Насловот ”зошто скоро сите имаат погрешно сфаќање на бизнисот” можеби е преопшт, но сепак онаа што го дискутирам во оваа епизода обезбедува повеќе oд 90% од одговорот на прашањето. Иако секогаш можеме останатите 10% да ги дискутираме со уште стотици или илјадници одговори, но прашањето е дали се важни за нас токму во овој момент.
Епизода #20: Зошто скоро сите имаат погрешно сфаќање на бизнисот
10 Работи кои треба да ги знаете за водење на мал бизнис
Откако ќе го започнете бизнисот, набргу ви станува јасно дека тука се наоѓаат уште еден голем број мали, но навистина важни работи како надополнување на креација на вредноста која вашиот бизнис ја испорачува на купувачите.
Некогаш и сега во бизнисот
Вака изгледа се лесно кога се раѓаме и живееме во свето во кој што функционира се како што функционира. Но, сепак не можам да заборавам како се одвиваше работата на моето прво работно место и сега.
Зошто повеќето мали бизниси остануваат мали или едноставно исчезнуваат?
Зошто повеќето мали бизниси остануваат мали или едноставно исчезнуваат?
Прашањето е навистина сложено! Не затоа што на истото содржи сложен одговор туку затоа што едноставно не сме научени да размислуваме поинаку.
Одговорот би го потенцирал како не согледување на бизнисот како еден поширок и покомплексен концепт од една можност или едно работно место.
Ќе се обидам одговорот да го дадам преку објаснување на овие поими кои се значајни при градење на успешен бизнис.
Што претставува успешен бизнис?
Што претставува успешен бизнис? Прашање кое е значајно, но сепак заради неточен одговор предизвикува многу бизниси да пропаѓаат.
Успешен бизнис е оној бизнис кој ќе обезбеди реализација на сите ваши цели и соништа. Бизнис кој ќе ви го обезбеди животот кој што го сакате.
Успешен бизнис значи дека ќе ти овозможи да работите онолку часови колку што сакате и од каде што сакате. Да ги изведувате работите кои што сакате да ги изведувате и да заработите онолку колку што сакате да заработите.
А, за да го постигнете тој успех, ќе мора да ги разберете елементите кои доведуваат до него.
Најголемиот проблем зошто 80% од претприемачите не постигнуваат успех во првите 5 години од започнување, односно пропаѓаат, а оние 19% кои ќе успеат во тие 5 години, односно преживеат стануваат заглавени во бизнисот е што во самото креирање на бизнисот не знаат што е успех.
Можеби знаат што е успех, но сигурно успехот го гледаат како претесно нешто, а не нешто што е малку поопширно за да биде добра основа за вашата успешност.
Кој кого води? Вие бизнисот или тој вас?
Започнување на бизнис и водење на успешен бизнис не е лесна задача.
Зошто велам и започнување на бизнисот?
Затоа што фазата на започнување ќе има огромна улога во подоцнежните фази. Во фазата започнување со поставаат основните нацрти, основните темели на кои ќе се потпира бизнисот во иднина.
Но, не значи дека тие темели нема да се зајакнат, нема да се зацврстат или пак променат на подобро.
Едно нешто е сигурно, а тоа е дека кога ќе излезете од фазата започнување вие како еден претприемач ќе реба да ги смените во целост вашите улоги што ги имате во бизнисот.
Улогите на еден претприемач во започнување и раст на бизнисот се сосема различни. Во фазата на започнување едноставно не се знае кој кого води. Бизнисот се уште не е оној вистински бизнис. Одлуките се носат, онака од нога, без размислување, без преголеми проценки. Се слуша само еден ентитет од надворешноста на бизнисот, а тоа е купувачот.
Но, кога бизнисот започнува да расте, да се шири и зголемува, веќе ништо не е исто. Сега дететео кое го учевте да проодува во претходната фаза е силно и може да ве влече, да ве турне или пак да ве притисне толку силно што тешко дека ќе можете да се повратите во нормала.
Истите улоги нема да ги дадат очекуваните резултати. Се се менува!
Па, тогаш кој кого води? Дали вие како еден претприемач го водите вашиот бизнис, или пак вашиот бизнис ве преземал и започнува да ве води?
Бизнисот сте го започнале со одредена причина, сте имале силна визија, сте воспоставиле силни цели. Дали таа причина, визијата и целите сеуште се валидни за вас како претприемач? Дали се гледа приближувањето кон визијата или полека започнувате да се одвојувате?
Овие прашања се многу важни прашања и ќе треба постојано да си ги поставувате, бидејќи едноставно тие претставуваат знаци за тоа дали нешто ќе треба да промените кај вас или во бизнисот.
5 Видови на компании во однос на меѓународен настап
Сметаме дека во современата економија егзистираат пет видови на компании: домашни, меѓународни, мултинационални, глобални и транснационални.
- Домашни компании се компании базирани во домашна економија со домашна стратегија и етноцентрична ориентација.
