post

Парабола на Варена Жаба – Во Бизнисот Не е Пожелно!

За парабола на варена жаба во бизнисот за првпат прочитав во книгата „Пета Дисциплина“ на Peter Sengi. Ова е еден ефект кој е чест во бизнисот и кој може да има лоши последици. За парабола на варена жаба веќе пишував на две места. Прво во намалување на залихи пат кон поголема ефикасност каде напишав:

…Но, трагично е што овие проблеми од срана на претприемачите не се гледаат затоа што со залихи се си функционира како што реба и се е под конец. Па, во ваков случај може да се појави ефект на варена жаба (жабата ќе се свари и ќе умре доколку полека ја загреваме водата и стигнеме до температура на вриење, додека ако ја ставиме во зовриена вода таа ќе се изгори и ќе скокне, но сепак ќе преживее). Тоа е затоа што малте ситни проблеми често ги занемаруваме и подоцна не чинат многу и во краен случај клуч на бизнисот.

Второто место каде што пишував за парабола на варена жаба е значајноста на навремено откривање на извори на организациски промени каде малку поопширно ја опишав параболата на варена жаба:

Значајнста на навремено откривање на изворите на организациските промени ја прикажува Peter Senge во неговото дело Пета дисциплина (The Fifth Discipline: The art and practice of the learning organization). Тој ненавременото откривање на изворите (причините) на организациските промени го споредува со парабола на „варена жаба“. Senge опишува дека кога ќе ставиме жаба во врела вода таа веднаш ќе се обиде да излезе од садот во кој се наоѓа водата, но доколку во садот има вода со собна температура, жабата ќе остане во садот. Ако постепено ја зголемуваме температурата на водата на 20 до 25 оC жабата нема да реагира и дури ќе покажува знаци на задоволство и удобност. Со понатамошно покачување на температурата, на жабата ќе и биде се потопло и потопло, но нема да реагира се додека веќе не биде во состојба да реагира и ќе се свари. Senge вели дека ова се случува заради тоа што жабата има внатрешен детектор на закани кој е подесен на ненадејни крупни проблеми. Слично може да се случи и со бизнисите (организациските системи) кои постојано се наоѓаат под одредено влијание на околината. Доколку во околината се случат крупни проблеми претприемачот ќе возврати со организациски промени со кои ќе избегне да тие промени во околината влијаат негативно на работењето на неговиот бизнис. Но, доколку промените во околината се постепени и постојани, претрпиемачот нема да одговори на истите закани се додека не сфатат дека веќе е предоцна да се стори нешто за опстанок.

Секогаш во животот ги забораваме оние малите ситните промени во нашата околина. При промена на годишните времиња од топло време во студено доколку температурата полека се намалува нашиот организам многу поспоро ќе ги забележува тие промени се додека не не фати настинка затоа што не сме се подготвиле за студено време. Но, доколку настапи силен студ одеднаш веднаш ќе се префрлиме на зимска облека која ќе не спаси од настинка.

Ова се случува и во бизнис светот. На пример, вашиот снабдувач полека ви ја зголемува цената. На пример првпат ви ја зголеми за неколку денари што за Вашиот бизнис и не е нешто премногу. На пример доколку Вие го продавате производот за 1000 денари и имате маржа од 300 денари 3 денари се незебележителни но сепак претставуваат 1% намалување на Вашата маржа. Си викате ОК не е ништо страшно. По неколку наредни набавки снабдувачот повторно ја зголемува цената за 3 денари. Што повторно е незабележително. Но, сега имате помалку 6 денари доколку не реагирате со покачување на цената. Но, повторно Вашата математика вели дека со продажба од 100 парчиња тоа се само 600 денари. И така, доколку истиот снабдувач продолжи со зголемување на цената се повеќе ќе се намалува Вашата маржа и може да стигне до едно ниво кога драстично ќе ви се намали профитот. Но, тогаш можеби да биде доцна.

Секој претприемач, освен следење на крупните промени во сопствената околина треба да ги следи ситните – малите промени. Бидејќи понекогаш овие мали промени по одреден период можат да бидат кобни. Исто како и во случајот со жабата. Бизнисите не се имуни на овој феномен. Ова е поради фактот што претприемачите или менаџерите на поголемите бизниси повеќе се насочени кон стратешките влијанија врз нивниот бизнис и ги забораваат малите негативни влијанија. Се сеќавате кога пишував за Kaizen дека успехот на индустријата на Јапонија се темели токму на мали секојдневни подобрувања кои во еден подолг рок носат ненадминлива конкурентска предност.

