post

За важноста во вашиот работен ден…

Ако земеме да го анализираме нашиот просечен работен ден ќе видиме дека работиме се и сешто. Важно и неважно. Интересно и неинтересно. Корисно и некорисно. Ургентни и неургентни.

Кога ќе го сместиме сето тоа во еден просечен ден на еден лист хартија ќе видиме колку многу хаотичен е тој наш еден ден.

Сето тоа “не” треба да се отфрли. Да започнеме со важноста која треба да не насочи само на оние најважните разботи за нас.

Овој наслов има за цел да ве поттикне да размислите за некои прашања, а не да ви даде решение за вашите проблеми околу важноста. Решенијата се уникатни за секој од вас и во целосна одговорност на вас самите.

Па, што мислите за вашите одговори на следниве прашања?

  • Кога ме контактира некој преку било кое средство за комуникација, дали темата е важна за мене, за него или двострано?
  • Кога еден од моите вработени влегува во мојата канцеларија со прашање, дали прашањето е важно за мене, мојот бизнис, за мене и мојот бизнис или само за поставувачот на прашањето.
  • Кога седнувам да работам на мојата “да направам” листа колку од задачите се важни за мене, а колку се важни за некој друг?
  • Кога мојот бизнис го контактира потенцијален купувач, колку тој купувач е важен за бизнисот, и колку вредат напорите за негово интегрирање во продажната инка?
  • Кога се наоѓам на состанок, колку од темите на агендата се важни за мене како еден претприемач, а колку се важни за останатите учесници на состанокот?
  • Колку јас самиот си го губам времето, а колку некој друг го губи моето време?

Важноста е значаен елемент во еден твој претприемачки живот. Дали си целосно фокусиран кон најважното за тебе или кон најважното за другите?

Добро е да размислиш, а одговорите ќе те доведат до можни решенија на некои проблеми или пак до можни идни активности заради подобрување. Но, подобрување кое ќе го подобри твојот живот.

post

Да се сработи или да не се сработи?

Ви се случуваат ли ситуации кога треба да одлучите дали мора да сработите нешто или не во моментот?

Ова е веројатно една од најтешките одлуки која треба да ја донесете во вашиот работен ден.

Вие знаете дека постојат многу работи кои морате да ги сработите во еден ден, но работите едноставно се случуваат околу вас и без да ги планирате, па затоа и ќе се најдете во ситуација да треба да ја донесете таа тешка одлука. Ќе мора да се организирате, или поточно реорганизирате некако.

Понекогаш имате извонреден план, и “да направам” листа за денес, а ви се јавува партнерот кој ви кажува дека постои одлична можност за вашиот заеднички бизнис. Но, веќе ја имате “да направам” листата која ви го предвидува целиот ваш ден. Што ќе направите? Ќе оставите ли се и ќе скокнете во можностите за кои вашиот партнер ви се јавил?

Зошто ми се случува ова?

Еден едноставен одговор на ова прашање е дека вие сте личноста која овозможува да се случи вакво нешто. Доколку не добивте повик во моментот кога работите нешто нема да имате таква дилема.

Од друга страна, ако примањето на повици од вашиот партнер е нешто со најголем приоритет на вашите активности тогаш немате дилема, едноставно треба да прекинете со се и да го направите тоа што вашиот партнер ви го кажал.

Но, шта ако повикот е од други лица? Што ако добиете електронска пошта? Што ако добиете порака на Facebook?

Сето тоа е возможно бидејќи едноставно немате систем кој ќе ги елиминира сите можни одвлекувања на вниманието кога работите на вашата “да направам” листа, каде најверојатно (а би требало) да имате само важни работи за сработување денес.

Но, повторно постои и другата страна на тунелот. Доколку оставите се и едноставно се “фрлите” на нови приоритети, најверојатно вие немате високо-приоритетни задачи на вашата “да направам” листа.

Во било кој од случаиве ќе ви требаат промени во вашиот систем, мора да го подобрите.

Дали навистина треба да оставите се?

Првото прашање што логично треба да ви дојде на ум е прашањето: дали треба да оставите сè на што работите во моментот и да започнете со она другото кое е поприоритетно? Откако веќе нешто се случило, ќе треба да направите нешто. Треба да одлучите да направите нешто или да не правите ништо.

