post

За нас

Започнување и водење на успешен бизнис не е лесно. Бара многу знаење, проучување, анализи и храброст од страна на претприемачите.  Целта на овој блог е обезбедување на достапноста на знаењето за претприемачи, односно сопственици на малите бизниси. Оној недостаток на знаење кој што предизвикува страв кај вас едноставно ќе можете да го надополните тука.

Тука ќе најдете:

  • Знаење за како да започнете и водите успешен бизнис.
  • Знаење за маркетинг и продажба како основа за успешен бизнис.
  • Секојдневно ажурирана содржина во вид на како да направите нешто артикли , совети, научни сознанија, нови технологии кои може да се применат во бизнис цели, планирање, и секако мојата омилена тема подобрување и организациски промени.

Преку блогот можете да читате блогови, да давате коментари на истите и да ги користите информациите за успешно водење на Вашиот бизнис. Сите коментари ќе бидат земени во предвид заради постојано подобрување на темите и блогот воопшто.

Доколку барате совет или пак имате некакво прашање слободно поставете го преку формата тука како би обезбедиле корисност за сите.

За да ме контактирате лично тоа ќе можете да го направите преку контакт формата или пак преку e-mail pretpriemac@pretpriemac.com.

Нешто за мене

Претприемач е блог кој е производ на м-р Драган Шутевски. Мојот прв бизнис го имав како дете во основно училиште во периодот за летен распуст. Тој бизнис беше продукт на тројца другари кои сакаа нешто повеќе во тој период, а тоа беше да не седат со сончоглед на популарното „ѕдче“ туку да излезат во некоја слаткарница. И таа наша цел тогаш беше исполнета. Таква цел поставував и во факултетските денови и подоцна во професионалната работа и сега во неколкуте бизниси во кои што сум вклучен.

Завршив средно техничко училиште во Куманово (Машински Техничар) за потоа да се запишам на Машински Факултет во Скопје. Целта ми беше да имам секогаш распуст од 3 месеци и кога ќе започнам нова година да не мислам на испити од претходната. Тоа го остварив и така секогаш бев слободен од јуни до октомври.

Магистрирав на тема Анализа на клучните фактори кои предизвикуваат отпорност кон организациските промени и начини на справување со истите под менторство ан Д-р Радмил Поленаковиќ и Д-р Тодор Кралев. Темата беше сложена и бараше неколкугодишна научно-истражувачка работа, особено поради фактот што во Република Македонија во тоа време воопшто немаше спроведено анализа и истражување за таа проблематика. Производ на таа работа е скоро 250 страни научен труд од таа проблематика.

Имам учествувано на повеќе домашни и меѓунардони научно-истражувачки конференции со следниве трудови:

  • Dragan Sutevski, Radmil Polenakovic: Business Intelligence as Creator of Knowledge that is needed for Organizational Change, International Conference for Entrepreneurship, Innovation and Regional Development ICEIRD 2008, Skopje & Ohrid, 2008
  • Dragan Sutevski, Radmil Polenakovic: RESISTANCE TO ORGANIZATIONAL CHANGE VERSUS MANAGEMENT STYLES ACCORDING ADIZES, Proceedings  Faculty of Mechanical Engineering, The “Ss. Kiril & Metodij” University, 2007 Skopje.
  • Dragan Sutevski: ORGANIZATIONAL CHANGE, Chapter 8 in book The Basics of Management, Todor Kralev and Natasha Kraleva, CIM, Skopje, 2007.
  • Dragan Sutevski, Radmil Polenakovik: “ANALYSIS OF FACTORS THAT CAUSES RESISTANCE TO ORGANIZATIONAL CHANGES”, IV International Conference: Management and Engineering 2006, June 19-23, 2006, Sozopol, Bulgaria
  • Dragan Sutevski: ANALYSIS OF FACTORS THAT CAUSES RESISTANCE TO ORGANIZATIONAL CHANGES AND METHODS FOR DEALING WITH HIM, Magisterial Thesis, Skopje, 2006.
  • Vanco Donev, Dragan Sutevski:  A NEW PARADIGM IN THE MAINTENANCE MANAGEMENT, Proceedings Faculty of Mechanical Engineering, The “Ss. Kiril & Metodij” University, 2002 Skopje.
  • Dragan Sutevski, Todor Kralev, Radmil Polenakovic: “MANAGING ORGANIZATIONAL CHANGES” – First Congres of engineers of the Republic of Macedonia, October 24-26th 2002, Struga.
  • Dragan Sutevski, Todor Kralev, and Radmil Polenakovic: “OVERCOMING RESISTANCE – A WAY FOR MORE QUALITATIVE CHANGES, MAZUK 2002, November 14-17th 2002.

Оженет сум и имам прекрасен 4-годишен син, кој пројавува интерес за математика и во моментов го учам за операција собирање. Сега размислувам за една ќеркичка.


Warning: Parameter 1 to W3_Plugin_TotalCache::ob_callback() expected to be a reference, value given in /misc/25/000/213/213/5/user/web/pretpriemac.com/wp-includes/functions.php on line 3643