Оваа прашање е многу интересно прашање, штета што не го добив од некој од читателите на претприемач за да биде дел од подкаст епизодите.
Како малите риби да не станат жртви на големите риби?
Претприемништво – предности и недостатоци
Секоја работа си има свои убави, но и помалку убави страни, односно носи одредени привилегии и предности, како што има и свои мани и недостатоци.
Исто така и претприемништвото ги носи во себе овие карактеристики.
Предности на претприемништво како професија
Како предност треба да се истакне тоа што претприемачите поседуваат одредена автономија-независност и слобода во одлучувањето по голем број на прашања (сам свој газда), но не и на сите, бидејќи постојат одредени фактори кои не можат тукутака да се игнорираат (влада, добавувачи, купувачи, сите имаат своја тежина, па во голем број случаи претприемачот мора свесно да ја ограничи својата автономија).
Предност да се започне сопствен бизнис е и чувство на достигнување и контрола на финансиите. Не е секогаш во прашање само зголемување на богатството. Голем број на претприемачи не бараат исклучиво само богатство, туку тоа што го имаат да можат да го контролираат.
Недостатоци на претприемништво како професија
Како негативност се јавува личното жртвување. Претприемачот има многу работа, особено во првите години. Нема време за семеен живот, рекреација, одмор. Постои голема напнатост и високо ниво на стрес. Претприемачот треба да си го постави прашањето за тоа, колку е самиот способен да се жртвува за бизнисот да биде успешен. Се јавува љубомора кај пријателите.
Товарот на одговорност е голем. Претприемачот често нема соработка со луѓе од ист ранг, па не постои колегијалност, поделба на информации. Поради тоа и одговорноста е значително поголема. Претприемачот е сам на врвот, нема со кого да ги размени мислите. Тој ставил се под хипотека кога зел кредит. При тоа се јавува чувство на осаменост. Додека бизнисот не порасне, тој мора да има познавање на голем број на области (маркетингот, финансиите, производство).
Постои исклучително мала толеранција за грешки. Големите компании можат да погрешат и да воведат производ кој не оди, но тоа нема да ги уништи, бидејќи имаат дополнителни приходи од други бизнис активности, додека кај малите бизниси една погрешна одлука може да го закопа бизнисот.
Награди и казни за еден претприемач
Досега имавме искажано повеќе ставови (на пример, во предности и недостатоци на претприемништвото) имаат повеќе основа во академското набљудување на претприемачите и на претприемништво. Но, и анкетираните дваесетина успешни претприемачи и нивната дискусија како дел од нашето пошироко научно-истражувачко подрачје покажала дека сите тие се сложуваат во врска со наградите и казните.
Наградата ја гледат во следниве работи:
- сатисфакција да се биде сам свој газда;
- да се обезбеди иднина;
- бизнисот може да се продаде кога е најпрофитабилен;
- се создава работа за други луѓе и им се помага да се развијат;
- се добива дивиденда;
- да се дели профитот со партнерот;
- почитуван граѓанин;
- чувството на успех.
Казните ги гледат во следниве работи:
- претприемачот не е целосно сам свој газда (клиентите, инвеститорите и владините организации се “газди“, мора да се задоволат клиентите, да се платат даноците на државата, да се одговори на различните барања);
- поседување на ограничените ресурси;
- откажување од сонот за преземање големи и важни проекти (бидејќи нема пари или други ресурси);
- претприемачот работи многу напорно (бизнисот исцрпува, нема слободно време, има многу растурени бракови);
- доживување на неуспехот во работењето е голема казна (бидејќи постои веројатност да се случи успех но, и неуспех, неуспехот може да се прифати, меѓутоа треба да се преболи и преброди и од него да се извлече поука, за да не се погреши вторпат при иста работа).