Сликата од purpleslog.
post

Организациски Промени – 8 Едноставни Чекори за Имплементација

Организациските промени претставуваат процес кој носи подобрување кај бизнисите. Тие се една и единствена константа во бизнис животот но и во животот на претприемачот. Во пракса постои размислување дека организациските промени и процесот на управување со промените претставува нешто многу тешко. Како и да е, доколку имплементирате систем кој ќе обезбеди брза имплементација на процесот на промените веројатноста од неуспех ќе биде многу помала.

Не би сакал да одам низ комплексноста на процесот на промени бидејќи таа комплексност доведува едно чувство на страв кај менаџерите и претприемачите. Кога ќе погледнете во едноставноста тогаш поедноставно е да се започне и имплементира еден таков процес.
За многу менаџери и претприемачи организациските промени претставуваат ноќна мора. Но, доколку тие (менаџери и претприемачи) се фокусирани на вистинските работи и изградат бизнис култура и организациска култура каде промените се широко прифатливи од вработените или организациските членови п-роцесот на имплементацијата ќе биде многу поедноставен.
Постојат повеќе причини за неуспешни организациски промени. Една од најчестите причини е отпорноста кон промените или отпорот кон промените. Во написот од линкот се претставени 28 фактори кои предизвикуваат отпорност кон промените. Овие фактори не се некоја измислица туку резултат од едногодишно мое истражување во однос на отпорноста кон организациските промени во 80 компании во Република Македонија. Доколку имате систем кој ќе ве информира за изворите на промените и доколку проверите дали постојат некои од факторите кои би предизвикале отпорност и ги елиминирате навремено пред започнување на процесот на имплементацијата ќе бидете на половина пат од успехот на проектот.

8 Едноставни чекори за имплементација на Организациски промени

  1. Имплементација на систем за следење на организациските промени. Најважниот дел од процесот на организациските промени е да се знае кога да се промени нешто и што е тоа нешто што треба да се промени. Доколку ги знаете вистинските предмети на промена и вистинското време и место на таа промена ќе бидете на половина пат до имплементација на успешни промени. Деловното разузнавање е процес кој обезбедува еден ваков систем.
  2. Изработка на план за имплементација на промените. Планот на процесот на имплементација на организациски промени претставува патоказ за успешен процес на промени кај бизнисите. Овој план мора да одговори на прашањата како што се: Што да се менува, кога да се менува и како да се менува.
  3. Пронајди ги можните фактори кои може да предизвикаат отпорност кон промените. Веќе го споменав написот за 28 фактори кои предизвикуваат отпорност кон промените, прочитајте го внимателно и размислете во однос на сите фактори дали има можност да се појават во Вашиот процес на промени.
  4. Намалете го влијанието на факторите на процесот уште пред имплементација на истиот. Пред да започнете со процесот на имплементација ќе мора да го намалите влијанието на факторите кои може да предизвикаат отпорност кон процесот на имплементација на промените. На ваков начин ќе го подобрите иницијалниот план бидејќи ќе добиете добри препораки од вработените и сите членови на бизнисот што би се противеле доколку нивните предлози не бидат вклучени во процесот на имплементацијата.
  5. Имплементирајте го процесот на промените. Кога ќе завршите со надминување на отпорноста кон промените можете да започнете со процесот на имплементацијата. Поминете низ сите планирани активности од чекорот 2 или ажурираниот план од чекорот 4.
  6. Прославете ја успешната имплементација. Ова е доста едноставен чекор, но сепак многу важен и честопати се заборава. Зошто е важен овој чекор? Доколку процесот на имплементација е успешен и го прославите успехот со Вашите вработени, мотивацијата за наредните процеси на промени ќе се зголеми. А, наредниот процес продолжува веднаш. Се сеќавате од почетокот дека промената е една константа во бизнис животот.
  7. Мерете ги резултатите. Мерење на резултатите е важен чекор во процесот бидејќи ќе можете да видите како процесот на промените после имплементацијата влијае на бизнис перформансите. Доколку нешто не оди онака како што е планирано, тогаш променете го или вклучете го во наредниот чекор.
  8. Рестартирајте го целиот процес повторно.

Можете да забележите дека ова е еден сличен процес како Lewin-Schein-овиот процес на организациски промени:

  • Одмрзнување – потреба од промени и подготовка на терен за промени.
  • Акција – Имплементација
  • Замрзнување – Стандардизирање и мерење на резултати.