Решението на овој проблем е да се има способност за брза приоритизација што е следното нешто што треба да го направите. Со системот на приоритизација, ќе можете брзо да одлучите што е најдобро за вас.

Ако повикот од вашиот партнер е навистина висок приоритет и со поголем приоритет од сè друго на вашата “да направам” листа тогаш ќе можете едноставно да се одлучите да оставите се и да скокнете во нова насока на вршење на работите.

Понекогаш тоа може да биде многу неуредно за остатокот од вашиот работен ден, но повторно, вие сте лицето што овозможило да се случи ова.

Како да ја избегнете дилемата?

Ако одлучите да ги напуштите своите планови за денес, и почнете да правите нешто ново што доаѓа до вашиот ум без некакво планирање, навистина ќе ви создаде хаос во работата. Задачите закажани за денес ќе бидат одложени, се друго ќе доцни за постигнување. Ќе треба да останете повеќе на работа, ако сакате да го завршите она што било планирано за денес.

Наједноставно решение е да се избегне една таква ситуација. Но, прашањето е како?

Еве неколку идеи како може да се подобри и избегне дилемата за да се направи нешто или да не се направи.

  • Вашата “да направам” листа треба да има јасна разлика помеѓу задачи со висок приоритет и низок приоритет. Ако знаете што е висок приоритет за вас и започнете да работите на тие задачи ќе знаеш дека за сè друго нема потреба од вашето внимание.
  • Кога работите на задачите со висок приоритет елиминирајте го секое можно одвлекување на внимание кое може да се случи. Бидејќи што веќе знаете дека било што друго не смее да ви го одвлекува вниманието кога ќе работите на вашите задачи со висок приоритет можете едноставно да имплементирате систем со кој ќе елиминирате се што може или би можело да го одземе вашето внимание од работата. Тоа значи да се работи без телефони, без е-пошти, без социјалните медиуми, без можности за некој да влезе на вашата врата…
  • Кога ќе завршите со задачите или активности со висок приоритет тогаш ќе можете да ги проверите сите претходно исклучени одвлекување на внимание. Никогаш не е доцна да скокнете во друга високо приоритетна задача, но само откако ќе ја завршите секоја приоритетна задача закажана за денес. Ниско приоритетните задачи можеат да се завршат и утре, а најдобро е да како еден претприемач воопшто не се замарате со нив.
post

Зголеми ја продуктивноста со следниве 5 Google Chrome апликации

Денес нашата работа во голем дел се базира на компјутери. Но, сепак сакаме да ја зголеми продуктивноста вршејќи си ја нашата секојдневна работа.

Дел пак од работата на компјутер се базира на интернет. Со најновите случувања во cloud технологијата, целосно можеме да си ја работиме нашата работа во голем дел без десктоп апликации.

Поради тоа, кога треба да бидеме попродуктивни, можеме да искористиме некоја од повеќето алатки за продуктивност што можеат да ни помогнат во нашите напори.

Денес сакам да споменам пет Google Chrome апликации кои имаат потенцијал да ја одиграат улогата на зголемувачи на продуктивноста додека работиш на интернет.

1.  Google Popchrom

Google Popchrom

Доколку вашата работа се базира на пишување на текст во интернет прелистувачот можете да ја користите оваа алатка за да креирате сопствени кратенки за одредени секојдневни текст фрази кои ги користите. Секој пат кога ќе треба да се напише таа фраза, ќе можете да ја напишете кратенка, наместо целата фраза.

2. Read Later Fast (Веќе ја нема за Google Chrome)

Read Later Fast

Денес кога го користиме интернетот за да прочитаме многу нешта. Понекогаш може да се најде нешто вредно да се прочита, но едноставно немаме време. Едно од решенијата е да се има отворен посебно јазиче за страната која што сакате да ја прочитате подоцна кога ќе имате време за читање. На таков начин, можете да се најдете со еден куп на отворени страници за подоцнежно читање кои едноставно ја забавуваат работата.

Со ваква апликација можете да ги сочувате страниците за да ги прочитате подоцна онлајн, или офлајн избегнувајќи премногу отворени јазичиња.