Негативни карактеристики на претприемачите
Покрај сите наведени, претежно во суперлативи искажани карактеристики на претприемачите, во практика многу тешко може да се сретнат сите тие карактеристики кај еден претприемач. Сите тие искажани карактеристики се повеќе проекција на потребите, кои треба да ги задоволат претприемачите и се доближуваат до совршенство. Но, совршенството сепак е научна фантастика, тоа е повеќе “несовршено совршенство“. Во реалноста претприемачите може да имаат и негативни карактеристики:
- вообразеност,
- дрскост,
- манипулативност,
- агресивност,
- склоност кон шпекулации,
- некомуникативност,
- а знаат да бидат непријатни како за колегите, така и за семејството.
Постигнување на совршенство во се!
Совршенство, перфекционизам…
Сигурно дека можеме да бидеме совршени во нешто, но дали можеме да бидеме совршени во однос на се што го работи нашиот бизнис?
Реално барање на перфекционизам во се претставува опасност за бизнисите особено поради фактот што праксата покажува дека совршенството не се постигнува 100% секогаш. Па затоа започнуваме со калкулации, 100% совршенство минус 1% совршенство, дали е прифатливо? Или пак некои други бројки, за да откриеме што е прифатливо за нас како одалеченост од совршенството.
Ние сме израснале во општество кое преку сопствениот образовен систем бара да бидеме совршени постојано. Но, совршенството сепак е далеку од нас. Не можеме да бидеме совршени во се. Можеби и грешката на самиот образовен систем лежи токму во тоа барање на совршенство од секое дете, а не насочување во нешто во кое може да биде најблиску до совршенството.
Како еден претприемач секогаш бараш да бидеш совршен во се што го работиш за твојот бизнис. Но, и мало отстапување значи дека не си совршен, иако можеби блиску сепак совршенство значи 100%.
Сега, размисли колку време ти треба за да стигнеш до совршенство кое всушност не е совршенство, бидејќи секогаш ти недостига тој 1% за целосно совршенство. Без тој еден процент нема совршенство.
Пред да продолжам со некои идеи за постигнување на “несовршено совршенство” би сакал првин да презентирам еден дијаграм позајмен од книгата на Seth Godin насловена како Linchpin. Добро погледајте го дијаграмот.
Што гледате? Гледате дека совршенството е недостапно и тоа оди до бесконечност. Секогаш ќе недостасува нешто. Но, многу е важна и втората оска Х која го покажува времето. Колку време ќе потрошите за да стигнете до “несовршено совршенство”. Затоа, кога го бараме совршенството секогаш треба да започнеме со прашањето: Вреди ли?
Но, како да го постигнеме тоа “несовршено совршенство” кое сепак е потребно за нашиот бизнис?
#1 Пасија
Работи го она за што имаш пасија. Тоа е она во што уживаш, што сакаш да го работиш, што претставува најголемо задоволство за тебе и секако во што си најдобар.
Доколку целосно се фокусираш на твоите силни страни, односно она во што си најдобар, и за што имаш пасија секогаш ќе може да стигнеш најблиску до совршенството кое тука го нарекуваме “несовршено совршенство”.
#2 Вежбај
Исто како и во спортот, постојано вежбање е нешто што доведува до совршенството. Колку повеќе тренираш во однос на твоите најсилни страни, толку поблиску ќе бидеш до “несовршено совршенство”.
#3 Пробувај, ништо не се постигнува од прва
Ништо не се постигнува од прва. Зошто? Затоа што единствената константа во бизнисот е неизвесноста. Доколку не пробаш, нема да знаеш. Доколку не погрешиш, нема да научиш. Доколку не научиш, не можеш да стигнеш до тоа посакувано “несовршено совршенство”.
#4 Каде што си најслаб, пополни со експерт од надвор
Сепак, да се биде претприемач бара многу знаења, искуства или совршенства. Не можеш да бидеш совршен во сите, но можеш да најмиш “несовршено совршенство” па да ја комплетираш целината.
Претприемничко однесување
Во текот на работењето, претприемачите мора да обрнат внимание на своето однесување за да остварат поголема ефикасност и ефективност. Одредени психолошки карактеристики претприемачите ги поседуваат од порано, но некои можат да се научат и развијат во текот на работењето. Ние ги потенцираме претприемнички однесувања презентирани подолу, како карактеристични и пожелни во работењето на секој претприемач.
