post

Дали Претприемач Воркохолик е Успешен?

Многу често поставувано прашање е тоа дали успешен претприемач е воркохолик. Се вели ако работиш повеќе ќе заработуваш повеќе и ќе имаш успешен бизнис. Но, дали е тоа точно? Можам слободно да кажам дека овој напис ме испровоцира од една конференција за жени претприемачи која ја гледав на телевизија, а која најверојатно беше по повод на минатогодишната недела на претприемништвото во Република Македонија. Овој напис всушност ми беше во план да оди како дел од анализата на претприемнички фактори за успех која ја спроведуваме во моментов. Но, што е тука е, одиме сега.

Во телевизискиот приказ на таа конференција можеби во едно 40-тина минути колку ја гледав се спомена над 20 пати следнава реченица:

Претприемачот е воркохолик. За да бидете успешен претприемач треба да бидете воркохолик. За да успеете и Вие како претприемач и Вашиот бизнис треба да бидете воркохолик.

Ова се повторуваше постојано од еден универзитетски професор (Европски Универзитет).

На конференцијата имаше и една жена успешен претприемач која пак во спротивност на универзитетскиот професор кажа дека тие не работат на принципот доаѓање на работа во 7:00 или пак 8:00 наутро (бидејќи е спанка) и немаат дефинирано работно време (работат кога имаат работа). Таа како претприемач ги организира своите вработени за да го извлече нивниот максимум.

Па, добро што е сега точно?

Првин, до пред некое време и јас мислев така се додека не започнав да посетувам курсеви и обука надвор од Македонија (нормално преку интернет). Сватив дека живееме во заблуда. Односно, не учат на погрешни чекори. Не учат да бидеме претприемачи кои во развиените земји не ги сметаат за успешни претприемачи.

Две работи се значајни во однос на оваа прашање:

  • Зошто Вие како еден иден претприемач започнувате бизнис?
  • Самиот дизајн на Вашиот иден бизнис.

Прочитајте ги следниве прашања и одговорете ги:

  • Дали започнувате бизнис за да работите повеќе?
  • Дали ја оставате сегашната работа за да работите повеќе и да заработите повеќе?
  • Дали започнувате бизнис за да немате време да поминете со Вашето семејство?
  • Дали цената што ќе ја платите за поголема финансиска сигурност е Вашето сопствено време?

Доколку одговорот на сите овие прашања е НЕ, тогаш Вие нема да бидете претприемач воркохолик туку ќе имате потенцијал на успешен претприемач кој ќе си го живее вистинскиот претприемнички живот.

Како да Бидете Претприемач кој не е Воркохолик?

Како што веќе наведов потребни се два елементи за да не бидете воркохолик.

Првин за да бидете успешен претприемач ќе треба да знаете точно што сакате од Вашиот бизнис. Немојте да се лажете дека не сакате пари, не сакате луксузни одмори и шетање, не сакате скапи автомобили… Доколку кажете дека сакате стабилна работа подобро вработете се за некој друг и не започнувајте со бизнис и претприемничка кариера. Запомнете го следново:

  • Бизнисот треба да работи за Вас, а не Вие да работите за бизнисот. Работите онолку колку што е потребно за да бизнисот функционира како што треба. А, бизнисот треба да работи за Вас да ви го обезбеди животот кој што го сонувате и сакате да го постигнете. Вашиот живот мора да биде дел во дизајнирање на Вашиот бизнис. Ова е и една од најголемите грешки на просечни претприемачи бидејќи не го внесуваат нивниот живот кога го дизајнираат бизнисот кој сакаат да го започнат.
  • Вие како Претприемач го поседувате бизнисот, а не тој Вас. Доколку се направи грешката со невклучување на Вашиот посакуван живот и Вашите соништа во дизајнирање на бизнисот, за бргу време бизнисот ќе започне да ве поседува. Ќе ве поседува доколку немате време за свој сопствен живот кој што го сакате. Да бидеме реални, дали Вие ќе имате живот доколку работите 10, 12 или пак 20 часа дневно. Што значи ова? Значи дека бизнисот ве поседува Вас.

Втората работа која ќе овозможи да не бидете воркохолик е дизајнирање на Вашиот бизнис. Но, при дизајнот потребно е да се вклучи претходниот елемент, односно она што сакате Вашиот бизнис да го прави за Вас. Дизајнирајте го бизнисот едноставно како средство за исполнување на Вашите лични животни цели. Само на ваков начин ќе дизајнирате успешен бизнис, односно бизнис кој ќе Ве исполнува навистина и ќе ви донесе финансиска слобода која не се постигнува на поинаков начин. За моделирање и дизајнирање на бизнисот можете да прочитате во Бизнис модел – нешто што ќе ви помогне.