- Меѓународни компании се насочени на меѓународниот пазар при што моделот им е координирана федерација и имаат етноцентрична ориентација. Основната цел им е да го прошират пазарот на кој учествуваат.
- Мулти-национална компанија претставува еден вид на мулти домашни компании со модел на децентрализирана федерација и полицентрична ориентација. Насочена е кон повеќе национални пазари.
- Глобални компании имаат глобална стратегија со една домашна централа и мешана ореинтација.
- Транс-национални компании се глобални компании со модел на интегрирана мрежа и геоцентрична ориентација.
Домашната компанија работи во домашни услови со домашни вработени, постои можност и тука да биде вработен некој експерт или емигрант од странство, но тоа е главно незначителна бројка. Преку домашните компании се настојува да се намалат ценовните удари, следени со покачување на цените на клучните енергенси (нафта, гас, јаглен), кои можат негативно или разурнувачки да влијаат на стопанството на една држава. Силната конкуренција на домашниот пазар, може да биде дополнителен имунолошки систем на компанијата во меѓународната борба.
Со понатамошниот развој, компанијата добива меѓународен карактер. Оваа компанија има способности да користи ресурси во матичната земја, за да обезбеди експанзија на меѓународниот пазар. На деловните единици во странство им се дава одредена слобода во одлучувањето. Стратегииската цел на овие компании е да го прошират пазарот со истиот или делумно изменет производ или услуга.
Со понатамошниот развој се создава мултинационална компанија, која покажува способност за задоволување на пазарните потреби во различни држави. Степенот на децентрализација е голем.
Глобалните компании се карактеризираат со глобално производство. Стратегијата е глобална и секој пазар се анализира како сопствен.
Врв во искористувањето на глобалните економски придобивки, претставуваат транснационалните компании (ТНК). Тие во своето работење користат најдобра технологија, најдобри истражувачки центри, најдобри човечки потенцијали, најевтини суровини и енергенси, при што пласират квалитетни и евтини производи, услуги или капитал на секој светски пазар, остварувајки при тоа голем профит.
Идеи кои можете да ги искористите од Октомври 2011
Секој месец врз основа на аналитиката на најчитаното на претприемач како и препораките од тимот на претприемач ги избираме постовите од претходниот месец. Овој месечен серијал на постови ги издвојува најдобрите наслови кои ќе влезат во страната Започни тука на претприемач на крајот на годината.
Кои се најкорисните идеи кои можете да ги искористите од Октомври 2011 кога станува збор за твојот бизнис и за тебе како еден претприемач?
Листата е следнава:
Претприемач
- Како да станеш претприемач? Како да станеш претприемач? Ова е една од највозбудливите професии на светот. Возбудлива, но исто така и ризична за луѓето кои ја имаат. Кога ќе почнеш да работиш со твојата компанија стануваш претприемач.
- Надминување на одложувањето преку елиминирање на причините. Дали си одложувач? Дали понекогаш за твоите важни задачи или активности велиш има време утре ќе ги завршам? Што мислиш за ова?
- Постигни повеќе со подобар квалитет и помал напор. Иако се чини како невозможно, сепак во постот е дадена една корисна листа на совети кои можат да го направат ова да биде возможно.
- 10 правила за успех на претприемачи. Различни претприемачи имаат различна дефиниција за нивниот успех. Затоа и не може да се земе еден јасен патоказ кој ќе ти го покаже патот кон успехот. Но, можеме да ги исцртаме основните правила кои доколку ги следиш на твојот сопствен пат, ќе го најдеш успехот.
- Дали знаеш зошто го правиш она што го правиш? Мислам дека нема потреба од дополнителен коментар.
Технологија
- Софтвери за мал бизнис кои ја носат претприемничката слобода. Користиме различни софтвери и решенија за мали бизниси за да ја зголемиме нашата слобода, и во исто време за зголемување на нашата продуктивност. Во постот се дадени 7 софтвери кои може да ти помогнат во оваа твоја цел.
Бизнис план
- Бизнис план и маневри на еден претприемач. Kлучен збор карактеристичен за бизниси, и ова особено се однесува за мали бизниси е НЕИЗВЕСНОСТ. Па, поради тоа мора да имаме простор за маневри кога станува збор за бизнис план.
Менаџмент
- Видови на моќ во компаниите. Лидерот со своите: способности, углед, авторитет, популарност, може многу да постигне кај вработените, но мора во одредени случаи да поседува и користи моќ, за да биде во состојба да ги реализира задачите.
Совет за еден мал бизнис: Целта на постоење на твојот бизнис
Знам дека ова може да се чини како нешто чудно, нешто што сметаш дека и не е важно за твојот бизнис. Како и да е, сепак е круцијално за идниот успех на твојот бизнис.
Дали ја знаеш вистинската цел на постоење на твојот бизнис?
Можеш ли да одговориш во една едноставна реченица? Која е примарната намера на постоењето на твојот бизнис?
Запиши го одговорот на еден лист хартија и продолжи со постот.