#1 Способност да се забележи шанса и подготвеност перманентно да се бараат нови шанси
Шансата треба да се гледа во секој проблем. На пазарот има неограничен број шанси. Тие треба да се препознаат и да се операционализираат. Треба да се задоволат потребите кои не се задоволени или кои не се соодветно задоволени. Треба да се креира некоја потреба и да се забележи шансата која останатите не можат да ја видат.
#2 Доверба во идејата и во сопствените квалитети
Претприемачот размислува слободно и самостојно, при што идеите на почеток претставуваат претприемачки сон. Тој мора да верува дека неговата идеја има пазарна оправданост. Пазарните потреби треба да се проценат реално, а тој треба да биде исполнет со самодоверба.
#3 Ориентираност кон иднината
Претприемачите живеат во сегашноста, но со мислите се во иднината. Претприемачите треба да размислуваат барем неколку години нанапред.
#4 Креативноста
Креативноста треба да е присутна во сите фази, а не само во почетната фаза. Треба да се размислува на неконвенционален и нетрадиционален начин. Треба да се има аверзија кон “status quo”. Образовниот систем ја задушува креативноста, бидејќи настојува да задржи униформно однесување за одредени ситуации, во кои може и покреативно да се реагира.
#5 Пазарна активност и желба за натпреварување
Успехот зависи од способноста да се задржат постојните и да се стекнат нови купувачи. При тоа треба да се поседува натпреварувачки дух и перманентно да се докажува и потврдува на пазарот. Постојано треба да се поставува прашањето: Што можам да направам за купувачите? бидејќи од купувачите зависи се.
Конкуренцијата претставува битен ориентир, кој му покажува на претприемачот каде тој во моментот се наоѓа на пазарот, кои се неговите предности и недостатоци.
#6 Флексибилност и адаптибилност
Мора да постои бизнис план, при што постојано се врши корекција. Треба да се биде флексибилен и да се располага со резервни деловни стратегии.
#7 Реален оптимизам
Оптимизмот е реален поглед на светот, животот и бизнисот и овозможува да се прескокнат пречките во животот и во работењето. При тоа во секоја пригода се гледа шанса. Претприемачот оптимист не гледа многу лошо на пропаѓањето на некој бизнис (макар што тоа не е пријатна случка), бидејќи тоа може да биде едно искуство, врз основа на кое понатаму би се отпочнало и развивало некое поуспешно претприемничко остварување.
Постојат два вида оптимизам:
- реален оптимизам, кој промовира успех и
- слеп оптимизам, кој води кон неуспех.
Успехот не значи само 100 % остварување на целите. Треба да се оперира со реални претпоставки и перспективи, при што целите и роковите се поставуваат реално.
#8 Способност за комуницирање
Претприемачите треба да бидат добро социјализирани и комуникативни во сите фази од работата. Тие треба квалитетно да комуницираат со финансиерите, потенцијалните купувачи, потенцијалните партнери, снабдувачите, вработените, треба да се научат да ги презентираат своите идеи, за да го задржат вниманието на слушателите, за да можат да ја постигнат својата цел.
#9 Подготвеност за големи откажувања и целосна посветеност на работата
Претприемништвото подразбира многу тешка работа. Треба и со телото и со духот да се биде посветен на работата. Да се заборави категоријата работно врeме, кое изнесува многу повеќе од 8 часа дневно. Има малку успеси преку ноќ, а семејството и пријателите се во втор план, како и забавата, разонодата, рекреацијата и сл.
#10 Прифаќање на ризик
Ризикот постои во секое одлучување и треба адекватно да биде управуван. Секој има толерантно ниво на ризик, за тоа што се губи во одредена ситуација. Дури и најуспешните претприемачи имале сериозни промашувања и при тоа се учеле на грешките.
#11 Истрајност и упорност
Истрајноста и упорноста се бара во сите фази. Во концепциската фаза – за да не се отфрли добра идеја. Во реализацијата – за да се задржи континуитетот, да се решаваат бројните проблеми и предизвици. Ако е во прашање тврдоглавоста и удирањето со глава во зид, тогаш истрајноста и упорноста немаат смисла.
