Блогирање за вашиот бизнис е докажано како една од најдобрите маркетинг стратегии познати денес и голем број на мали бизниси го градат нивниот пат кон успехот токму користејќи го блогот за зголемување на сопствена видливост во очите на потенцијалните купувачи.
На пример, пред неколку месеци дневно поминував по еден час да барам и проучам можни производи кои ми требаат и кои сакам да ги купам. Станува збор за професионален микрофон кој сега го користам за подготовка на подкастот „претприемачки пат”. Тогаш прочитав многу блогови за производите, прегледав еден куп видео клипчиња на YouTube, и бев на неколку веб сајтови кои ги продаваат производите кои ги барав. Бидејќи никој од тие веб сајтови не обезбедуваше испорака за Македонија бев принуден да барам локална продавница и за среќа најдов една. И се би било во ред за таа продавница доколку јас не бев добро подкован со знаење за тоа што го барам, сакам и очекувам од производот кога ќе го купам. Доколку ја базирав мојата одлука само на веб сајтот продавач, или пак локалната продавница тогаш би бил принуден да го купам онаа што тие ќе ми го препорачаат, но во вакви услови ќе го купам онаа што знам дека ќе биде најкорисно за мене и нормално најоптимално.
Онаа што сакам да го кажам тука е дека со различните блогови на бескрајниот веб простор, ние како купувачи имаме многу поголема моќа кога станува збор за нашиот избор од кого ќе купиме или пак кога станува збор за попрецизно дефинирање на нашите потреби. Денес милијарди луѓе како прво нешто кога сакаат да купат нешто пребаруваат на интернет за да се едуцираат себеси дури и пред да бидат 100% сигурни за нивните сопствени потреби. Но, кога ќе се осигураат за потребата, нивната одлука за купување е нешто што тешко може да биде променето од страна на продавачите.
Тука сакам да го користам терминот „пред бизнис блог” што ќе означува блогирање пред започнување на бизнис.
Вашиот пред бизнис блог, исто така може да биде доста корисен за иднината на вашата бизнис идеја, но и за иднината на вашиот иден бизнис. Зошто?
Тука ќе презентирам некои размислувања и причини зошто сметам дека тоа е така.
-
Ќе ја проверите вашата идеја пред да инвестирате пари и време во неа. Па, вашата идеја е брилијантна, нели? Зошто тогаш едноставно да не проверите дали тоа е така навистина. Еден начин за да го проверите тоа е да зборувате за тоа.
Веројатно веќе знаете од традиционалните школи за претприемништво кои велат да разговарате со неколку луѓе кои веројатно ќе имаат потреба или проблеми кои производот или услугата кои резултираат од вашата идеја може да им ги реши или задоволи.
Вашиот пред бизнис блог е истото тоа, само со користење на нова технологија во допирање до повеќе луѓе за да разговарате за вашата брилијантна идеја. Можете едноставно да ги споделите вашите размислувања за вашата бизнис идеја и да ги поттикнете луѓето да коментираат на вашите размислувања со што ќе стекнете дополнително знаење и можно подобрување на вашата иницијална идеја. Најдоброто е што на ваков начин можете да дојдете до многу поголема аудиенција за фидбек отколку со било која друга традиционална стратегија.
-
Вашиот пред бизнис блог ќе го зголеми потенцијалот на вашиот маркетинг како дел од вашата бизнис потенцијална енергија. Запомнете дека кога пишувате за вашите размислувања за вашите идеи на вашиот блог, вие го градите едно од најмоќните маркетинг средства за вашиот иден бизнис.
А, кога ќе го започнете бизнисот и кога производите и услугите ќе бидат спремни за испорака до купувачите многу е поголема веројатноста дека ќе дојдете до нив многу побргу отколку да започнете без ништо во вашите раце.
-
Вашиот пред бизнис блог ќе креира поголема заедница околу вашите идеи. Секој мал бизнис има потреба од градење на сопствена заедница не само која е спремна да купува од бизнисот, туку и спремна да ги споделува идеите или пак идните производи и услуги со нивните конекции, врски и пријатели. Оваа заедница ќе ви помогне кога го започнувате бизнисот затоа што веќе ќе го имате најзначајниот ресурс за еден стартап – силна заедница.
-
Вашиот пред бизнис блог може да ви помогне да се фокусирате на најзначајните карактеристки за вашиот производ или услуга. Да, и оваа е точно. Блогот претставува двонасочно средтсво за комуникација при што има потенцијал да ви овозможи фидбек од читатели кои веројатно имаат проблем кој вие сакате или се обидувате да им го решите со вашата бизнис идеја. Лесно ќе дознаете што сакаат, што не им треба, што најмногу вреднуваат во вашите предлог решенија и други работи кои ќе ви помогнат да ги фокусирате вашите претприемачки напори за да изградите нешто навистина корисно и некомплексно што исто така ќе ви заштеди стотици часови работа на работи кои идните купувачи не ги вреднуваат онака како што вие мислите.
-
Вашиот пред бизнис блог ќе ја зголеми вашата репутација и пред да станете претприемач. Репутација претставува мислење на другите луѓе за вас, вашите производи и услуги и вашиот бизнис како целина. Бидејќи, репутација е мислење на други лица, вие немате големо влијание да влијаете на нив. Но, не можеме ни да кажеме дека не е возможно.
Еден од најдобрите начини за да ја изградите вашата репутација претставува вашиот пред бизнис блог. Затоа започнете со блогирање колку што можете побргу пред да го започнете вашиот бизнис и градете ја внимателно вашата репутација во полето во кое сакате да го изградите вашиот иден бизнис.
Прашање: Кои се вашите најголеми препреки за да започнете со вашиот пред бизнис блог? Можете да оставите коментар со клинкнување тука.
Speak Your Mind