Бидејќи за Google Chrome веќе ја нема апликацијава можете да пробате некои замени како што е Pocket или пак едноставно нешто што минатата година најмногу го користев Instapaper.

3. StayFocused

Stay Focused

Колку пати сте се нашле себе си да седнете на компјутерот да почне да работите, а во исто време, проверувате Facebook, Twitter, електронска пошта, вашиот RSS читач… Кога ќе станете свесни за примарната работа која што треба да ја направите, ќе видите дека веќе поминале неколку часа.

Оваа алатка за продуктивност е една екстензија на Google Chrome, која ќе ви помогне да останете фокусирани на она што треба да се направи, така што ја ограничува количината на времето која можете да го потрошите на сајтови кои што ќе ги определите како некои кои бесцелно ви го одземаат времето.

4.  HootSuite

Hootsuite

Ако сакате да останете фокусирани, да се организирате и да управувате со различни активности на различни социјални медиуми, ова апликација ќе ви помогне многу. Можете да ги ажурирате вашите статуси и да распоредите објави за во иднина.

5. Google Calendar Checker

Google Calendar Checker

Ако користите Google Calendar за да го организирате вашето време и активности, оваа апликација ќе ви помогне многу.

Со помош на оваа апликација можете лесно да го видите одбројувањето до вашиот следен ангажман директно од вашиот интернет прелистувач.

post

Како да започнеш со она што треба да го направиш?

Попродуктивно лице е лице кое го сработува сето она што сака да го сработи во најкраток временски период. Првиот чекор кој треба да го направите ако сакате да бидете попродуктивни е да започнете да го правите она што сакате да го правите.

Многу пати се наоѓам себеси како ја отворам to-do листата за денес за да започнам да ги извршувам работите што сум ги ставил на таа листа, а во меѓувреме ги проверувам социјалните медиуми, проверувам мејлови и проверувам било што друго со што ја ставам to-do листа на друга страна.

Сте се нашле ли во ситуација кога имате многу нешта кои што треба да ги сработите, но тие не можат да бидат сработени едноставно затоа што не ги ни започнувате?

Сте се нашле ли во ситуација кога сакате да започнете нешто, но не знаете од каде да почнете?

Ако сакате да бидете попродуктивни и на крајот на денот да имате завршно се што сте планирале, треба да започнете со вршење на тие работи. Планови без акции нема да ве направат попродуктивни, и што е уште поважно таков план не придонесува да ги постигнете саканите цели.

Како да започнете со она што сакате да почнете да го работите сега?

Подолу е една листа на 14 работи што можете да ги направите токму сега за да се успеете во започнувањето на работите кои сакате да ги завршите.