#12 Акциска ориентираност
Клучен момент претставува реализирањето на идејата во практика. Многу луѓе имаат идеи, но нема многу луѓе кои тие идеи можат да ги реализираат. Бизнисот станува стварност кога претприемачот почнува со акција. Деловните одлуки понекогаш треба да се донесуваат веднаш, за да не се случи некој друг да ја “зграби” идејата за замислениот бизнис.
Како твоите соништа да станат реалност?
Сите ние имаме соништа. Сакаме да биднеме нешто, да постигнеме нешто, да успееме во нешто… Сите сакаме нешто за утре што го немаме денес! Тоа се нашите соништа.
Можеби имаш сон да станеш претприемач. Можеби сонот ти е да го направиш твојот бизнис успешен.
Но, соништата се вредни само доколку станат реалност. Само тогаш можеш да ги почувствуваш бенефитите од твоите соништа.
Како твоите соништа да станат реалност.
#1 Точно знај и биди сигурен во тоа кои се твоите соништа
Нема да можеш да ги оствариш соништата доколку не си 100% сигурен за нив. Како можеш да постигнеш нешто доколку не знаеш точно што е тоа нешто. Дури и најмала “магловитост# може да те спречи во реализацијата.
- Ги знаеш ли твоите соништа?
- Можеш ли да ги идентификуваш?
- Можеш ли да ги опишеш?
- Можеш ли да ги покажеш?
#2 Што треба да направиш за да твоите соништа станат реалност?
Кога веќе ги знаеш точно твоите соништа, или оние најприоритетните, веќе можеш да го исцрташ патот кој во иднина ќе треба да го поминеш за да тие соништа станат реалност.
- Можеш ли да го нацрташ патот?
- Можеш ли да го опишеш патот?
- Можеш ли да го покажеш патот?
#3 Кои се најголемите препреки на тој пат?
Секогаш, секогаш, секогаш ќе имаш нешто како препрека што ќе те запира или успорува на твојот претприемнички пат. Мора да ги знаеш најголемите препреки кои те запираат во постигнување на успехот на твојот претприемнички пат и остварување на твоите соништа.
- Зошто сеуште не си успеал со твоите соништа?
- Можеш ли да составиш една листа со најголемите препреки?
- Можеш ли да ги приоритизираш препреките од листата?
#4 Како можеш да ги елиминираш најголемите препреки?
Кога знаеш што е она што те запира со твоите соништа, мора сето тоа да го елиминираш доколку сакаш да успееш.
- Од каде треба да започнеш?
- Кои акции треба да ги преземеш?
- Кога треба да ги преземеш тие акции?
- Можеш ли да дадеш јавна изјава дека ќе ги спроведеш тие акции?
#5 Прекини со сонување, започни да имплементираш!
И конечно, мора да прекинеш со сонување. Соништа кои не се остварени, нема да ти донесат ни тебе ни на твојот бизнис успех. Луѓето кои само сонуваат не се претприемачи. Претприемачи се лица кои успеавтаа нивните соништа да ги претворат во реалност.
10 Правила за успех на претприемачи
Како еден претприемач ти си жеден да бидеш успешен. Понекогаш процесот ќе биде спор, но понекогаш ќе биде брз.
Но, да знам дека сакаш да бидеш успешен колку што може побрзо. Постојат две различни, но важни прашања за тебе:
- Како да станам успешен претприемач?
- Како да станам успешен претприемач колку што може побрзо?
Но, пред да започнеме со правилата, запрашај се себеси едно прашање: Што претставува успех за тебе?
Различни претприемачи имаат различна дефиниција за нивниот успех. Затоа и не може да се земе еден јасен патоказ кој ќе ти го покаже патот кон успехот. Но, можеме да ги исцртаме основните правила кои доколку ги следиш на твојот сопствен пат, ќе го најдеш успехот.
Правило #1: Дефинирај ја твојата визија
Твојата визија е нешто што јасно дефинира што е успех за тебе како претприемач. Мора да имаш визија доколку сакаш да бидеш успешен. Не може да очекуваш да бидеш успешен доколку не знаеш каде треба да стигнеш, или пак што е успехот.
