Учењето е постојано. Тоа не завршува со завршување на училиште или факултет, со магистрирање или пак докторирање. Тоа продолжува низ целио живот. Најголема грешка е кога ќе се излезе од факултет и се мисли дека е собрано целокупното знаење на светот. Всушност факултетот е нешто што само ги дава основите и зацртува можните правци на едно понатамошно професионално учење – работата.
Кога најдобро се учи? Се смета дека најдобро може да се научи и утврди знаењето кога нешто ќе направиме практично без разлика дали сме погрешиле или не. Значи можеме да имаме две состојби на учење:
- Пробувај – успевај. Кога ќе се обидеме нешто да направиме и успееме во тоа ние сме среќни и веднаш во нашио мозок ја складираме постапката до тој успех. И секогаш кога ќе биде потребно повторно да се изведе таа работа ќе ја изведеме успешно и можеби и подобро од првиот пат.
- Пробувај – греши. Кога ќе се обидеме нешто да направиме и не успееме во тоа ние ќе бидеме несреќни и ќе бараме решение и ќе се обидеме повторно се додека не успееме. На ваков начин ќе учиме од сите наши грешки во целио циклус на барање на решение како и од крајниот успех до кој ќе стигнеме. На ваков начин, ние ќе бидеме побогати за едно ново искуство и со зголемување на нашето лично знаење.
Значи како и да е постои можност за учење и постојано подобрување преку тоа учење. Без разлика дали од пробувањето ќе успеете или ќе погрешите Вие како претприемач ќе бидете подобри во секој случај. Но, кога нема да учите и со тоа да се подобрите? Единствено кога нема да пробувата, односно нема да превземате акции. Оваа се случува кај пасивни претприемачи. Пасивни претприемачи доведуваат до постоење на пасивни бизниси кои уназадуваат или тапкаат во исто место. Претприемачи кои постојано учат и се подобруваат постојано превземаат акции и тоа се активни претприемачи.
Успешните бизниси се плод на активни претприемачи, а не на пасивни претприемачи. За да бидете активен претприемач мора да превземате акции, да донесувате одлуки, да пробувате, да успевате и да грешите. Тоа се активни претприемачи. Затоа во некои средини и култури како јапонската постојат системи кои дури ги наградуваат вработените кои ќе погрешат. Запомнете, не греши само оној кој не работи. Само неработниците се негрешни луѓе, а оние кои што работат нормално е дека и ќе грешат. Затоа не се плашете од грешките тие се нормални.
Speak Your Mind