Велам Lewin-Schein-ов процес бидејќи овој процес за првпат е предложен од Kurt Lewin а потоа доработен и разработен од страна на Edgar Schein. (Нешто што длабоко го проучував пред едно 5 години). Разликата е во комплексноста на речениците и чекорите.
Совет за крај: Гледајте во едноставноста пред комплексноста – процесот е поедноставен.

post

КРАТОК ПРЕГЛЕД НА FORMULA FIVE НА PAUL LUMBERT

Овој напис претставува еден краток преглед на еден систем наречен Formula Five од бизнис експертот Paul Lumbert. Системот е одличен и дојдов до него по една огромна промоција од страна на StomperNet кој го продаваше неговиот Home Study курс. Бев заинтересиран да го купам но со попуст сепак беше многу скап. Па се регистрирав за бесплатно упатување на содржината на самиот курс.

Тоа беше еден период пред 6-7 месеци кога целиот интернет свет беше нападнат со овој систем. Наједноставно кажано ова е систем кој препорачува мали подобрување кои ќе се почувствуваат навистина како големи во однос на приходот и на профитот на бизнисот.

Формула 5 значи дека постојат 5 и само 5 операции кои носат пари во бизнисот:

(1) Зголемувач на маржа

Зголемувач на претсавува систем кој ќе ви покаже како да го позиционирате бизнисот за поголеми цени, така да можете од продажбата да задржите повеќе за себе. Paul Lumbert вели:

Бизнисот не е за тоа колку продавате, туку колку на крајот задржувате за себе.

Навистина реално. Може да слушаме и да читаме се и сешто во однос на бизнисот, но сепак на крајот најбитно ни е колку останало во нашиот џеб. Целта на овој модул е да се изгради бизнис кој ќе може да наплаќа повеќе.

(2) Зголемување на продажба

Овој модул оди на објаснување на тоа дека повеќето бизниси се насочени само во наоѓање на нови потрошувачи додека забораваат на златниот рудник повторување и зголемување на продажба на постоечки потрошувачи.

(3) Привлекување на потенцијални потрошувачи

Овој операција се базира на привлекување на потенцијални потрошувачи од повеќе канали. Вообичаено бизнисите користат само еден канал на привлекување на потенцијални потрошувачи. Само еден дополнителен канал на постојан извор на потенцијални потрошувачи може да го дуплира приходот и профитот на Вашиот бизнис.

(4) Контрола на стапка на конверзија

Стапка на конверзија се однесува на процентуална стапка на трансфер на потенцијални потрошувачи во вистински купувачи. Оваа операција бара начин да се зголеми оваа стапка на конверзија па така наместо 2% да се зголеми за 15% и да биде 2,3%. Оваа зголемување ќе доведе и до зголемување на приходот но и профитот за бизнисот.

(5) Турбо притискање

Оваа операција е подобрување на ефективноста и ефикасноста на бизнис активностите. Не да се работи повеќе часови туку да се работи попродуктивно и попрофитабилно. Оваа операција значи ефективно користење на луѓе, системи и време во бизнисот.

Но, тоа не е се. Овие операции мора да функционираат заедно во зголемување на профитабилноста на Вашиот бизнис. Закон на соединување е основа на оваа методологија.

Закон на соединување

Законот на соединување вели дека ќе мора да ги подобрите за само 15% секој од 5-те операции.

  • Првин зголемување на маржа од 15%.
  • Потоа зголемување на продажба за 15%.
  • Потоа привлекување на уште 15% повеќе потенцијални потрошувачи.
  • Потоа зголемување на стапка на конверзија за 15%.
  • Потоа зголемување на ефикасноста и ефективноста на целиот бизнис за 15%.

Ова математички се изразува на следниов начин:

15% х 15% х 15% х 15% х 15% = 101,13%

Изгледа чудно и неточно!

Да, математички го проверив и навистина е така. Работата е бидејќи 15% од зголемување на продажба не се додава на 15% на зголемување на марќата туку се множи.

На пример, имате зголемување на маржа за 15%, а истата била 20% па сега е 23%. Просечната продажба била 500.000 денари и на неа сте имале профит од 100.000 денари. Сега просечна продажба е 575.000 денари и профит е 132.250 денари. Тоа е зголемување за 32.25% (15% х 15% = 1,15 х 1,15 = 1,3225).