Правило #2: Не прави го она што не сакаш да го правиш
Како еден претприемач, треба да сакаш да го работиш она што го работиш во твојот бизнис. Понекогаш тоа нема да биде онака како што си испланирал дека ќе биде (всушност во повеќе случаи нема да биде како планираното). Мора да имаш пасија за твојот бизнис. Пасијата е една од најважните сили која ќе те турка кон успехот.
Правило #3: Гради ја заедницата околу твојот бизнис
Важна работа за успехот на твојот бизнис е дека ќе имаш потреба од луѓе, и тоа многу луѓе. Ќе ти требаат купувачи. Ќе ти требаат вработени. Ќе ти требаат луѓе со кои ќе зборуваш и комуницираш. Ќе мора да започнеш да ја градиш заедницата што поскоро.
Правило #4: Комуницирај со твојата заедница
Не мора да градиш заедница само за да им продаваш. Ти треба заедница со која ќе комуницираш и во одредени случаи ќе градиш партнерски односи. Таквите односи имаат голема моќ за да го направат твојот бизнис да биде успешен.
Правило #5: Слушај ја твојата заедница
Мора да слушаш и да учиш од твојата заедница. Тоа знаење е важно да биде интегрирано во твојот бизнис преку производи и услуги кои ќе ги задоволат потребите на заедницвата.
Правило #6: Користи ги грешките како алатка за подобрување
Доколку направиш грешка или не успееш во нешто, тоа не значи дека нема да биднеш успешен претприемач. Ќе бидеш неуспешен само доколку не учиш од тие грешки, и не се подобруваш себеси и твојот бизнис врз база на тоа искуство. Мора да знаеш дека грешките можат да те подобрат и тебе и твојот бизнис.
Правило #7: Промени
Доколку не се менуваш себеси и твојот бизнис, пазарот ќе се промени и ќе те остави изолиран во него. Подобро е да бидеш лидер отколку следач. Доколку немаш јасен пат за да станеш успешен, ќе има потреба од различни маневри. Треба да имплементираш промени.
Правило #8: Пронајди начини да ги надминеш лимитите
Ти како еден претприемач си личност која не размислува за лимити. Доколку гледаш лимити наместо можности, ќе мора да го промениш твоето размислување од корени и да започнеш да гледаш и зад тие ограничувања.
Правило #9: Диференцирај се себеси
Не мора да гледаш во она што сите други го прават. Тоа не е нешто што ќе те направи успешен. Мора да се диференцираш и себеси и твојот бизнис. Како твојот бизнис се разликува во однос на конкуренцијата?
Правило #10: Прослави и награди
Твојот пат за да станеш успешен нема да биде една права линија. Ќе имаш многу цели помеѓу она каде си сега и каде сакаш да бидеш во иднина. Доколку сакаш твојот пат кон успешноста да продолжи ќе мора да ги прославуваш и наградуваш сите постигнувања на целите на тој пат.
Знај зошто го правиш она што го правиш
Знаеш ли зошто го правиш она што го правиш?
Ти си претприемач! Имаш своја компанија! Имплементираш промени! Решаваш проблеми! Превземаш акција! Гледаш можности онаму каде што другите гледаат проблеми!
Зошто го правиш она што го правиш?
Дали навистина си сигурен околу тоа зошто го правиш токму она што го правиш? Дали ти си главната причина, или пак ти и твоето семејство? Дали твоите потрошувачи се главната причина зошто го правиш она што го правиш како еден претприемач?
Веројатно, ќе одговориш дека она што го правиш затоа што сакаш да ги постигнеш твоите лични и деловни цели. Но, мислам дека мора да одиме подлабоко во одговор на ова прашање.
Како претприемач треба да имаш, а веројатно и имаш поттикнувачи кои ќе те буткаат на твојот претприемнички пат. Ти треба нешто што ќе ти каже да не застануваш кога ќе мислиш да застанеш. Ти треба нешто што ќе те поттикнува секојдневно да ја подобруваш твојата компанија. Ти треба нешто што ќе го извлекува твојот максимален потенцијал.
