post

БИЗНИС ИДЕЈА – ПРВ ЧЕКОР

Повеќе пати напоменуваме дека зад секој успешен (па и неуспешен) бизнис стои бизнис идеја на претприемачот или пак потенцијалниот претприемач. Едно нешто би сакал да забележам тука, а тоа е дека не треба да мислите дека бизнис идејата е поребна само за нов бизнис. Бизнис идеи се постојана потреба и за постоечки бизниси. Новите бизнис идеи го енергизираат (го полнат со бизнис потенцијална енергија) секој бизнис без разлика дали станува збор за нов (стартап) или пак постоечки бизнис. Но, во овој натпис некако повеќе ќе се насочиме на новите (стартап) бизниси кои се наоѓаат во фаза на сонување од животните циклуси на бизнисите.

Некаде во Јануари 2009 година изработивме Збирка на топ 20 бизнис идеи за 2009 и по неа. Во оваа збирка опфативме 20 бизнис идеи кои од една страна се лесни за започнување, а од друга страна постои отреба за истите или пак во блиска иднина таа потреба ќе се зголемува.

Подоцна пронајдовме една алатка која се нарекува генератор на бизнис идеи. Таа може да се користи како една основа за добивање на различни идеи за бCheckList1изнис. Функционира со комбинација на три зборови. Оваа алатка може да послужи за будење на креативноста за добивање на добра бизнис идеја, но не и како нешто единствено при одлука за започнување на бизнис.

Кога сме кај будење на креативноста опишавме 6 совети за креативност за добра бизнис идеја. Креативноста не е секогаш присутна. Таа мора да се пробуди со ослободување на грчот од нашиот мозок.

Сето ова се некои предуслови за добивање на добра бизнис идеја. Но, она што е како прв чекор, односно од каде треба да се тргне е:

  • Едукацијата – знаење
  • Хоби
  • Пасија

Комбинација на нашето знаење стекнато преку домашна култура, системот на образование со нашите неформални активности како хоби и нашата пасија за нешто може да не доведе до добра бизнис идеја. Пасија претставува силно позитивно чувство кон нешто, вообичаено нешто што силно го посакуваме или не привлекува. Во еден од претходните натписи пишувавме за 5 чекори кон успех и ги наведовме следниве:

  • Бизнис од забава
  • Големи сонови
  • Верба во себе
  • Идентификација на лидери во проблематиката
  • Поставување на обврска

Значи бизнисот мора да ни биде забавен, а ќе биде забавен ако имаме знаење за изведување, претставува како наше хоби и имаме пасија за него. Може да имаме одлична бизнис идеја но:

  • Доколку немаме познавање тој бизнис однапред ќе биде осуден на пропаст.
  • Доколку не ни е забавен брзо ќе го затвориме.
  • Доколку немаме силна пасија или желба за таа работа бргу ќе се откажеме.

Затоа секоја бизнис идеја во самиот старт е потребно да се разгледа од аспект на знаење, хоби и пасија. Ова ќе помогне и при одлучување за избор на најдобра бизнис идеја.

post

Книга со бизнис идеи

На едно место прочитав за тоа дека секој треба да си има книга за бизнис идеи. И како идеја ми се допадна. Бидејќи не знаеме кога ќе добиеме некоја идеја бидејќи времето на добивање на идејата е во зависност од нашата креативност, а не знаеме кога ќе сме креативни. Веќе пишувавме за 6 совети за креативност за добра бизнис идеја како и за креативна деструкција и креативна имитација и во еден дел како совет напишавме да имате бележник секогаш при себе. Овој бележник треба да биде во вид на книга за бизнис идеи.

Во текот на еден просечен живот низ човечкиот мозок може да поминат милион идеи. Но, повеќе од две третини од тие идеи човекот ги заборава веќе по еден час. Од останатите повеќе од две третини нема да чинат. Од останатите за повеќе од две третини нема да ги забележите во бележникот. И доаѓаме до ниво кога од милион идеи сме имале само 30.000 идеи за кои повторно доколку ги немаме на хартија повеќе од две третини ќе ги заборавиме, и доаѓаме до 10.000 идеи за кои кога повторно ги размислиме повеќе од две третини нема да бидат за нас или ќе изгледаат глупави па ќе останеме на 3000 идеи. Од тие 3000 идеи за повеќе од две третини нема да преземеме ништо (акција) и ќе останеме со помалку од 1000 идеи. Тие 1000 идеи во текот на еден просечен живот нема сите да бидат бизнис идеи. Бизнис идеи може да бидат само да кажеме 10% па доаѓаме до 100 бизнис идеи од кои веднаш ќе заборавиме нешто и ќе стигнеме до 10-тина добри бизнис идеи.