  1. Важно е да се започне со чистење на вашата to-do листа. Кога ќе погледнете дека првата задача е готова, тоа ќе ве поттикне да продолжите со следните активности од листата.Голема листа полна со задачи прави чувство на одбивност или страв. Доколку мислите дека можете брзо да завршите што повеќе можни ставки од листата завршете ги најлесните, иако тие не се и најважни.
  2. Мора да бидете мотивирани за задачите од листата.Единствената движечка сила за да почнете да правите нешто со to-do листата е да бидете исклучително мотивирани за да ги направат сите задачи кои се наоѓаат на неа. Без мотивација, постојано ќе се одложува работата на листата.Затоа, бидете сигурни дека сето она што може да биде дел од вашата to-do листа е нешто што ќе ве мотивара и ќе има директна корист за вас.
  3. Имајте кратка to-do листа. Долгите to-do листи практично секогаш се игнорираат и поради тоа нормално и не се сработуваат.Тие се страшни за вас, и едноставно најлесен начин е да ги игнорирате, или едноставно ги одложите изнаоѓајќи различни причини.
  4. Ви требаат задачи базирани на вашите јасни цели.Дали сакате задачи кои не се базирани на вашите цели? Веројатно нема да сакате ваков вид на задачи. Како и да е, кога ќе имате јасни цели и задачи кои треба да се извршат поради остварувања на тие цели, најверојатно веднаш ќе почнете со работа за да ги завршите.
  5. Обврзете се за извршување на вашата to-do листа.Вие не може да ги постигнете вашите цели без соодветна посветеност за нивно постигнување. Освен тоа, нема ни да започнете со работа без да бидете обврзани некако за да преземете нешто. Доколку се обврзете да го сторите она што сакате да го направите, ќе почнете да работите на тоа.Обврзувањето може да биде различно, но понекогаш јавно обврзување на нешто може да биде добра почетна точка.
  6. Бидете организирани за да ги сработувате работите. Не можете да се базирате на случајности ако сакате работите да се сработат. Потребен ви е систем. Треба да се организирате на вистински начин кој ќе ви овозможи да го направите сето она што сакате да го правите секојдневно.
  7. Користете пристап кој ве прави попродуктивни. Веројатно, веќе сте се обиделе со различни пристапи за да започнете и да ги завршувате работите. Сигурно веќе сте се обиделе со различни прилагодувања на различни пристапи, и знаете што дава резултати и што е она што не дава резултати.Едноставно користете го најдобриот пристап за вас, како стандард за во иднина.
  8. Исчистете го вашиот физички и виртуелен простор. Вашиот  физички и виртуелниот простор имаат големо влијание на вашата продуктивност. Сигурно не сакате да трошите дополнително време барајќи нешто како поддршка на вашите секојдневни активности.
  9. Користете тајмер кога работите.Понекогаш тајмерите навистина може да ви бидат корисни во сработувањето на работите.
  10. Она што можете да го направите за помалку од две минути направите го веднаш. Ова е дел од GTD системот на David Allen. Се она што може да се направи за помалку од две минути треба да се направи веднаш бидејќи не е исплатливо да се ставаат такви активности на листата.
  11. Приоритизирајте ги вашите задачи.Приоритизација може да ви помогне да започнете со најважните работи на вашата листа. Невозможно е да се сработи се во исто време. Ви треба приоритет на задачите. Приоритизацијата ќе ви помогне да започнете со правилно извршување на работите.
  12. Наградете се себе си кога ќе ја завршите задачата. Ако сакате да почнете да ги сработувате работите, ќе ви треба награда после секое сработување. Таа награди може да биде едноставна пауза од вашата работа, разговор со пријателите, излегување на кафе…
  13. Испразнете го мозокот навечер и започнете го денот фокусирани на нештата кои сакате да ги сработите. Вашиот мозок е преоптоварен со премногу информации. Секој ден информациите доаѓаат и доаѓаат до вашиот мозок. Морате да ги испразните сите тие информации и да се подготвите за тоа што сакате да го извршите утре без притисок од неважни работи.
  14. Прославете го успехот кога ќе завршите некој поголем проект. Прославувањето може да биде многу моќен мотивациски фактор за да продолжите со сработување на задачите.
post

60 Правила на продуктивност – Ажурирани и проширени

Пред две години напишав пост насловен како 50 правила за бизнис продуктивност, но дојде време за една ревизија и ажурирање на тие правила. Всушност оваа содржина првин беше преработена за My Productivity Tools.

Дали ни требаат уште правила? Дали навистина имаме потреба од правила за продуктивност?

Се чини дека имаме правила за се и сешто околу нас. Но, правилата иако може да бидат опасни за нашата креативност, кога се користат на еден лош начин, сепак може да ни помогнат да останеме на вистинскиот пат кон успешноста. Тие се нашите патобрани, кои треба да обезбедат дека се околу нас е онака како што треба да биде.

Но, што е со нашата продуктивност? Ни требаат ли правила за да бидеме попродуктивни?

Секој сака да биде попродуктивен. Секој сака да постигне повеќе, додека инвестира помалку. Секој си има свои сопствени правила кога станува збор за продуктивноста и завршување на вистинските работи на вистински начин во вистинско време.

Подолу е една листа на мои и секако правила на другите луѓе кои ги имам прашано за нивните сопствени правила.

