Подготовка на стратегија за претприемачко учење е во турбо фаза. На 03.07.2013 година се одржа третата работилница на која учество земаа клучните стејкхолдери кога станува збор за претприемачко учење, процес кој ќе има за цел да обезбеди долгорочен развој и просперитет на нашата земја во иднина.
Овие презентации се дел од муабетот кој беше тема на работилницата. Инаку коментарите, фидбекот и дискусијата која се отвори на самата работилница даваат огромен допринос во подготовка на поквалитетна стратегија.
Погледенете ги презентациите и доколку имате некои коментари, идеи или пак препораки слободно искажете ги или преку коментар на овој пост или преку контакт формата на претприемач.
Speak Your Mind