Skitch претставува апликација за скицирање како и создавање на сликички на кои можете да скицирате, означувате, забележувате идеи… Од пред извесен период оваа апликација е дел од семејството на Evernote.
Скоро една година како ја користам и веќе стана неизоставен дел од мојата секојдневна работа. Пред некој ден имав потреба да нарачам две парчиња иверици кои треба да бидат поголеми од онаа што го имав растурено. Едноставно за да ги знам димензиите при нарачка направив слика на која ги означив потребните димензии.
За полицата за книги повторно една скица на слика со книга.
Направив едно видео кое ја презентира ова апликација.
Speak Your Mind