Ајде сега да продолжиме. Ние имаме стапка на конверзија на потенцијални во вистинки потрошувачи 2% и привлекуваме вкупно 5000 потенцијални потрошувачи. Просечна продажба од еден потрошувач е 5000 денари. Го зголемуваме бројот на потенцијални потрошувачи за 15% па ќе бидат 5750 и во исто време стапката на конверзија ја зголемиме за 15% па ќе биде 2,3%. Добиваме 132,25 купувачи кои наместо 5000 денари месечно ќе купуваат за 5750 денари месечно (15% повеќе).

Што имаме:

Случај 1 – Сегашна состојба – 20% х 5000 потенцијални х 2% стапка на конверзија х 5000 денари просечна продажба = 100.000 денари профит

Случај 2 – По Формула 5 – 23% х 5750 потенцијални х 2,3% стапка на конверзија х 5750 денари просечна продажба = 174.900 денари профит

И кога на вториот случај ќе ги додадеме 15% од нашата зголемена ефикасност и ефективност ќе добиеме профит од 201.135 денари. Тоа во проценти е подобрување од 101,13 проценти.

Напомена: Формула 5 не вели дека мора да одите со 15% подобрување секаде. Можете да земете било кој број. Најчесто во реалноста се користи 4%. Но, може во прва операција да користите 4%, во втора 15% во трета 30% итн. Не е важен бројот. Важно е да е позитивен и да се множат резултатите. Обидете се и ќе се уверите.

За повеќе информации: http://www.stomperf5.com/

post

ПОДОБРУВАЊЕ – ПРЕКУ BUTTERFLY EFFECT

На артиклите на претприемач започнавме една нова тема за организациски промени – TQM. Во првиот дел – историска појава и дефинирање наведовме дека оваа филозофија не успеала во САД бидејќи секогаш кога вработените ќе имаат некоја идеја морале прво да добијат одобрение од менаџментот при што повеќето идеи биле отфрлани или одбивани, така да вработените во иднина немале мотивација да генерираат идеи за подобрување. За да се добие квалитетно и постојано подобрување на квалитетот на производите, услугите и бизнис процесите мора да се овозможи зголемување на креативноста на сите, како на претприемачот така и на вработените.

Во почетокот секој бизнис е мал и е составен само од претприемачот и уште некој вработен. Доколку претприемачот е сам во бизнисот тој генерира бизнис идеи за подобрување. Доколку има и вработени тој ќе генерира идеи за подобрување но и ќе одобрува идеи за подобрување од страна на вработени. Колку повеќе идеи се генерираат толку повеќе ќе се подобруваат сите бизнис процеси.

Но, зошто треба да се искористат идеите за подобрување на вработените?

  • Вработените најдобро знаат што може да се промени кон подобро.
  • Секое работно место има специфичности кои му се познати во поголем степен на вработениот одошто на менаџерот или претприемачот.
  • Ќе се заштеди време менаџерот или претприемачот да се насочат кон посложени бизнис активности.
  • Ќе се овозможи ефект на пеперутка во подобрувања.

Што значи последното?  Секој вработен во бзинсот или учесник во бизнис процесот доколку биде насочен постојано да генерира идеи за подобрување на работниот процес кој што го изведува ќе се овозможи постојаност на малите промени што во иднина ќе имаат огромен ефект на бизнисот воопшто. За овој ефект можете да го погледнете и видеото што го направивме.

Значи со мали секојдневни подобрувања во сите бизнис процеси може да доведе до одлични резултати на севкупниот бизнис. Подобрувањата може да бидат во однос на сите бизнис процеси, но особено е важно бизнисот да има одлични перформанси во следниве:

  • Продажба
  • Маркетинг
  • Производство
  • Процес на менаџмент на трошоци
  • Менаџмент
  • Процес на набавка
  • Менаџирање со залихи итн.

Затоа е пожелно да се овозможи еден вид на партиципативен пристап на сите вработени како би се генерирале колку што може повеќе бизнис идеи за подобрување и бизнисот постојано ќе биде во топ форма.

post

НАМАЛУВАЊЕ НА ЗАЛИХИ – ПАТ КОН ПОГОЛЕМА ЕФИКАСНОСТ

За залихите повеќе пати досега пишувавме. Но, со овој натпис би сакал да извршам надополнување на менаџмент филозофиите за организациски промени кои недолно ги објавуваме. Во сите 3 досегашни филозофии KAIZEN, Business Process Reingeneering и Lean менаџментот како една цел се воспоставува намалување на залихи. Па така се спомнува KANBAN како алатка која може да се користи, но во тие елементи не ја спомнавме ABC анализата која може да доведе до информации каде треба да се кратат залихите.