  1. Стани порано доколку сакаш да ја зголемиш ефикасноста на твојот ден.
  2. Твојата дневна ефикасност влијае на твојата неделан ефикасност, што пак ќе влијае на месечната…
  3. Кафето нема да ти помогне да бидеш попродуктивен, твоето време е ограничено.
  4. Продуктивноста претставува завршена работа во единица време.
  5. Повеќе завршена работа во ист временски период со исти ресурси претставува зголемување на продуктивноста.
  6. Организирање претставува мајка на зголемена продуктивност.
  7. Мора да бидеш пофокусиран на твојата работа доколку сакаш да бидеш попродуктивен.
  8. Бизнис планот ја зголемува личната и бизнис продуктивност.
  9. Бизнис системите овозможуваат побрзо изведување на иста работа во ист временски период.
  10. Личниот живот влијае на бизнис животот и продуктивноста.
  11. 80/20 правило значи дека 20% од активностите прават 80% бизнис успех.
  12. Продуктивноста варира од ден во ден, од месец во месец и од година во година.
  13. Умно работење значи завршување на повеќе работа во пократок временски период.
  14. Повеќе работни часови не значи повеќе завршена работа.
  15. Напорно работење не значи дека повеќе работа ќе биде завршена.
  16. Работа со пасија значи дека ќе биде завршена повеќе работа.
  17. Уживање во она што се работи ќе помогне да се заврши повеќе работа.
  18. Инспирацијата е креатор на продуктивноста.
  19. Негативни индивидуални емоции имаат негативен ефект на бизнис продуктивноста.
  20. Бизнис продуктивноста може да ја зголеми среќата во приватниот живот.
  21. Подготовка ќе ја зголеми веројатноста на квалитетно завршување на работата.
  22. Фокусирање на посакувани резултати ќе ја зголеми веројатноста на квалитетното извршување.
  23. Секогаш ќе постојат можности за подобрување.
  24. Следење на прогресот ја зголемува продуктивноста.
  25. To-Do Листи претставуваат корисни алатки.
  26. Пронаоѓање на препреки и нивно перманентно елиминирање ќе ја зголеми личната и бизнис продуктивност.
  27. Секогаш ќе постојат неважни задачи.
  28. Аутсурсинг на неважни задачи ќе ни помогне
  29. Првин треба да се завршуваат најважните задачи.
  30. Помошта од други луѓе е секогаш добредојдена и прифатлива.
  31. Проверка на E-mail треба да е последна активност на листата.
  32. Понекогаш завршување на повеќе полесни задачи може да ја зголеми продуктивноста.
  33. Преценувањето на потребно време има негативен ефект.
  34. Одолговлекувањето ја намалува продуктивноста.
  35. Нешто што може да се заврши денес не треба да се остава за утре.
  36. Бизнис продуктивноста се засновува на продуктивноста на вработените.
  37. Физичкото опкружување ќе влијае на продуктивноста.
  38. Бизнис продуктивноста зависи од способноста на претприемачот и менаџерите, а не од способноста на вработените.
  39. Кратка пауза ќе ја подобри личната продуктивност.
  40. Освежување на мозокот ни дава дополнителна енергија.
  41. Прифаќање на критицизмот овозможува подобро завршување на работата во пократок временски период.
  42. Одвлекување на вниманието има негативен ефект на продуктивноста.
  43. Вистинска информација, во вистинско време, кај вистинската личност ќе помогне да се заврши повеќе работа.
  44. Времето може да се раздели на семејно и бизнис време.
  45. Не може да ја зголемиш количината на твоето време, но може да го менаџираш во однос на тоа како го користиш.
  46. Учење од други бизниси ќе ни помогне да ги избегнеме нивните грешки.
  47. Стресот има негативен ефект на продуктивноста.
  48. Прославување на успехот со вработените ќе ни даде дополнителна потенцијална енергија.
  49. Самодовербата е важна.
  50. Проактивност, а не реактивност е основа за успехот.
  51. Дневните рутини ја зголемуваат продуктивноста, но ја намалуваат креативноста.
  52. Бележниците се важни кога нешто важно ни доаѓа во умот.
  53. Нормално е понекогаш да работите да не се движат онака како што треба.
  54. Технологијата е тука за да ти помогне.
  55. Не ја избегнувај новата технологија.
  56. Не плаши се доколку не знаеш како да користиш нешто.
  57. Се може да се научи.
  58. Се може да се систематизира.
  59. Се може да се подобри.
  60. Се може да се поедностави.
post

Мора да знаеш што треба да направиш

Цитати кои вреди да се потенцираат

Цитати кои вреди да се потенцираат

Денес живееме во свет во кој преовладуваат информациите. Секојдневно сме бомбардирани со различни информации за се.

