на пожар во сопствениот бизнис. Ти си личност која кога решава проблеми секогаш один еден чекор понатаму – да ги најде причините за проблемот и да ги елиминира за да не се појават во иднина.

Затоа за оваа недела совет за еден мал бизнис е:  Перманентно решавај ги твоите бизнис проблеми, но исто така најди ги и елиминирај ги и причините. На таков начин ќе имаш континуирано подобрување на твојот бизнис и ќе можеш да се фокусираш на новите проблеми кои ќе донесат нови подобрувања. Многу е подобро да спречиш, отколку да лечиш.

About Д-р Драган Шутевски

Д-р Драган Шутевски е основач и CEO на Шутевски Консалтинг и им помага на бизнисите да го проектираат патот кон успешноста. Поврзи се со Драган на Google+

Speak Your Mind

*