post

Три лица кои ќе имаат влијание на вашиот продажен тим

Вашиот продажен тим е значаен за вашиот бизнис. На нивните перформанси ќе се базираат сите останати бизнис активности. Доколку тие успеат, и вашиот бизнис ќе успее да ги зголеми приходите, обезбеди поголема профитабиност и имплементира различни инвестиции за во иднина.

Веројатно веќе го имате изградено вашиот продажен тим. Тие се најдобрите за вас во моментов. Но, како и се останато во вашиот бизнис и продажниот тим ќе мора континуирано да се подобрува.

Кога зборуваме за подобрувања во однос на продажниот тим не смееме да ги заборавиме различните влијателни фактори околу нив исклучувајќи ве вас како претприемач и вашиот бизнис како нешто нормално и вообичаено.

Можеме да излистаме голем број на влијателни сили околу вашиот продажен тим, но денес сакам да зборуваме за најважните лица кои ќе имаат големо влијание на перформансите на вашиот продажен тим.

Да започнеме со првите, најважните или највредните лица за вашиот продажен тим.

1. Лица кои имаат потреба или проблем кој вашиот бизнис го пружа или решава

Вашиот бизнис решава проблеми на купувачи. Вашиот продажен тим го продава вашето решение на вашите купувачи. Вашите купувачи сакаат да го решат проблемот кој вашите производи или услуги го решаваат за нив.

Во повеќето случаи, вашиот продажен тим ќе треба да им го достави решението. Ако сакаат да го помирисаат да овозможи да го помирисаат. Доколку сакаат да го пробаат да им овозможат да го пробаат.

Овие лица се важни, бидејќи вашиот продажен тим ќе треба да покаже на луѓето кои ќе го користат вашето решение по купување дека токму тоа решение е согласно нивните потреби.

2. Лица кои се одговорни да обезбедат простор за вашиот продажен тим

Но, често пати продажниот тим лесно може да дојде до лицата кои имаат потреба од решението, но многу потешко може да дојдат до лицата кои ќе треба да обезбедат простор за да го покажете решението или лицата кои имаат моќ да донесат одлука. Оваа е случај кога продавате производи или услуги на големи компании каде корисниците се вработени, но одлучувачи се нивните менаџери.

Овие лица претставуваат еден вид на “чувари” во големите организациски системи. Вашиот продажен тим ќе мора да биде подготвен за таквите лица доколку сакате да ги зголемите нивните перформанси.

3. Лицата кои ги контролираат парите

Последните лица за кои сакам да зборувам тука се лицата кои ги контролираат парите во организацијата како потенцијални купувачи за вашиот бизнис.

Вашиот продажен тим може да успее со лицата кои имаат потреба од решението, како и со “чуварите” но доколку лицата кои ги контролираат парите не ја одобрат зделката, тие нема да успеат во нивните намери да ги продадат вашите производи или услуги.

Врз основа на видот на бизнисот кој го имате, различни лица ќе имаат различно влијание во различни точки на вашата продажна инка. Вашиот продажен тим ќе треба да биде подготвен за секој од тие лица, бидејќи тие или ќе им го олеснат или отежнат животот.

About Д-р Драган Шутевски

Д-р Драган Шутевски е основач и CEO на Шутевски Консалтинг и им помага на бизнисите да го проектираат патот кон успешноста. Поврзи се со Драган на Google+

Speak Your Mind

*