Без тие поттикнувачи, ќе го загубиш својот сопствен потенцијал да ја направиш твојата компанија успешна.
Треба да имаш пасија кога го правиш она што го правиш. Таа пасија е една од најважните движечки сили за тебе.
- Кои се твоите чувства околу актуелен или потенцијален бизнис како претприемач?
- Дали тој бизнис е возбудлив за тебе?
- Дали треба нешто да се промени за да ја направиш твојата работа да биде со повеќе пасија?
Како и да е, нема да можеш да ја направиш твојата компанија успешна ако не уживаш во тоа што го правиш. Сосема логично.
- Кои се работите во кои најмногу уживаш во твојот бизнис?
- Зошто токму во нив уживаш?
- Каков ефект има тоа уживање врз тебе и твојата компанија?
- Можеш ли да ја направиш твојата работа попријатна?
Не можеш да ја направиш твојата компанија успешна ако не си исполнет со тоа што го работиш.
- Што правиш за да се чувствуваш исполнет во твојата работа?
- Има ли нешто што може да го зголеми твоето исполнување?
И да, твојата компанија не може да биде успешна ако не ги задоволува твоите и потребите на потрошувачите.
- Кои се потребите на потрошувачите кои што ги задоволува твојот бизнис?
- Кога тие се менуваат, можеш ли да спроведеш брзи промени во твојот бизнис?
- Дали работата на задоволување на твоите потрошувачи е нешто за што ти имаш најголемо знаење и искуство?
- Дали работата на задоволување на твоите потрошувачи е нешто што претставува твоја пасија?
- Дали работата на задоволување на твоите потрошувачи е нешто во што ти уживаш?
- Дали работата на задоволување на твоите клиенти е нешто што те исполнува?
Како претприемач треба да имаш знаење, искуство, страст, задоволство и исполнување за да ги задоволиш твоите потрошувачи. Ако тие се задоволни, твоето уживање и исполнување ќе биде многу поголемо.
Размисли за одговори на прашања од овој пост. Тие можат да те охрабрат да размислуваш за блиските односи помеѓу тебе, твојот бизнис и она што го правиш во твојот бизнис.
Постигни повеќе со подобар квалитет и помал напор
Ова е нешто за што размислувам во последните 10-15 години. Отсекогаш сум се обидувал да најдам начини да направам повеќе со подобар квалитет на мојата работа, но со помалку напор. Тоа изгледаше како perpetuum mobile. Сепак, од друга страна, тоа е императив да се зголеми продуктивноста.
Што мислиш за ова? Можеш ли да направиш повеќе со повеќе квалитет и помалку напор? Да, можеш.
Тука сакам да претставам една корисна листа на совети кои можат да го направат ова да биде возможно.
1. Не бегај од технологијата.
Целта на секоја нова технологија е да го направи твојот живот подобар. Нешто што ќе ти даде повеќе слобода, но исто така и поголема продуктивност. Тоа значи дека можеш да направиш повеќе работи, со помалку време и напор, но со подобар квалитет.
Ако најдеш нешто корисно пробај го. Види, дали тоа може да биде корисно за тебе или твојот бизнис. Ако одговорот е да, се започни со користење на таа технологија која ќе биде стандард за тебе и твојот бизнис.
2. Секогаш барај ги можните подобрувања
Се може да се подобри. Твојот живот може да се подобри. Твојот бизнис може да се подобри. Технологијата која се користи може да се подобри. Твоите процеси можат да се подобрат. Твоите навики можат да се подобрат. Навиките на твојот вработен можат да се подобрат. Книгата што ја читаш може да те подобри.
Размисли за тоа. Што може да биде подобро? Што може да се подобри? Како може да се подобри? Тоа се прашања кои треба да си ги поставуваш секојдневно ако сакаш да бидеш успешен претприемач.
Знаеш, подобрувањета ја зголемува продуктивноста.
