audio

Епизода #26: Што се случува со некупувачите, кои се и што правите во однос на нив?

Да продолжиме со дваесет и шестата епизода на “претприемачки пат” во која станува збор за некупувачите тема која што исто така е поврзана со иновации и подобрување на и раст на вашиот бизнис.

Претприемачки пат

Во оваа епизода на “претприемачки пат” ќе начнам една тема која што често пати се заборава едноставно поради огромниот фокус кој го насочуваме кон купувачите, односно кон целниот пазар во кој се наоѓаат тековните купувачи и потенцијални купувачи. Прашањето е што можеме да добиеме доколку во нашите стратегии и планови за иднината ги вклучиме и некупувачите? Звучи збунувачки, но сепак имам забележано големи постигнувања на бизнисите со едноставно користење на некупувачите во дефинирање на идните стратегии за компанијата.

Продолжи…

post

Стекнување и користење на влијание за вашиот бизнис

Зошто е важна темата за влијание? Затоа што едноставно нашето внимание лесно се насочува од една на друга работа, фокусот станува се понестабилен, околу нас е една “џунгла” во која дивеет разни диви животни, тие креваат врева, не напаѓаат, сакаат да го привлечат нашето внимание…

влијание

Ако ја користиме истата метафора со џунгла и диви животни кои беснеат околу вас, кое животно ќе ви го привлече вниманието? Дали најгласното, дали најсилното, дали најстрашното…? Секако вашето внимание ќе биде привлечено од онаа животно кое на некој начин има изградено најголемо влијание во однос на тоа што вие во моментот сакате да постигнете. А што сакате да постигнете? Кога сте во џунгла во претходно дефинирана ситуација сигурно првото нешто што сакате да го постигнете е да се спасите, да преживеете бидејќи едноставно се наоѓате во опасност.

Продолжи…

post

Убедување на вашите купувачи дека токму вашето решение е вистинското

Кога имате некој проблем што правите прво? Прво треба да сте сигурни, односно да го почувствувате или да бидете свесен дека тоа е проблем. Проблемот предизвикува болка, фрустрација, незадоволство…

убедување

Кога ќе почувствувате нешто такво тоа е доволен сигнал дека имате некаков проблем. Од друга страна може и некој да ви кажал дека имате проблем за кој воопшто не сте знаеле дека го имате или пак воопшто не сте го почувствувале. Но, во секој случај веќе сте свесни дека имате проблем кој бара некој вид на решение.

Продолжи…

post

Маркетинг тестови како основа за подобрување

Маркетинг како маркетинг станува се повеќе и повеќе специфична наука која во себе интегрира различни науки како математика, психологија, кибернетика… Тоа значи дека веќе не се гледа на маркетинг како коцкање туку како еден систематски пристап и процес во развој на еден бизнис.

маркетинг тестови

Можеби секое маркетинг средство започнува во вид на коцкање, но сепак без систематски пристап кој обезбедува тестирање и итерација, односно подобрување останува да се нарекува како коцка.

Продолжи…

post

Купувачот и неговата себичност

Купувачот е старо новиот газда на вашиот бизнис. Едноставно играте по правилата кои купувачите ќе ви ги наметнат и се што правите во вашиот бизнис правите за да купувачите се чувствуваат подобро.

купувач

Моќта која ја поседуваме како купувачи не е загарантирана само со алатките со кои баратеме денес, туку и цел закон постои за заштита на потрошувачки права. Интересот на мене и мојата сопруга е да не не прави некој да бидеме “идитоти” и да си ги заштитиме 600 денари кои иако не се некоја сума, но комбинирано со обид да ни се наметне идиотизам претставуваат навистина големи.

Продолжи…

post

5 Клучни работи за да обезбедите успех во маркетинг

Маркетинг е нешто што во многу случаи ќе значи живот или смрт за една компанија. Но, сепак и нешто што лесно се забележува како несоодветно практицирање од страна на претприемачите.

маркетинг

Промашување значи губење на време, пари и ресурси кои би можеле да се искористат многу пооптимално доколку не се промашува. Но, кога зборуваме за маркетинг понекогаш промашување значи и учење доколку не станува збор за катастрофално промашување кое се случува во стилот на „упорно одење со глава во ѕид”.

Продолжи…

post

6 прашања за да го направите вашиот бизнис поразличен од останатите

Зошто вашите купувачи би го избрале вашиот бизнис во однос на останатите бизниси кои го нудат истото или сличното? Ова е клучното прашање, и доколку го најдете најдобриот одговор, гарантирано ќе успеете.

купувач

Вашиот бизнис треба да биде поразличен од вашите конкуренти. Затоа и треба да работите постојано за да го направите вашиот бизнис секогаш да биде поразличен од останатите на пазарот. Но, оваа задача не претставува задача која се спроведува и завршува еднаш и само еднаш. Правње на вашиот бизнис поразличен од конкурентите ќе бара од вас постојано откривање и подобрување на секој можен аспект на работата на вашата компанија.

Продолжи…

post

Маркетинг и зголемување на продуктивноста на маркетингот

Да имате навистина продуктивен маркетинг систем во вашиот бизнис е нешто што ќе донесе позитивни резултати за целата ваша компанија. Што претставува маркетинг продуктивност?

Продуктивност на маркетингот

Дали маркетинг продуктивност претставува користење на помалку маркетинг тактики како дел од вашите маркетинг напори? Или пак тоа значи користење на повеќе маркетинг тактики? Дали е нешто што ќе значи трошење на помалку пари во однос на маркетингот?

Продолжи…

post

Моќта на физичкиот контакт…

Иако живееме во свет во кој алатките кои ги поседуваме го поедноставуваат социјалниот живот на луѓето, сепак се чини дека физичкиот контакт останува моќно средство за подобрување на бизнисите.

Многу пати пишував за стартапи и проверка на бизнис идеите и хипотезите за бизнис моделот. Иако алатките дозволуваат без физички контакт да прибереме доста информации, сепак мора да ни биде јасно дека без директно гледање очи во очи нема да знаеме дали решението кое што го нудиме е навистина извонредно и дали тоа решение ќе биде нешто што ќе помине на пазарот.

Физичкиот контакт со вашиот купувач и натаму останува најмоќно средство за стекнување на информации кои не само што ќе бидат најблиски до вистината, туку и ќе ви помогнат да го прилагодите вашиот бизнис токму онака како што купувачите сакаат тој да изгледа.

Продолжи…

post

Како вашите купувачи да бидат свесни дека имаат проблем?

Што доколку вашето решение, односно производ или услуга се толку иновативни, да вашите потенцијални купувачи воопшто не се свесни дека имаат таков проблем за решавање?

Постојат две сценарија како одговори на оваа прашање.

Првото сценарио е да ги вложите сите напори во развој на решението и пуштање на пазарот, а при тоа никој да не го купува вашиот производ или услуга. Оваа сценарион не го сакаме, нормално. Доколку ја погледнеме статистиката на многу иновативни производи ќе забележиме дека и големите компании имаат повеќе промашувања отколку успеси кога станува збор за “премногу” иновативни решенија кои се наменети на проблеми за кои сеуште не постои свесност за потреба од нивно решавање.

Продолжи…