Кога разговарам со претприемачи и го поставам овие прашања, она што можам да го заклучам е дека повеќето претприемачи неможат јасно да го дефинираат сопствениот бизнис или намерата на нивниот бизнис. Шокантно е што повеќето од нив имаат погрешни претпоставки или пак воопшто не ги знаат одговорите на прашањата.
Намерата е важна за тебе како еден претприемач бидејќи таа го дефинира или скицира бизнисот во кој навистина се наоѓа тој претприемач. Ова значи дека твојот пат ќе биде јасно дефиниран за во иднина без разлика на промените кои ќе следуваат.
Повеќето претприемачи целта на постоење на нивниот бизнис ја базираат и врзуваат со нивните производи или услуги. Тие сметаат дека се наоѓаат во индустрија на тие производи и услуги. Но, иднината може да ја промени целта индустрија, и индустријата илипазарот веќе да не ги сакаат токму тие производи или услуги. Тогаш, доколку си фиксиран за таквата цел на постоење на твојот бизнис која е базирана на производот, ќе значи и смрт за твојата компанија, или пак нема да ти дозволи соодветна флексибилност за да ги промениш работите во твоја корист.
Целта на постоењето на твојот бизнис мора да се базира на потрошувачите, односно на твојот целен пазар. Тие ќе ја дефинират вистинската цел на постоење на твојот бизнис.
Намерата треба да се базира на едно детално истражување на твојот целен пазар и потрошувачите. Што е она што им е потребно? Кои се нивните желби? Кои се нивните фрустрации?
Овие одговори ќе ти помогнат да дефинираш јасна и вистинска цел на постоење на твојот бизнис. Ова е поради фактот што твоите целни купувачи секогаш ќе бидат присутни таму некаде на пазарот. Доколку се појават промени, тие ќе ги променат нивните специфични потреби, но не и глобалната потреб да го решат нивниот проблем. На пример доколку си во индустрија за храна, секогаш ќе постои потреба од јадење. Купувачите можат да ги променат нивните навики во однос на јадењето што ќе го јадат, но ти ќе можеш да ги задоволиш нивните потреби доколку намерата на твојот бизнис е да им служи на тие потрошувачи, а не да ја испорачува храната која сега ја произведуваш.
Како што можеш да видиш разликите се големи кога станува збор за идниот развој на твојот бизнис.
За оваа недела совет за еден мал бизнис: Размисли за вистинската причина за постоење на твојот бизнис. Дали таа е базирана на твојот производ или услуга или пак на твоите потрошувачи? Доколку е базирана на производи или услуги, ќе мора да започнеш со вистинските промени во твојата компанија започнувјќи од самата намера, бизнис моделот и се друго што следува и што е базирано на тој бизнис модел.
Што е она што го убива твојот бизнис?
Дали знаеш кој навистина го убива твојот бизнис? Дали е тоа конкуренцијата? Или пак твоите потрошувачи кои едноставно не сакаат да ги купуваат твоите производи и услуги? Или пак твоите вработени?
Ништо од горенаведеното во прашањата нема вистински потенцијал да го убие твојот бизнис. Ти, како еден претприемач си личност која може и има потенцијал да ја убие сопствената компанија.
Веројатно сте го поминале чувството кога ништо не оди од рака и како претприемач се обидувате да го барате виновникот надвор од себеси, или пак надвор од твојата компанија.
Нешто не е како што треба, но треба да започнеш од себеси како некој кој има огромен потенцијал за да го убие сопствениот бизнис.
Доколку конкуренцијата направи нешто за што сметаш дека го убива твојот бизнис, ти можеш да имплементираш промени за да ја задржиш или пак повратиш сопствената конкурентска предност. Но, доколку ги игнорираш промените кои треба да ги направиш во сопствениот бизнис, тогаш ти си оној кој го убива сопствениот бизнис, а не твојата конкуренција.
Доколку твоите потрошувачи не ги купуваат твоите производи, иако ти сметаш дека тие се најдобрите на светот, ќе мора да се запрашаш следново: Дали моите производи и услуги се нешто што решаваат вистински проблеми за моите потрошувачи? Доколку не го одговориш прашањето или пак не откриеш што сакаат твоите потрошувачи, тогаш ти си тој кој ја убива сопствената компанија.
Доколку твоите вработени се нешто фатално за твојот бизнис, ти ќе можеш да ги едуцираш, да ги обучиш или пак во краен случај да ги смениш со други. Можеш да го подобриш процесот на регрутација за да ги најдеш најдобрите за твојата компанија. Ти си шефот. Ти носиш одлуки, и ти си одговорен за убивање на бизнисот, а не твоите вработени.
Што мислиш сега, кој е оној кој го убива твојот бизнис? Ти, твоите конкуренти, твоите потрошувачи, твоите вработени…?
Секој од овие гореспоменати елементи можат да допринесат во убивање на твојот бизнис, но ти си личноста која може да ги спречи.