post

Здружен Маркетинг – Маркетинг Средство 33

Стигнавме до 33-тото маркетинг средство на претприемач. Го избрав здружен маркетинг од мојата листа (во MS Excel) за овој напис.

Сите знаеме за една од првите лекции во математиката дека:

1 + 1 = 2

Математички е точно. Но, што мислите за следново равенство:

1 + 1 > 2

Дали е точно? За овој наш напис како маркетинг средство ќе кажеме дека е точно. Ова е дејство на синергија – здружено дејствување.

Оваа дејство на синергија се користи во проучување на тимската работа и ни кажува дека вкупниот ефект на тим од двајца е поголем од простиот збир на ефекти на две личности надвор од тимот. Ова е една од најголемите карактеристики на тимската работа.

Што претставува здружен маркетинг?

Здружен маркетинг едноставно претставува здружување на два или повеќе бизниси, здружување на двајца или повеќе претприемачи во сопствените маркетинг активности.

Ова би изгледало како еден бизнис се здружува со друг бизнис како заеднички би ги промовирале сопствените производи или услуги на пазарот каде настапуваат.

На пример:

Еден претприемач прави брошури на кои на еден дел од брошурата го промовира сопствениот бизнис додека на вториот дел од брошурата го промовира партнерскиот бизнис на задружениот маркетинг.

Вториот претприемач прави флаери на кои од едната страна е промоција на сопствениот бизнис додека од втората страна е промоција на партнерскиот бизнис на задружениот маркетинг.

Дали ова претставува дејство на синергија? Во секој случај одговорот е позитивен. Бидејќи ефектот ќе биде поголем.

Кои се поволностите на еден претприемач од здружен маркетинг?

Можат да се извлечат повеќе поволности за двете страни во кампањите на здружен маркетинг, но јас би ги потенцирал следниве две:

  • Помал трошок за маркетинг активности. Кога се користи здружениот маркетинг логично е секоја маркетинг кампања да чини двојно помалку во однос на маркетинг кампања кога настапува еден бизнис.
  • Поголем ефект од секоја маркетинг активност. Ефектот од секоја маркетинг кампања во здружен маркетинг во секој случај ќе биде поголем бидејќи и двата бизниси имаат веќе одреден број на редовни купувачи кои можат да станат купувачи и на бизнисот кај кој досега не биле.

Предуслови за здружен маркетинг

За да може да се започне со еден ваков стил на маркетинг потребно е првин да се исполнат одредени редуслови.

  • Ист пазар. Првиот предуслов е бизнисите да бидат насочени на истиот пазар. Не може да се започне здружен маркетинг со бизнис кој настапува на меѓународен пазар, а нашиот бизнис настапува само на локалниот пазар. Оваа стратегија е добра доколку Вашиот национален бизнис сака да се прошири на меѓународниот пазар.
  • Слични целни потрошувачи. Вториот предуслов е и двата бизниси да имаат слични потрошувачи, односно потрошувачи со слични потреби. Не, би било ОК за заеднички маркетинг доколку еден бизнис продава на бизниси додека вториот продава на индивидуалци како потрошувачи.
  • Договор. Како трет предуслов е да постои договор помеѓу бизнисите кои сакаат да настапат со заеднички маркетинг. Договорот може да биде усмен, но нема да штети и пдобра регулација на активностите на сите страни со писмен договор.

Процес на здружен маркетинг

Ова е едноставен процес во кој треба само да ги следите чекорите наведени подолу:

1. Направете листа со потенцијални партнери за здружен маркетинг

Размислете за сите бизниси или пак претприемачи кои ги знаете или пак кои не ги знаете, а можат да бидат потенцијални партнери за здружен маркетинг. Направете една листа по приоритет.

2. Контактирајте ги и прашајте ги за некое заедничко настапување

Откако ќе ја имате Вашата листа започнете со контактирање на тие претприемачи и понудете им соработка во однос на здружен маркетинг.

3. Направете договор за здружен маркетинг со оние кои ќе дадат позитивен одговор

Направете договор со сите кои дале позитивен одговор во кој ќе опфатите Што, Кој, Како и Кога.

4. Постапувајте согласно договорот

Следете ги сите дефинирани активности одговорности согласно договорот.

5. Мерете ги резултатите

Мерете ги резултатите како би виделе што функционира а што не функционира. Она што функционира подобрете го, додека она што не дава резултати заменете го.

About Д-р Драган Шутевски

Д-р Драган Шутевски е основач и CEO на Шутевски Консалтинг и им помага на бизнисите да го проектираат патот кон успешноста. Поврзи се со Драган на Google+

Speak Your Mind

*