Претходното беше само како еден процес како од милион доаѓаме до 10 бизнис идеи. Можеби милион идеи се премногу. Секој човек не е подеднакво креативен. Можеби се само 100.000 добри бизнис идеи, па на крај ќе имаме една. На крајот не е важно од која бројка ќе почнеме, важно е да се има идеја која ќе се реализира и која ќе прерасне во вистински бизнис. Затоа е потребно да се забележуваат идеите.

Доколку не ги запишете нема да ги запомните. Бележникот или нотесот не мора да биде некој голем, доволно е да имате мал нотес кој можете да го носите во џеб, парче хартија и пенкало. Идеите можете да ги заведувате и на лап топ доколку го имате кај себе, можете да го користите вашиот мобилен телефон како бележник бидејќи скоро секогаш ви е при рака. Скоро и да нема мобилен телефон без софтверска апликација за бележник (Notes).

Е, по забележување треба да стапи на сила книга за бизнис идеи. Таа книга може да биде една тетратка, нотес, MS Word фајл, MS Excel табела, MS Access BiznisIdei база на податоци со бизнис идеи итн. Формата не е важна, важно е вие да се снaоѓате во таа книга и содржината во таа книга. Што ќе постигнете на ваков начин:

  • Ќе имате забележено идеи кои би ги заборавиле,
  • Ќе ги размислите уште еднаш пред преносот од бележникот во книгата, па квалитетот на идеите ќе биде за еден степен на обработка поголем,
  • Ќе бидете систематизирани во креативноста
  • Секогаш ќе имате бизнис идеи кога ќе сакате да преземете некоја акција.
  • Ќе бидете секогаш успешен претприемач.

Pretpriemac.com ќе се обиде да развие една таква книга. Наша препорака е една бизнис идеја да биде на една страна зарaди полесно снаоѓање. Но, што треба да содржи една таква книга? Еве накратко одговор на прашањето како едни основни елементи:

  • Име на идејата
  • Краток опис на бизнис идејата
  • Изгледи за реализација
  • Оценка на квалитетот
  • Досегашна практика на пазарот
  • Активности кои би требало да ги преземете доколку ја реализирате.

Тоа е доволно за да потрошите 10 минути за секоја Ваша бизнис идеја која сте ја добиле и забележале.

Но, што понатаму? Прочитајте во Имате Бизнис идеја – Што понатаму?

post

ИЗБЕГНУВАЊЕ НА НЕГАТИВЦИТЕ

Секогаш постоеле и секогаш ќе постојат негативни луѓе околу Вас. Доколку се наоѓате во фаза на започнување на бизнис преку разработка на бизнис идејата ова се најопасните луѓе за Вашиот нов бизнис. Во секој случај тие луѓе можат да и наштетат на Вашата бизнис идеја. Затоа мора да ги избегнувате особено во оваа фаза од животен циклус на Вашиот бизнис.

Овие луѓе ви пренесуваат депресија и нивните негативни емоции штетат на Вашата креативност. Стилот на речениците кои што ги употребуваат „негативците“ во однос на Вашите планови е:

  • Не се глупирај, тоа не може да успее…
  • Тоа нешто е веќе видено …
  • Бадијала ќе изгубиш пари…
  • Твојата идеја е глупава …
  • Знам еден што проба слична работа и пропадна …
  • и сл.

Овие „негативци“ може да ве замараат и со сопствени проблеми кои дејствуваат депресивно на Вас и со тоа Ви ја убиваат креативносPretpriemacBiznisModelStartта во разработката на Вашата бизнис идеја. Секој бизнис е плод на добра бизнис идеја што пак е плод на Вашата креативност. Доколку постојано сте со луѓе кои Ви ја уништуваат креативноста и Вашата бизнис идеја ќе биде лоша и со тоа и бизнисот нема да биде она што треба да биде – успешен.

