Некако се чини дека постојаната трка со конкуренцијата, фокусот на производите и процесите како да ги заборава газдите, директорите, односно најглавните во еден бизнис. Да, купувачите претставуваат најкорисна личност за вашиот бизнис и време е да ги третирате како такви.

Вашите купувачи иако се проблематични, без нив не се може

Вашите некупувачи и неколку можни тактики во однос на нив
Како што знаете главната тема на претприемач за оваа година се иновации и иновативност, па и тука која ќе се обидеме да ги откриеме вашите некупувачи и онаа што можете да го направите во однос на нив на некој начин ќе биде поврзано со иновациите и зголемување на севкупната иновативност на вашиот бизнис воопшто.

Епизода #26: Што се случува со некупувачите, кои се и што правите во однос на нив?
Во оваа епизода на “претприемачки пат” ќе начнам една тема која што често пати се заборава едноставно поради огромниот фокус кој го насочуваме кон купувачите, односно кон целниот пазар во кој се наоѓаат тековните купувачи и потенцијални купувачи. Прашањето е што можеме да добиеме доколку во нашите стратегии и планови за иднината ги вклучиме и некупувачите? Звучи збунувачки, но сепак имам забележано големи постигнувања на бизнисите со едноставно користење на некупувачите во дефинирање на идните стратегии за компанијата.

Прoцес на дисквалификација на купувачи
Кога станува збор за претприемачи и бизниси, најголемата причина за вакво нешто е стравот дека нешто ќе се изгуби или пак нешто ќе се испушти. И едноставно поради тој таков страв започнуваме да се распространуваме на сите страни, да работиме се и сешто, да задоволуваме секого, да се обидуваме да задоволиме секого… И наместо да бидеме некој кој најоптимално и најпродуктивно ќе поентира на нашите најсилни компетенции стануваме просечен како и секој друг.

Што еден купувач очекува од вас и вашиот бизнис?
Што еден купувач очекува од вас и вашиот бизнис?
Времето во кое вашиот бизнис денес функционира едноставно бара постојано барање на одговори токму на оваа прашање. Иако можеби повеќе пати досега оваа тема беше „начната” на претприемач, сепак тука би сакал да навлеземе малку во некои идеи за одговори на оваа прашање. Но, мора да ви биде јасно дека можете да ги искористите сите овие идеи и да ги тестирате или пак само дел од нив, но можете и да додадете ваши идеи или пак идеи кои не се тука наведени, а доаѓаат директно од вашите купувачи. Значи не се ограничувајте само на онаа што ќе го прочитате тука, бидете флексибилен за прифаќање на идеи од една страна и сосема нефлексибилен во тестирање и имплементација на истите.

Изработка на профил на купувачи
Без разлика дали станува збор за профитни или непрофитни комапнии, за социјални бизнис, зелени бизниси или било кој друг вид на бизниси секогаш ќе има потреба од купувачи затоа што секој бизнис постои заради реализација на некоја цел, а во 99,99% на случаи таа цел се преточува во задоволување на тие купувачи, за некого можеби посетители, слушатели, читатели итн. Тука ќе ги нарекуваме сите како купувачи, што ќе значи некој кој е потребен заради преживување на компанијата.

10 изговори од страна на купувачите за да не купат од вас
Повторно, нешто што најдов во архивите на старите хард дискови префрлајќи ги од тие стари хард дискови на Time Capsule и повторно документ кој е резултат на работа со еден од моите клиенти уште во 2009 година. Една од моите задачи беше да дојдам до листа на можни приговори кои ќе претставуваат препрека за неговите купувачи да донесат одлука за купување во било која фаза од продажната инка.

Купувачот и неговата себичност
Моќта која ја поседуваме како купувачи не е загарантирана само со алатките со кои баратеме денес, туку и цел закон постои за заштита на потрошувачки права. Интересот на мене и мојата сопруга е да не не прави некој да бидеме “идитоти” и да си ги заштитиме 600 денари кои иако не се некоја сума, но комбинирано со обид да ни се наметне идиотизам претставуваат навистина големи.

Епизода #11: Kако да изградите профил на купувачи
Да се има и да се користи профил на купувачи во секојдневното менаџирање на операциите на вашиот бизнис е повеќе од корисно. Профилот на купувачи обезбедува да ги знаете вашите купувачи, а кога ги знаете многу активности кои ќе ги спроведувате ќе бидат прилагодени согласно тие информации.

Откријте ги тајните желби на вашите купувачи
Тајна е нешто што едно лице го одржува како непознато за други лица. Доколку имаме двајца кои знаат нешто, тогаш тоа нешто веќе не е тајна. Но, како можете да ги откриете тајните на вашите купувачи кога самите тие нема да ви дозволат да ги дознаете тие тајни?