Потсетете се само на Robert Kyosaki и 4 вида на луѓе во неговиот квадрант на готовински тек и ќе ви стане јасно.

Заклучок:

Успешен претприемач (Rich Schefren го нарекува Founder, а Robert Kyosaki ги нарекува бизнисмени и инвеститори) не се претприемачи кои се воркохолици, тоа се претприемачи кои градат бизнис со инкорпориран систем бизнисот да работи за нив и да работи да ги задоволува постојаните и потенцијалните потрошувачи.

post

Претприемнички Менаџмент – 10 Чекори

Отсекогаш постоела потребата претприемачите да имаат менаџерски активности, а во исто време менаџерите да превземат претприемнички активности. Овој тип на менаџмент, наречен претприемнички менаџмент е потребен и кај малите биниси и кај големите корпорации. Проблемот постои кај големите корпорации каде се јавува потреба од претприемнички дух кој ќе се бори со бирократскиот потенцијал во комапнијата. Кога еден стартап бизнис поминува во наредните фази од животниот циклус на бизнисите, растот на бизнисот е незибежен и поради тоа се јавува потреба од менаџмент.

Претприемачите се поврзани со зборовите како што се ризик, промена, недостаток на време, сонувачи, среќа… Но, сите овие зборови се сосема спротивни од зборот менаџмент.

Патување на еден Претприемач

Да поминеме набргу низ еден пат на еден претприемач:

  • Започнување на бизнис – Претприемач. Во оваа ниво од претприемничкиот пат претприемачот е превземач на ризик, иноватор, сонувач, стимулатор на промени… Тие немаат време за формализација и планирање на секој следен чекор кој како претприемачи треба да го превземат. Единствената работа за која се грижат е успехот на нивната идеја – бизнисот. Тие немаат време да ги менаџират сопствените и активностите на нивните вработени бидејќи се зафатени со желбата да го променат изгледот на светот со нивните идеи.
  • Мал Раст на Бизнисот – Претприемнички Менаџмент. Ова е периодот кога започнувањето или стартап периодот завршува и бизнисот започнува да расте. Во овој момент еден претприемач е сеуште сонувач, превзема ризик, стимулира промени и иновира. Како и да е, во исто време мора да бидне и менаџер. Во овој дел од патот тие имат се повеќе и повеќе вработени и поради тоа се јавува потребата од менаџментот. Но, оваа е ситуација кога еден претприемач може да ги контролира сите бизнис активности. Ова е претприемнички менаџмент.
  • Голем Раст на Бизнисот – Менаџер. Во овој дел од патот растот на бизнисот не може во целост да биде контролиран од претприемачот. Се јавува голема потреба од менаџирање во самиот бизнис. Важноста на иновација не е намалена, но еден претприемач не може да иновира и во исто време да менаџира со целиот бизнис. Оваа ситуација се нарекува претприемничка дилема бидејќи еден претприемач мора да избира помеѓу два различни патишта за неговата улога во бизнисот во иднина.

Кога е Вистинското Време да се Започне со Претприемнички Менаџмент?

Вистинското време за започнување со менаџирањето како надополнување на претприемничкиот дух во бизнисот е кога ќе се појави некој од следниве индикатори:

  • Бизнисот започнува да расте.
  • Бизнисот има повеќе вработени.
  • Се јавува потреба од мотивирање.
  • Се јавува потреба од контролирање.
  • Се јавува потреба од воспоставување на правила и процедури.
  • Се јавува потреба од екипирање.
  • Се јавува потреба од организирање.

Доколку еден или повеќе од овие индикатори се појават тогаш ние како претприемачи мораме веднаш да започнеме да размислуваме за имплементација на менаџментот.

10 Чекори до Претприемнички Менаџмент

10-те чекори кои се потребни за имплементација на претприемнички менаџмент се:

Чекор 1: Откривање на вистинското време за да се започне со менаџментот.

Чекор 2: Започни со делегирање на задачи кои не се значајни за растот на бизнисот.

Чекор 3: Започни да размислуваш како менаџер.

Чекор 4: Изготви правилници.

Чекор 5: Започни со организирање.

Чекор 6: Воспостави систем за контрола.

Чекор 7: Мери ја ефикасноста и ефективноста.

Чекор 8: Стимулирај ја иновацијата не само од тебе туку и од твоите вработени.

Чекор 9: Размислувај за стратегии и планови.