Проблем е што голем дел од „негативците“ може да биде од Вашата непосредна околина со кои секојдневно се среќавате или пак мора да се среќавате. Тоа може да бидат членови на Вашето семејство или пак блиски пријатели. Ова не мора да значи дека тие ви мислат нешто лошо, но не сакајќи може да ви направат штета за која ни вие и ни тие нема да бидете свесни.

Затоа, барем во оваа фаза од животниот циклус на Вашиот бизнис пронајдете го сопственото катче каде што сте најкреативни и најпродуктивни и се до првите конкретни акции избегнувајте да коменирате за она што го работите или пак што планирате да направите. Изберетe луѓе кои не ви се познати како „негативци“ и коментирајте со нив. Изберете луѓе кои ве опуштаат и ја зголемуваат Вашата креативност за да на некој начин ви помогнат во подобрување на Вашата иницијална бизнис идеја.

Ова колку и да звучи како нешто неверојатно сепак е реално. Затоа, фазата започнување од животниот циклус на бизнисите е една од најтешките. Претприемачот е сам и мора да слуша, да се советува, да коментира и да разговара за својата идеја, а можеби нема да може со оние најблиските. Но, тоа е тоа, мора да се помине и таа фаза, а потоа „негативците“ ќе станат „позитивци“ и ќе ве охрабруваат за вашите чекори, но откако ќе видат дека бизнисот функционира.

post

ПО БИЗНИС ИДЕЈА – ШТО ПОНАТАМУ

Можеби една од најлесните работи при започнување на бизнис доаѓање до бизнис идеја. Ќе размислите малку повеќе, ќе стигнете до Вашата најголема креативност, ќе направите brainstorming, ќе разговарате со роднини и пријатели, може да ви помогне и гереатор на бизнис идеи и веќе ќе имате не една туку повеќе бизнис идеи.  Но, веќе тука се јавува вистинскиот проблем. Потребен е чекор во наредна фаза, а тоа е избор на една од тие бизнис идеи која ќе се започне.

Ќе се задржиме на 3 чекори од започнување на бизнисот што претставуват и три фази од животен циклус на бизнисот:

  • Првиот чекор во започнување на бизнисот е добивање на бизнис идеја.
  • Вториот чекор е анализа на тие бизнис идеи за да се избере најдобрата.
  • Третиот чекор е најопасниот чекор од животниот циклус на бизнисите а тоа е вистинско започнување – стартување на бизнисот. Зошто најопасен? Најопасен е затоа што преминот од вториот во третиот чекор може да трае, да трае и да трае се до бесконечност. А, ова значи смрт на бизнисот во раната фаза на постоење.

Значи една многу важна одлука која секој иден претприемач треба да ја донесе е да премине од фазата „сакам да започнам бизнис“ во фазата „имам и водам бизнис“.

Овој премин значи дека престанувате со сонување, планирање и анализирање и започувате со реалноста на Вашиот нов бизнис. Доколку дојдете до фазата во која имате изберено бизнис идеја, веднаш стартувајте ја за да не станете вечни сонувачи.

Но, како да се избегне овој потенцијално долг премин од втор чекор во трет чекор? Може да има две ситуации:

  • Имате бизнис идеја, но сеуште не сте сигурни дали е вистинскиот избор. Ако вториот чекор – анализа и избор на бизнис идеја сте го извеле на вистинскиот начин треба да ви даде самодоверба за да го покренете стапалото во третиот чекор – стартување. Оваа самодоверба ќе предизвика акција која ќе даде некои резултати, иако тие резултати нема да бидат спектакуларни, но сепак се резултати бидејќи Вашиот бизнис преминал во нова фаза од животниот циклус.
  • Не знаете која бизнис идеја да ја изберете иако сте полни со идеи. На ваков начин суште сте на првиот чекор од започнувањње на бизнисот и суште не можете да одите во третиот без да го поминете вториот чекор – анализа и избор на бизнис идеи. Искористете го темплејтот за анализа на бизнис идеи за да ви помогне за да преминете побргу во третиот чекор. И која било идеја да ја изберете преземете акција, направете го конкретниот трет чекор.

