post

Најголемиот предизвик на семејниот бизнис 2018

На 19 јуни ќе се одржи четврта конференција за семејни бизниси “Најголемиот предизвик на семејните бизниси”.

Tеми на овогодинешната конференција се:

  • Принципот е тој, разликата е во нијансите – Што можеме да научиме од искуствата на земјите од ЕУ кои низ бизнис трасфер поминуваат стотици години – Мирела Алпеза, Хрватска
  • Вакаилионака,ќеВенаследат,некабидеподВашиуслови!–Какогопренесовводењето на Адижес Институтот на синот – Ичак Адижес, Санта Барбара
  • Големи беа чевлите на тато… морав брзо да пораснам – Моето искуство во превземањето на компанијата од татко ми, основачот – Аднан Мисимовиќ, БиХ
  • Пренос на наследство на втората генерација во пост-транзициски земји – 10 години искуство со семејни бизниси – Борис Вукиќ
  • Претставник на македонски бизнис сектор од највисоко ниво
  • Дискусија – „Како да се поттикнат основачите да започнат со бизнис трансфер“
  • SpeedDating

Повеќе детали можете да најдете на веб страната на конференцијата.

post

Во тек е реализација на проектот: Идентификување на развојните можности за структурни промени и извозна диверзификација преку активни секторски политики – студија на случај: машински и металопреработувачки сектор

Проектот е поддржан од програмата за „Јакнење на капацитетите и механизмите за поддршка на реформскиот процес на Поглавје 20“, проект финансиран од Европската Унија преку ИПА програмата за поддршка на граѓанското општество и медиуми 2015, имплементиран од страна на Фондација за Претприемачки сервис за млади (координатор), Фондација за Менаџмент и индустриско истражување и Здружение за рурален развој „Јавор“.

Продолжи…

video

Дали нашите деца ќе бидат поразлични видови?

Клучното прашања за развој на идните генерации е појдовната основа за тоа дали сите ние сме исти. Во оваа одлична презентација Juan Enriques не води преку времето и просторот се до денешниот момент за да покаже дека следува една голема еволуција на човештвото. Но, прашањето кое јас си го поставувам е дали ние спремни ќе го дочекаме сето тоа? Вреди да се погледа и да размислиме како да ги подготвиме следните генерации, а да не ги сотреме во развојот.
post

Мора да научите отворено да кажете “погрешив”

Колку и да изгледа тешко, сепак храбриот пристап секогаш отворено да си кажете и себеси и на сите околу вас дека сте погрешиле или „да погрешив” ќе биде многу важно за вашиот бизнис.

да погрешив

Зошто?

Ако ме следите доволно време сигурно знаете дека многу пати досега пишував за неизвесноста околу вашиот бизнис, за подобрувања, за преземање на акции… Тоа се некои од карактеристиките на успешни претприемачи. А, дали успешна карактеристика е непогрешливост. Одговорот е не, нема ни да најдете некој успешен претприемач кој не погрешил.

Продолжи…

gallery

Писменост за 21-виот век

Дали традиционалното учење за пишување и читање денес е доволно? Многу работи се променија, што пак бара и големи промени во секторот на образование. Погледнете ја оваа интересна презентација која дава одоговор на оваа прашање.
post

Како малите риби да не станат жртви на големите риби?

Какви промени се потребни за традиционалните бизниси, односно традиционалните претприемачи да преживеат денес, но и да бидат подготвени за утре?

одбивање

Оваа прашање е многу интересно прашање, штета што не го добив од некој од читателите на претприемач за да биде дел од подкаст епизодите.

Продолжи…

post

Поставување на вистински прашања и доаѓање до вистински одговори

Како еден претприемач секогаш ќе имате различни прашања кои ќе бараат одговори. Многу е важно за вас да поставите вистински прашања, во вистинско време и да дојдете до вистински одговори колку што можете побргу.

Вистински прашања

Постојат многу прашања кои ќе треба да си ги поставите, и постојат и многу диференцијации на прашањата. Затоа, ќе треба да имплементирате стратешки и систематски приод кога станува збор за прашања и одговори во вашата компанија.

Продолжи…

post

6 Совети за да ги најдете најдобрите одговори на вашите прашања

Бидејќи вашиот претприемачки пат ќе биде опфатен со илјадници прашања кои ќе треба да ги одговорите доколку сакате да успеете со вашиот бизнис, ќе мора да користите стратешки пристап за оваа намена.

Вистински прашања

Ќе имате еден тон прашања за вашите купувачи, конкуренција, технологија, човечки ресурси, правни аспекти на вашата компанија и многу други важни подрачја за вас и вашиот мал бизнис.

Продолжи…

chat

7 Начини драматично да ја подобрите вашата кариера

Одлична кратка презентација од еден од авторите на книгата Smart Customers, Stupid Companies. Посебно последното: ” Не ја базирајте вашата кариера на компанија која не го променила сопствениот бизнис модел уште од времето на иновирање на телефонот”.
post

Идеи кои можете да ги искористите од Мај 2013

Секој месец ги групираме идеите, односно насловите кои можете да ги искористите за вашиот бизнис и вашиот претприемачки пат. Овој пост се однесува на месецот Мај од 2013 година.

Насловите од овој серијал на постови на претприемач, на крајот на годината по уште една анализа ќе влезат на страната започни тука која служи за полесно следење на онаа што е најкорисно за вас како претприемачи а е резултат од скоро петгодишна работа на овој сајт.

Во Мај месец 2013 година на претприемач беа објавени 17 наслови од различни теми од областа на претприемништвото. Овој месец преовладуваа наслови од категоријата претприемач и претприемништво.

Месецот мај на претприемач се карактеризира и со сосема нова категорија и вид на материјали креирани за вас, а тоа е неделен подкаст на претприемач.

Продолжи…