Чекор 10: Фокусирај се на промени и менаџирање во исто време.

post

10 Грешки кои Мора да ги Избегнете во Вашиот Бизнис

Секојдневно правиме грешки. Понекогаш грешките се добредојдени бидејќи од нив ќе извлечеме поука и ќе научиме нешто. Како и да е ова се базира на нашата способност да учиме од грешките. Постојат луѓе, па и претприемачи кои постојано влегуваат од грешка во грешка и тоа истите грешки се повторуваат. Иако општо е познато дека најдоброто учење е од грешките кои ќе ги искусиме. Постојат и грешки кои навистина можат да бидат фатални за нашиот бизнис и за нас како претприемачи. Тие грешки мора да се избегнат. Затоа изготвив една листа за грешки кои можат да бидат фатални за секој бзинис, а лесно можат да се избегнат.

Грешка Број 1: Нашите Ограничувачки Верувања Преовладуваат при Донесување на Одлуки

Понекогаш имаме ограничувачки верувања кои можат да влијаат негативно на процесот на донесување на одлуки. Доколку ги базираме нашите одлуки на тие ограничувачки верувања ќе направиме грешки кои може да имаат фатални последици за нас како претприемачи и за нашиот бизнис.

На претприемач веќе пишувавме за ограничувачки верувања. Ограничувачки верувања се наши лични верувања за нешто што сметаме дека е точно, но понекогаш тоа нешто не е точно. Добар блог напис за ограничувачки верувања може да се прочита на Steve Pavlina Personal Development Blog каде тој наведува:

Повеќе наши ограничувачки верувања се инсталирани во текот на нашето детство, но тоа не е секогаш случај. Моделот е дека Вашиот мозок црпи погрешни претпоставки базирани на еден или повеќе специфични настани. Тој распределува сомнителни значења за тие настани и тие интерпретации Ви ги намалуваат способностите. Како резултат на тоа Вашиот мозок ве блокира во превземање на одредени акции, иако тие акции може да бидат соодветен и интелигентен избор во тој момент.

Процесот на донесување на одлуки мора да биде ослободен од овие типови на верувања и мора да се базира исклучиво на силна анализа на проблемот и избор на оптималното решение.

Грешка Број 2: Не Спроведуваме Истражување на Пазарот

Секој бизнис егзистира на одреден тип на пазар. На пазарот бизнисот не е сам. Таму се потрошувачи, конкуренти и други ентитети кои на некаков начин имаат влијание на бизнис одлуките и бизнис одлуките имаат влијание на нив. Претприемачите мора да спроведуваат маркетинг истражување и тоа не само едно истражување туку постојано. Без истражување на пазарот кој би ни дал прецизни информации од пазарот, постои ризик ограничувачките верувања да преовладеат во процесот на донесување на одлуки (претходната грешка).

Грешка Број 3: Не Користиме Бизнис План

За некои бизниси оваа грешка може да биде фатална, но за некои бизниси кои ја нагласуваат инвенцијата на прво место може да биде губење на време. Во однос на оваа прашање можете да прочитате за опасности во стилот планирај го твојот бизнис план. Како и да е потребата од бизнис план е очигледна за сите типови на бизниси само формата на бизнис планот е различна. Некои бизниси губат значително време на формализација на својот бизнис план и оваа е карактеристика за бизнисите кои сакаат да привлечат свежи финансии за развој на бизнисот. Како и да е, она што е потребно за бизнис развојот иоптимална работа е бизнис план во форма на блупринти кои ќе претставуваат патоказ за успехот на бизнисот. Тоа барем е едноставно.

Грешка Број 4: Не Нудиме Upsale

Upsale претставува одличен начин за зголемување на профитабиноста. Вашиот бизнис веќе прави продажба, но зошто да не направи уште некојапродажба дополнително. Ова е едноставно продажба на уште нешто како надополнување на оние производи или услуги кои веќе се продадени. Секој Upsale ќе го зголеми нашиот профит. Потребно е да се прашаме за едно едноставно прашање: Зошто да ги оставиме парите на масата? Доколку Вашата просечна родажба е 1.000 денари и имаме 200 купувачи и понудиме Upsale производи за 500 денари со стапка на коверзија на Upsale од 10% ќе имаме дополнителен приход од 20.000 денари (20 купувачи по 1.000 денари). Погледнете ги само големите компании како McDonalds или пак Amazon кога купувате книги.

Грешка Број 5: Не се Обидуваме да ја Повториме Продажбата

Понекогаш ние како претприемачи сме особено фокусирани на изнаоѓање на нови потрошувачи и забораваме да ја повториме продажбата со тековните потрошувачи. Трошоци за наоѓање на нови потрошувачи се многу поголеми отколку трошоците за повторување на продажбата со тековните купувачи. Магијата на успешните бизниси е секогаш да имаат повторувачки продажби со тековните купувачи и секогаш да бараат нови купувачи за раст на бизнисот.