Основните елементи кои Ви се потребни за овој премин од втор во трет чекор е да ја изградите вашата самодоверба и да превземете акција. Непревземање на акција значи дека останувата во status quo ситуација и останувате вечен сонувач.

post

ЗБИРКА НА ТОП 20 БИЗНИС ИДЕИ И КАЛКУЛАТОР ЗА АНАЛИЗА НА ГОТОВИНСКИ ТЕК

На почетокот на годината изработивме врз база на анализи и истражувања, збирка со топ 20 бизнис идеи за 2009 и по неа. Потоа изработивме еден калкулатор за анализа на готовински тек. На pretpriemac.com во една серија од 3 артикли за анализа на готовинскиот тек опишавме како се користи овој калкулатор. Можете да прочитате за:

За подобро да се совладаат овие три артикли кои навлегуваат во една многу значајна анализа за бизнисот и претприемачите и која доколку се користи на вистински начин – активно, може да доведе до рапидно зголемување на бизнис перформансите потребно е да го имате калкулаторот за анализа на готовинскиот тек.

Овој пост ќе го искористиме за да го опишеме процесот за добивање на електронската збирка и калкулаторот.

  • Кликнете тука.
  • Од левата страна на формата за регистрација за неделни билтени внесете го Вашето име и презиме. Оваа листа има дупла opt-in опција бидејќи не дозволува внесување на податоци без потврда. Ова значи дека Вашите податоци се безбедни и воопшто не се издаваат и изнајмуваат на други компании. Вие само ќе добивате mail-ови во вид на неделни билтени од pretpriemac.com. (Бидете сигурни дека Вашите податоци остануваат заштитени, бидејќи и ние не сакаме да добиваме несакани пораки какви што некои компании во Македонија испраќаат). На сликата подолу е претставена формата.

registracijaslika

  • Кликнете на Понатаму.
  • Ќе се појави страна како на сликата подолу. Потребно е да ги внесете симболите од безбедносната слика и да кликнете на Continue. Ова се користи од системот за да се избегнат несакани регистрации кои шират несакани пораки а доаѓаат од автоматски машини.

PictureML

  • Откако ќе кликнете Continue ќе се појави страна со следнава содржина на која ќе треба да кликнете на Return to Website како на сликата.

Konfirmacija

  • Откако ќе кликнете на Return to Website ќе ве одведе до страната на која е опишана постапката за добивање на калкулаторот прикажан на сликата подолу.

registracija-kalk

  • Во меѓувреме ќе добиете mail на кој ќе има линк кој мора да го кликнете за да ја потврдите регистрацијата. Mail-от што ќе го добиете ќе изгледа вака:

Mail

  • Кликнете на него и и на линкот кој се наоѓа во него (слика подолу):

Klik

  • Откако ќе кликнете на линкот ќе ве одведе до страната каде ќе можете да ја симнете збирка со топ 20 бизнис идеи за 2009 и по неа.
post

ГЕНЕРАТОР НА БИЗНИС ИДЕИ

Дали некогаш сте се обиделе да дојдете до бизнис идеја и баш кога мислите не може да ви дојде на ум ништо? Тоа е заради креативноста која доаѓа во различни моменти кај различни лица на различни места. На пример, додека возите автомобил сами, на некој досаден состанок, на WC школка …

Заради тежината на моментот на креативноста Creative Consultancy The Director’s Bureau разви алатка која може да Ви помогне во зголемување на креативноста за добивање на бизнис идеа. Оваа алатка се нарекува ГЕНЕРАТОР НА БИЗНИС ИДЕИ. Но повторно, напоменуваме ова алатка нема да може да ви даде уникатна бизнис идеа, туку само една идеа за понатамошно развивање на бизнис идеата.

Како работи генераторот на бизнис идеи? Составен е од 3 групи на зборови кои кога ќе кликнете на копчето за генерирање на идеи се вртат и по случаен избор застануваат во линија од 3 збора која всушност треба да ве поттикне за креативно размислување на спојот на тие производи.

Од сликата можете да забележите дека се погодија зборовите смешен музички ресторан. Ова е веќе почеток на бура од идеи (brainstorming) со тоа што велите: Да добра идеја, нема таков ресторан. Па си ги поставувате прашањата:

  • Што е тоа смешен музички ресторан?
  • Дали ќе биде смешен со смешна музика или со изгледот?
  • Како да се изведе да еден ресторан биде смешен?
  • Каква музика ќе го симболизира тој ресторан?
  • ….