Веројатно читаш на интернет и користиш RSS читач. Се обидуваш да прочиташ колку што може повеќе пораки на Twitter или Facebook статуси. Сега тука е и Google+, повеќе конекции, повеќе споделувања, повеќе конверзации…

Добиваш различни email пораки. Некои од нив ти продаваат нешто. Некои сакаат да купат нешто од тебе. Некои сакаат да те едуцираат, а некои едноставно сакаат да навлезат во конверзација со тебе. Веројатно, добиваш премногу email пораки на дневна основа.

И на сето тоа, на твојата маса може да се видат различни извештаи, различна хартија, различни книги…

И сето ова е само еден мал дел од секојдневието на еден модерен претприемач. Како да се справиш со се околу тебе, а има многу работи за справување?

Некои од тие работи се бескорисни. Некои се користни или може да бидат корисни во иднина иако сега за сега не се.

Во еден од претходните наслови како Evernote и GTD систем го најавив преку еден дијаграм еден од најпознатите системи за продуктивност во светот кој во последниве неколку месеци се обидувам да го имплементирам, притоа користејќи разни помошни алатки во имплементација.

Тука би сакал да споделам еден цитат кој е во согласност со тој систем на продуктивност и кој може да помогне да направиме некој ред во целосно неорганизираниот свет околу нас.

You Need to Know What You Need to DoLike this graphic? Get more productivity tips from My Productivity Tools.

post

Систем за продуктивност кој ќе го смени твојот живот

Постојат повеќе системи за продуктивност. Минатата недела веќе споменав еден, GTD во постот насловен како Evernote и GTD.

Но, кога го гледаме тој дијаграм на тек за GTD сепак недостасува нешто пред започнување на собирање на разни работи околу нас и нивно организирање за извршување. За имплементација на GTD во најголем дел го користам Evernote. Може слободно да се каже дека GTD ни дава одговор повеќе на како да ги организираме работите, без притоа да навлезе детално во она што треба да работиме, дали треба да го работиме она што го работиме и дали е тоа вистинското за нас.

Затоа, сметам дека секој треба да има своја листа на желби. Што е она што посакува да оствари? Тука се крие мотивацијата, тука се крие движечката сила на она што треба да се направи, дури и да се паѓа на тој пат. Листа со желби ќе поттикне да се кренеме и да продолжиме.

Подолу е еден график за еден едноставен систем кој го креирав за целите на еден друг проект My Productivity Tools кој го започнав пред десетина дена.

The Wish, Will and Start Doing Productivity System
Like this graphic? Get more productivity tips from My Productivity Tools.

post

Evernote и GTD

Evernote Организирање и завршување на работите е основа за успешност на еден претприемач. Но, проблемот е што имаме многу идеи, многу задачи, многу проекти, многу материјал за читање, проучување…

Од друга страна развојот на интернетот си зема свој данок. Не прави премногу неорганизирани, ни врши притисок да прочитаме повеќе, да разгледаме повеќе, а работата заостанува.

Како што најавив, на претприемач ќе споделувам различни начини на напредно користење на Evernote. Денес сакам да започнам нешто што можеби сеуште не ми е завршено, но сепак ги поставив основите и бенефитите веќе се согледуваат.

Како еден од начините за што го користам Evernote e и организација на онлајн и електронски докумени и како организатор за моите задачи. До пред некој ден системот кој го користев започна да ме “нервира”. Се преполни, и наместо да ми помогне во скратување на времето почна да ми одзема повеќе време. Во моментов мојот акаунт содржи 1240 нотеси во разна форма кои сеуште не се процесирани. Доколку ги групирам тоа би биле:

  • Нотеси од веб сајтови
  • Нотеси за она што треба да завршам
  • Нотеси со разни идеи

Се случува да прочитам нешто квалитетно и да имам идеја да преземам нешто врз база на тоа. Таа веб страна ја ставам во Evernote за подоцна да постапам по тоа. Но, тука и завршува целиот процес, честопати.

Затоа одлучив да го сменам во целост системот кој го користам и по проучување на GTD (Getting Things Done) системот од David Allen сфатив дека во моментов е единственото и најнапредното решение, кое не само што ќе го применам на компјутер, туку и за мојата канцеларија.

