Секој крај на годината претставува еден вид на нов почеток за претприемачот и бизнисот воопшто. Кога си ја честитаме новата година посакуваме среќа, успех, подобро од минатата година…
Но, честитките сами посебе нема да дадат резултати. Резултатите во вид на подобра следна година ќе бидат реалност само доколку уште во старт знаете што сакате да постигнете.
Е сега, тоа постигнување е донекаде поврзано со јасно дефинирани цели. Но, сепак не земајте го ниту оваа како здраво за готово. јасно дефинирани цели, одлични цели или супер супер одлични цели повторно не се гаранција за нивната реализација и подтигнување на она што сакате да го постигнете.
Следното е акција.
Но, мора да одиме од почеток, Акциите се последици на јасно дефинирани цели. Не дека нема да преземете ништо доколку немате цели, но сигурен сум дека она што ќе го преземете ќе биде несистематично, можеби неадекватно и веројатно некорисно. А, вие како претприемач го сакате спротивното.
Па, ајде да ги дефинираме целите за следната 2013 година, но овој пат на малку поинаков начин.
- Затвори ги очите и погледај во иднината. Посакај желба. Посакај што сакаш. Едноставно сонувај, размислувај каде сакаш да се најдеш на крајот на следната година, што сакаш да правиш и како да го правиш она што сакаш да го правиш. Не мисли на опкружувањето. Не мисли на пречките. Не мисли на политичарите, тие и онака следната година нема да мислат за тебе ниту да ти помогнат, само ќе се обидат да те излажат (сепак изборна година ќе да е). Целта е со слободен мозок да се видиш јасно себеси во иднината.
- Земи лист хартија, Evernote или класично нотес и опиши го онаа што си го видел. Слободно пишувај без никакви предрасуди, без опкружување, политичари, препреки… Ти си најважниот. Не се важни во оваа фаза останатите. Целта е да имаш написмено за тоа како се гледаш себеси во иднината.
- Остави го она што го напиша на страна и опушти се. Да не се заморите премногу, добро е да се опуштите и да оставите се што сте напишале. Излезете и напијте се кафе со пријателите. изгледајте некој добар филм. Опуштете се до максимум без воопшто да мислите за онаа што предмалку го работевте.
- Вратете се на напишаното и добро прочитајте го. Сега откако се опуштивте прочитајте го она што сте го напишале. Дали сметате дека треба нешто да се додаде или одземе? Доколку сметате дека нешто треба да се направи, направете го тоа и повторно оставете се настрана и преминете на фазата на опуштање.
- Повторно препрочитајте, но сега со мoлив или пенкало. При повторно препрочитување подвлекувајте го најважното. На пример, сакам да заработам многу пари, сакам да летувам таму и таму, сакам да вработам толку и толку… Подвлечете ги само тие зборови кои ги претставуваат вашите желби од вашата визија за вас за следната година.
- Извлечете ги на страна подвлечените реченици. На еден лист хартија еден под друг во една колона напиши ги тие зборови. Втората колона наслови ја како потенцијални цели за 2013.
- Трансформирај ги тие реченици во цели. Во втората колона за секоја реченица од првата напишете една цел. Тука внимавајте целта да биде SMART цели.
- Во трета колона постави ги приоритетите. Едноставно доколку од вежбава произлезат премногу цели, вашата задача е да ги приоритизирате. Не сакате да се доведете во ситуација да имате премногу цели, да го изгубите фокусот и на крајот да не успеете во ниедна од поставените цели.
- Изберете ги трите најприоритетни за 2013 година. И на крајот изберете ги трите најприоритетни за следната година. Можеби за вас ќе одговараат 5 или повеќе, сепак за најдобар фокус согласно моето искуство бројот три е најдобар.
Завршивте голема работа. Од визија дојдовте до конкретни цели. Следно е проекти и задачи.
Нека биде новата година вашата најуспешна година.
Speak Your Mind