Кога еден бизнис, односно еден претприемач ја помине фазата на сонување ќе дојде во фазата наречена како започнување од животни циклуси на бизнисите.
Мора да напоменам за да не дојде до забуна, во теорија на бизнис идеи зборуваме за период кој ги опфаќа и двете фази (сонување и започнување).
Кои активности се поминуват во фазата започнување од животниот циклус на бизнисот?
- Воведување на бизнисот во правен систем. Со оваа активност започнува оваа фаза од бизнисот. Тука веќе ќе имате документи за бизнисот, ќе имате сметка во банка преку која ќе ги изведувате бизнис трансакциите.
- Наоѓање и средување на локација. Веќе во бизнис планот сте ги опфатиле идеите за локацијата, трошоците што можете да ги платите и сега е време да контактирате со луѓето и да направите договор, доколку немате сопствена локација.
- Набавка на производи кои ќе се продаваат за малопродажба или големопродажба или пак набавка на репроматеријали за производство.
- Набавка на канцелариска опрема доколку имате канцеларии (компјутери, телефон, факс, печатач…)
- Подготовка на маркетинг материјали. Обавезно направете визит картичи, брошури и флаери, покани за свечено отворање и поделете го на колку што можете повеќе блиски роднини, пријатели или познаници. Ова мже да има големо влијание за времетраење на оваа фаза.
- Свечено отворање. Организирајте и спроведете свечено отворање на започнувањето.
- Продажба, продажба, продажба…
Во првите 6 активности веќе ќе започнете со трошење на пари. Купчето што го имате спремено за започнување на бизнис ќе почне да се намалува драстично и веднаш ќе почувствувате недостаток на финансии. Оваа е и најголем проблем за оваа фаза од животниот циклус на бизнисите. Затоа сите наредни активности треба да бидат свртени кон се поголема и поголема продажба. Овој недостаток на финансии ќе можете да го решите на еден од следниве начин или комбинација на истите:
- Кредит од банка
- Позајмица од роднини или пријатели
- Зголемена продажба.
Првите две се ОК, но и не обезбедуваат некоја сигурна иднина. Сепак парите ќе мора да се вратат. Најдобро е да се извлечеме со третиот начин зголемување на продажба што од друга страна во оваа фза не е лесно. За да се зголеми продажба ќе мора да се зголемат трошоци во маркетингот за што треба пари. Кредит од банка за нови бизниси може да претставува научна фантастика, но вреди да се обидете. Најдобро е да направите некоја комбинација.
Исак Адижес во неговото дело: Животни циклуси на претпријатија вели дека претприемачите за да дојдат до финансиски средства во оваа фаза (кај него оваа фаза се нарекува како време на повој што е асоцијација на бебе кое се повива) прават неколку основни грешки:
- Земаат краткорочни позајмици за инвестирање
- Ги намалуваат цените како би го зголемиле приливот на пари, но попустите се преголеми и се случува продажбата да не ги покрива трошоците, па колку повеќе продаваат толку повеќе и губат.
- Продаваат акции на обие кои се спремни да вложуваат во ризичен капитал, а кои не ги делат визијата и интересот на претприемачот.
Една грешка во оваа фаза освен попустите би ја навел и давање на плаќање на кредит или одложено плаќање. Некои отвораат и таканаречена „тетратка“. На ваков начин претприемачот може да се лаже самиот себеси и да има одлична продажба, а сепак бизнисот да пропадне. Оваа е резултат на слаб готовински тек. А, ќе ви доаѓаат и ќе ви бараат на одложено плаќање, како роднини и пријатели така и оние кои не ве познаваат а ќе си го дозволат тој безобразлук. Нив не ги интересира што вие сте во фаза на започнување, која може и да потрае една до две години, па за некои бизниси и повеќе. Вие ќе продадете, нема да земете пари, а бидејќи сте во фаза на започнување немате залихи, па со тоа ќе немате ни што да продадете на некој потрошувач кој веднаш би платил. Дали ви треба такви кои не плаќаат? Секако дека одговорот е не!
Затоа претприемачите во оваа фаза треба да внимаваат на:
- Постојано зголемување на продажба
- Внимателно трошење
- Минимизирање на продажба на рати
- Маркетинг кон вистински целен пазар
- Следење на активностите и буџетот согласно бизнис планот.
Колку побргу ја поминете оваа фаза толку подобро и за Вас како претприемач и за вашиот бизнис воопшто.




Speak Your Mind