Едно е јасно, залихите претставуваат:

  • Трошок
  • Врзани пари
  • Неискористена бизнис потенцијална енергија
  • Сокривач на проблеми

Трошок бидејќи се плаќа за магацинот за ускладиштување, врзани пари бидејќи не можеме да продаваме она што ни се бара во моментов затоа што имаме врзано пари во залихи, неискористена бизнис потенцијална енергија бидејќи голем финансиски потенцијал се наоѓа во нешто што стои во магацин, а не се продава. Но, зошто сокривач на проблеми. Голем број на проблеми претприемачите се обидуваат да ги покријат со залихите. Така:

  • Проблеми во маркетингот со недоволна анализа на пазарот и незнаење однапред што побргу и подобро ќе се продава се покрива со поголема количина од секој вид на производ и тоа за секој случај!
  • Проблеми во продажба преку неефективен и неефикасен продажен тим и продажен процес се покрива со сигурна количина на залихи.
  • Проблеми во системот за набавки преку задоцнети нарачки, и прием на набавките се покрива за секој случај со зголемено ниво на залихи.
  • Доцнење во производство кое може да биде заради неефикасен и неефективен производствен систем, или пак проблеми во монтажата или пак високо ниво на шкарт при производство се покриваат со поголемо ниво на производство од потребното и создавање на залихи.

Ова се само неколку крупни проблеми кои се покриваат со залихите. Но, трагично е што овие проблеми од срана на претприемачите не се гледаат затоа што со залихи се си функционира како што реба и се е под конец. Па, во ваков случај може да се појави ефект на варена жаба за која веќе пишувавме (жабата ќе се свари и ќе умре доколку олека ја загреваме водата и стигнеме до температура на вриење, додека ако ја ставиме во зовриена вода таа ќе се изгори и ќе скокне, но сепак ќе преживее). Тоа е затоа што малте ситни проблеми често ги занемаруваме и подоцна не чинат многу и во краен случај клуч на бизнисот.

Сево ова е забележително сега во услови на рецесија кога клуч на врата најавуваат многу бизниси. Затоа е потребна постојана анализа и намалување на залихите, а со тоа и навремено откривање на проблемите и нивно решавање. На ваков начин со еден удар убивате две муви:

  • Финансиски заштеди преку трошоци
  • Континуирано подобрување на бизнсиот преку постојано решвање на проблемите.

За спроведување на ABC анализата постојат различни сфтверски пакети. Но, и не мора да вложувате голе пари во тоа. Пред некое време изработивме два видео материјали за изработка на ABC анализа со помош на Microsoft Excel кој го има на секој компјутер. Можете да ги погледнете и да започнете со анализа веднаш па потоа ќе видите каде треба да ги кратите залихите.

КАКО СО MS EXCEL ДО ABC АНАЛИЗА

ИЗРАБОТКА НА ГРАФИК ЗА ABC АНАЛИЗА СО MS EXCEL (ПРОДОЛЖЕНИЕ)

post

ПОСТОЈАНО ПОДОБРУВАЊЕ – СТРАТЕГИЈА КОЈА ВОДИ КОН УСПЕХ

Подобрување е карактеристика на секој човек. Секој од нас сака да биде подобар на некој начин во иднината. Ние секојдневно учиме, слушаме, гледаме, работиме, набљудуваме и со тоа стануваме се подобри од ден во ден. Но, дали подобрувањето е карактеристика на сите бизниси. Да, но само на успешните. Успешните бизниси се оние кои постојано се менуваат и од ден во ден се се подобри и подобри. На сајтот веќе започнавме со артикли за менаџмент филозофии кои се однесуваат на подобрување (KAIZEN, BPR, Fractal Company, TQM …) и можете да ги прочитате.

Секое подобрување значи изведување на бизнис активностите подобро од минатиот пат. Една од карактеристиките на бизнисите е што секогаш работата може и треба да ја изведуваат подобро од претходниот пат. на ваков начин се овозможува постојат раст и развој на бизнисот, а со тоа и постојано движење кон успехот.