Сеуште трае имплементацијата на системот, сепак 1240 нотеси не е лесно да се испроцесираат и досега неорганизирани да се организираат. Но, напредокот е видлив. Затоа тука само ќе го споделам работниот тек на системот, без дополнителни коментари.
post

Како да го користите Evernote во вашиот бизнис?

Еден мал бизнис, и секако еден претпримач можат да го користат Evernote како една централна алатка во бизнисот.

Evernote

Во изминатиот период опфативме неколку наслови за некои идеи за користење на Evernote за целите на бизнисот кои беа резултат на мои лични искуства со алатката. Се поголемото користење ме натераат да се префрлам на платената верзија со што добив поголем простор за месечни белешки, како и индексирање на pdf фајловите кои ги ставам во нотесите. Тие pdf фајлови се резултат на некои делови од книги кои ги скенирам и префрлам во мојот систем на белешки.

Продолжи…

post

Како да го намалиш времето кое не додава вредност во 5 минути

Намалување на активности кои не додаваат вредност - Продуктивност Колку време дневно трошиш на активности кои додаваат вредност на твојот бизнис?

Или пак можеби подобро е прашањето да гласи: Колку време трошиш на активности кои не додаваат  вредност?

Како еден претприемач, мора да бидеш попродуктивен. Мора да го подобруваш бизнисот во сите можни аспекти кои ќе ти дадат најдобри резултати, или најдобар повраток на инвестиција во форма на пари, енергија или време.

Доколку се фокусираш во креирање на поголема вредност, ќе бидеш и подобар претприемач.

Да разгледаме еден процес кој ќе ти овозможи да го намалиш времето кое не додава вредност во 5 минути.

Минута #1: Направи листа на сите активности во еден просечен бизнис ден

Направи една листа која ќе ги содржи сите твои задачи во еден просечен бизнис ден кои треба да ги завршиш или едноставно вообичаено ги завршуваш.

Може да внесеш се како што е состанок со вработени, проверка на е-пошта, одговор на телефон, склопување договори…

Стави колку што можеш задачи на листата, оние кои ги навистина ги работиш, не размислувај за било што друго, едноставно напиши ги.

Минута #2: На секоја активност додади знак кој ќе означува додава вредност или не додава вредност

Сега, кога имаш листа, и веќе знаеш како го трошиш времето, едноставно може да ги поминеш повторно сите активности во втората минута и да ги означиш оние кои додаваат вредност различно од оние кои не додаваат вредност.

Минута #3: Разгледај ги сите активности кои не додаваат вредност и избриши ги оние кои не се потребни

Во третата минута, ќе треба да ги провериш сите активности кои не додаваат вредност а останаат по првото бришење. Секогаш ќе најдеш некои активности кои не се важни или едноставно немаат некое значење за твојот бизнис.

Доколку немаат значајност за твојот бизнис, едноставно избриши ги и нив.

Минута #4: Разгледај ги сите останати активности кои не додаваат вредност, а за кои сметаш дека мора да се изведат и делегирај ги

Сега, твојата листа е составена со важни активности кои додаваат вредност и активности без многу големо значење во додавање на вредност, но мора да се спроведат заради нормално функционирање на бизнисот.

Едноставно, твојата четврта минута од процесов ќе биде да се “отарасиш” од сите преостанати активности кои не додаваат вредност преку делегирање на некој од твојот тим. Ти си претприемач, и твојата задача е да се фокусираш на активности кои додаваат вредност во твојот бизнис.

Минута #5: Уште еднаш провери што останало и финализирај ја листата

Твојата листа сега содржи само активности кои додаваат вредност. Иако е така, сепак нема да изгубиш ништо доколку и последната минута ја потрошиш за уште една проверка на листата. Можеби ќе најдеш дека нешто е заборавено и треба да се додаде на листата. Може да забележиш и дека некои од активностите кои додаваат вредност не се толку важни и може да се делегираат.

Целта на последната минута е уште едно конечно прочистување на листата, бидејќи доколку е предолга нема да гарантира успех, бидејќи едноставно нема да можеш да постигнеш се.