Грешка Број 6: Не се Обидуваме да ја Зголемиме Стапката на Конверзија на Нашата Продажна Инка

Ова задача е една од задачите кои мораме да ја имаме во секојдневните наши бизнис активности како претприемачи. За продажната инка можете да прочитате повеќе во следниве написи:

Поголема стапка на конверзија – поголема продажба, а со тоа и поголем профит. Доколку имаме 10% стапка на конверзија зошто да немаме 11, 12 или пак 15%.

Грешка Број 7: Не се Обидуваме Нашата Продажна Инка да Биде Постојано Полна

руга важна работа околу продажната инка е секогаш влезот да биде полн со свежи потенцијални потрошувачи кои може да бидат конвертирани во купувачи. Доколку секогаш пошироката страна на продажната инка ви биде полна секогаш ќе имате купувачи за Вашиот бизнис.

Грешка Број 8: Не Користиме Социјални Медиуми како Дел од Маркетинг Стратегија

Не постојат индивидуалци ниту бизниси кои не се присутни на одреден тип на социјални медиуми. Социјалните медиуми имаат огромен птенцијал за бизнисите и ќе имаат уште поголем во иднината. Поради тоа наша грешка ќе биде доколку се обидуваме да избегаме од оваа нова реалност и не започнеме да ја градиме нашата присутност во најважните социјални мрежи за нашиот бизнис.

Грешка Број 9: Сакаме да Избегаме од Технологијата

Технологијата е нешто што не може да се следи едноставно поради промените кои се појавуват во секоја секунда. Како и да е, технологијата е нешто што може да го подобри секој аспект на бизнисот и животот на претприемачот, иако бизнисот не е во некоја технолошка индустрија. Една од грешките на претприемачите е избегнување на новата технологија поради страв од промени.

Грешка Број 10: Не го Подобруваме Нашиот Бизнис на Секојдневна Основа

Можностите за подобрување се бесконечни. Во секој аспект на бизнис работењето може да се најде нешто што може да се изведе подобро. Избегнување на подобрувањата може да го запре развојот на бизнисот. Ова грешка исто така може да биде поради страв од промените.

post

Фактори кои Претприемачот го Прават Успешен Претприемач

Претприемач може да биде успешен претприемач, но и неуспешен. Почесто можат да се сретнат неуспешни претприемачи отколку успешни. Тој процент е многу мал на успешноста и може да се движи од 1% до 2% од претприемачите кои што направиле обид да се занимаваат со оваа професија.

Поради овој факт од некои мои практични искуства како и од теоретските искуства на едни од попознатите светски бизнис консултанти (не универзитетски) направив една листа од 10 фактори кои влијаат или пак можат да влијаат на успешноста на претприемачот која не значи и дека е конечна. Освен тоа изготвив и една анкета на која можете да се вклучите со давање на Ваш придонес да се определи најважниот фактор во наши Македонски услови. На анкетата можете да пристапите преку: Анкета за анализа на фактори кои го прават претприемачот успешен.

Постојат многу елементи кои еден претприемач го прават успешен претприемач. Но, самиот спој на тие елементи во една комплетна личност навистина е невозможен. Целосна подршка давам на мислењето на Исак Адижес дека не постои уникатен склоп на елементи во еден човек кој ќе направи чудо во еден бизнис. Сепак се се врти повеќе околу тимот со кој се изведуваат бизнис активностите и склоп на тие различни елементи во различни членови на самиот тим.

Претприемач – Одлучувачки Фактори

Накратко ќе ги набројам овие одлучувачки фактори кои се опфатени во самата анкета во која постои можност да додадете и Ваш фактор по Ваше сопствено мислење и убедување. Подетално ќе ги опфатиме и анализираме по затворање на анкетата во еден посебен блог напис на претприемач.

Како 10-те клучни фактори ги избраве следниве:

  • Интелигенција
  • Талент
  • Знаење
  • Вештини
  • Истрајност
  • Среќа
  • Спремност да се работи 60, 80 или пак 100 часа неделно
  • Креативност
  • Врски
  • Искуство

Забележувате дека во оваа листа имам опфатено и фактори кои универзитетите или пак бизнис училиштата не ги анализираат а тоа е среќа и врски. За врските не треба ни да потенцираме колку претставуваат важен фактор во секој бизнис или пак во секоја сфера на нашето општество.

Посебно ќе ги опишеме и разработиме сите овие претприемнички фактори како и оние кои ќе ги наведете според Вас дека се најважни а ги нема опфатено во самата листа. Можете да дадете повеќекратни одговори односно да ги изберете сите, или пак да изберете повеќе од листата и да наведете плус некој од Вас. Повторно, до анкетата можете да пристапите преку следниов линк:

Анкета за анализа на фактори кои го прават претприемачот успешен

Се надевам дека и Вие ќе земете активно учество споделувајќи го Вашето мислење, знаење и искуство за оваа значајно прашање за претприемачите.