Подобрувањето треба да е постојано. Треба да биде вградена култура на постојано размислување како работите да се изведуваат подобро. На ваков начин се овозможува ефект на пеперутка во бзинис работењто. Доколку ги следите постовите на овој блог како и на артиклите на Pretpriemac.com можете да пронајдете неколку материјали за ефект на пеперутка како и едно видео за овој ефект. Подобрувањето не треба да биде кампањско и да се изведува само на подолг временски период. Подобрувањето не мора ди биде одеднаш огромно. Доволно е само постојано и чекор по чекор да се врши подобрување на бизнис елементите.

Ваквата стратегија на подобрување кое е постојано ќе доведе до сигурен успех. Ваквата стратегија го прави бизнисот уникатен и секогаш пред конкурентите. ваквата стратегија тешко може да се копира од конкуренцијата.

Бизнисите кои се подобруваат постојано покажуваат забележителни резултати во своето работење. Таквите бизниси кога ќе ги посетите по вторпат нема да бидат исти како претходниот пат. Додека бизнисите кои не се подобруваат остануваат исти и следната година, и по пет години, а можеби и по десет години доколку опстанат на бизнис сцената и ако не бидат отфрлени во бездната на пропаста од конкурентите.

Затоа внесете стратегија на постојано подобрување во животот на Вашиот бизнис. Со тоа ќе му дадете живо на бизнисот и сосема нов облик.

post

ВИДЕО: БИЗНИС ЕФЕКТ НА ПЕПЕРУТКА

Веќе пишувавме за ефектот на пепрутка на блогот како вовед за тоа што е ефект на пеперутка, од каде потекнува терминот и каква врска или примена може да има во бизнис светот. Во видео материјалот кој следува направен е обид посликовито да се претстави бизнис ефектот на пеперутка која како основа и цел го има подобрувањето на севкупниот бизнис систем.

Во видео материјалот може да видите сликовит приказ при објаснување на ефектот на пеперутка, како и два основни примери на влијанието на бизнисот на ефектот на пепрутка, во продажбата и во маркетингот.

post

ЕФЕКТ НА ПЕПЕРУТКА

Ефектот на пеперутка (BUTTERFLY EFFECT) доаѓа од теорија на хаосот и со најпрости зборови означува дека ситни нешта може да имаат далекусежни последици. На пример, нешто што се случува денес, нешто што правите денес кое може и да не изгледа многу значајно ја менува утрешноста. Овој термин за првпат бил искористен од Edward Lorenz кој вршел симулации за предвидување на времето и кој внел скратен број во децимали при што добил сосема различни предвидувања. Таа разлика во децимали ја нарекол ефект на пеперутка со цел да опише дека доколку пеперутка мрда со крилцата на едно место ќе влијае на временските прилики на друго место.

Овој ефект на пеперутка од теорија на хаосот може да има огромно значење за малите бизниси и претприемачите. кај малите бизниси секојдневно се случуваат голем број на процеси. Секој од овие процеси има одредено влијание на функционирањето на бизнисот воопшто. Мала промена во еден процес може да има голем ефект на целиот бизнис.

Но, ефектот на пеперутка може да се разгледува на два начина за бизнисите:

  • добивање на позитивни ефекти од малите промени
  • добивање на негативни ефекти од малите промени

Вториот тип кога ефектите од малите промени се негативни треба да се елиминира и да се внимава таквите промени да не се случуваат. Додека од првиот начин на разгледување, односно од малите промени произлегуваат позитивни ефекти т.е. подобрување на бизнисот. Значи може да имаме позитивен и негативен ефект на пеперутка, а негативниот е непожелен и мора да го елиминираме. Тоа е задача на претприемачот.

На пример, да земеме дека со некоја наша секојдневна промена добиваме зголемување на профитот од 100 денари дневно. За еден месец ќе имаме 3000 денари зголемување, за една година ќе имаме зголемување од 36000 денари. Но онаа што е значајно на ефектот на пеперутка е што подобрувањата доведуваат до секојдневно зголемување за некој фактор. Така, да направиме симулација на еден позитивен ефект на пеперутка со различни фактори на зголемување за 0.8, 1, и 1.1 за да прикажеме влијание на позитивен (1 и 1.0) и негативен ефект (0.8):

Можеме да забележиме дека со негативен ефект на пеперутка нашиот профит ќе се намалува од можни 36000 на 13000 (за 50%) додека со позитивен ефект од 1.05 ќе имаме зголемување од над 30% на годишно ниво, а пак со фактор од 1.1 ќе имаме зголемување од 80% на профитот на годишно ниво. Тоа е ефект на пеперутка и во секој елемент и бизнис процес може да се пронајде.