Во секој случај добра алатка за покренување на креативноста за бизнис идеи. Можете да ја пробате доколку кликнете на линкот:  http://www.tdbspecialprojects.com/

post

АКЦИЈА, АКЦИЈА И САМО АКЦИЈА

Навистина насловот звучи доста активно. Што значи тоа акција? Наједноставно кажано преземање на некоја активност која што сте ја планирале. Зачекорување. Тргнување напред. Сето тоа претставува акција. Кога сакате да започнете нешто мора да преземете акција. Може да имате добра бизнис идеја. Но таа е само во вашиот ум, или вашиот сон. Ако остане така останувате само сонувачи. Но, ако преземете акција во вид на бизнис план со рокови на извршување за вашата бизнис идеја таа веќе станува реалност а не сон.

За да постигнете резултати мора да превземете нешто. Резултатите нема да ви дојдат сами. Можете да разговарате за вашите планови до бескрај. И навистина многу луѓе разговараат за превземање на акција. Но тоа е лесно. Тежок е првиот чекор, а потоа самото ве влече во други акции.

Од друга страна доколку не превземате акција нема да погрешите. Оној кој не работи и не греши. Во бирократски организации постојат еден куп добри „неказнувани“ работници кои се наградуваат бидејќи немаат грешки. Но, дали некој се запрашал зошто тие не грешат? Дали тие работат нешто? Дали превземаат акции? Дали реализираат нови идеи? Постојат голем број на Јапонски менаџмент филозофии, а тоа е дека грешките треба да се наградуваат. Секоја грешка значи ваше поголемо искуство. Секое искуство носипоголема потенцијална енергија на вработените, а со тоа и на бизнисот во целина.

Доколку вашата планирана акција се однесува за отпочнување на бизнис вие со читање на материјалите на pretpriemac.com превземате некоја акција за стекнување на знаење за отпочнување на вашиот бизнис, што моментално е само бизнис идеја.

Доколку вашата планирана акција се однесува на ширење на вашиот постоечки бизнис, овој блог може ќе ве охрабри да го направите првиот чекор. Бидејќи доколку не го направите тој прв чекор нема ни да знаете дали вашиот план за ширење е добар или лош.

Успешните претприемачи се обични луѓе кои превземаат акција. Може да имаат повеќе грешки и падови. Но, искуството од тие грешки и падови го користат во успех од следна акција.

Повеќе акции реираат успех математички кажано претставува функција од пробувај и греши, знаење и постигнување на целите. Само со превземање на акции успехот ќе си дојде.

АКЦИЈА 1 + АКЦИЈА 2 + АКЦИЈА 3 + …+ АКЦИЈА N = УСПЕХ (ПРОБУВАЈ И ГРЕШИ, ЗНАЕЊЕ, ПОСТИГНУВАЊЕ)

post

20 БИЗНИС ИДЕИ ЗА 2009 И ПО НЕА

На pretpriemac.com објавивме 20 можни бизнис идеи за 2009 година и по неа за кои сметаме дека ќе бидат актуелни за во иднината. Овие бизнис идеи се:

  1. Консултант за кратење на трошоци
  2. Производство и продажба на производи кои овозможуваат штедење на електрична енергија
  3. Пишувач за прес конференции, блогови
  4. Маркетинг консултант
  5. IT консултант
  6. Развој на web апликации
  7. Онлајн бизнис
  8. Онлајн маркетинг консултант
  9. Онлајн рецепти за готвење
  10. Програми за намалување на тежината
  11. Салони за разубавување
  12. Производство на храна
  13. Алтернативни начини за подобрување на здравјето
  14. Еколошка иновација
  15. Давање на часови
  16. Реновирање на станови
  17. Услуги за одржување на хигиена
  18. Одржување на автомобили
  19. Нега на постари луѓе
  20. Моден консултант

Сметаме дека потребата за овие бизниси ќе биде доста голема во текот на 2009 или ќе се зголемува со големо темпо. Можете да оставите коментар за вашето размислување во однос на овие бизниси. Како и коментар за некои други бизнис идеи кои би можеле да влезат во листата. Двајца од вас кои ќе остават најдобар коментар и размислување ќе добијат електронска книга (ЗБИРКА НА ПРЕДЛОЗИ НА 20 БИЗНИС ИДЕИ) со подетална разработка за овие бизниси на 30 страници.