3. Не се обидувај да користиш кратенки кои нема да ги дадат резултатите што сакаш да ги постигнеш
Зборував за тоа во еден од претходните пост каде што заклучокот е дека кратенките можат да биде опасни за твојот бизнис. Треба да размислиш пред да одиш со кратенки. Понекогаш тоа ќе ти дадат време, но ќе ја намали севкупната продуктивност.
4. Секогаш поедноставувај каде што може да се поедностави
Едноставност значи подобар живот за тебе како претприемач. Се може да се поедностави. Понекогаш, бидејќи сакаме да ја покажеме нашата супериорност, ние правиме нештата да бидат многу сложени, тогаш никој не може да не разбере. Обиди се да поедноставуваш.
5. Приоритизација на твоите задачи
Ти треба приоритизација ако сакаш да го постигнеш она што го сакаш со повеќе квалитет и помалку напор. Ништо не може да биде со ист приоритет. Најди ги твоите приоритети и нека бидат први на листата.
6. Не троши го своето време за непотребни активности
Знам дека мора да читаме email пораки, да разговараме со пријателите, гледање ТВ… Но, сè треба да биде во право време. Кога работиш, тогаш работи на твојата приоритетна листа.
7. Секогаш учи за нови работи
Учењето ќе ја зголеми твојота бизнис потенцијална енергија како претприемач. Ако учиш, ќе знаеш. Ако знаеш, можеш да подобриш и да поедноставиш. А кога ќе се подобри и ќе се поедностави можеш да направиш повеќе со подобар квалитет и помалку напор.
Идеи кои можете да ги искористите од Септември 2011
Кои се најкорисните идеи кои можете да ги искористите од минатиот месец кога станува збор за вашиот бизнис и искуство како еден претприемач? Овој месечен серијал на постови ги издвојува најдобрите наслови кои ќе влезат во страната Започни тука на претприемач на крајот на годината.
Оваа издание ќе го започнам со малку статистика. Во септември 2011 имаше 54 постови на претприемач. Ова е повеќе од вообичаено поради фактот што оди предизвикот за блогирање за бизнис во 30 дена. Оваа недела ќе заврши предизвикот но ќе започнеме со нов насловен како Подобри го твојот бизнис за 77 дена. Заклучно со 30.09.2011 има објавено 804 постови. Целта е да се стигне до 1000 до крајот на оваа година, но ќе видиме дали ќе може да се реализира.
Овој месец ја завршивме реализацијата на Бизнис совети 101 кој има за цел да ги групира многуте постови во еден прирачник кој може да ви помогне за вашиот бизнис. Но, она што ќе следува како на претприемач, така и на билтените и премиум претприемач носи голема возбудливост. Во секој случај ќе има многу промени, многу материјали и многу едукативни содржини.
Значи во септември на претприемач беа објавени вкупно 54 постови, да видиме кои може да влезат во категорија на најдоброто согласно идеите и посетеноста.
Започнување на бизнис
Започнување или стартапот е директно поврзано со претприемништво и претприемач. Но, сите три содржат и неизвесност, а неизвесноста е ризик. Многу елементи се поврзани директно со тебе – претприемачот. Сепак започнувањето иако можеби е најтешкиот тој е и највозбудливиот дел.
- Колкав ризик можеш да толерираш? Добро е уште пред започнување да го дадеш одговорот на оваа прашање.
- Ти си претприемач, дали се разбираш доволно себеси? Сепак ти си централниот дел на твојот бизнис и не треба да се запоставиш, бидејќи тоа може да биде опасно како за тебе така и за твојот бизнис.
- Веројатно си одличен за нешто. Кога станува збор за започнување на бизнис, мора да бидеш одличен во нешто што ќе биде основниот концепт на твојот бизнис.
- Бизнис идеите се само почеток. Да, добра бизнис идеа не значи и добар бизнис по автоматизам.
- Претприемништво, дали си вистинската личност за ова? Не сакам да го коментирам но во овој серијал од два поста во голем дел е навлезоно во позначајните прашања.
- 10 вештини кои на секој претприемач му се потребни веднаш.
Продажба
- Продадовте ли нешто денес? Добро секојдневно прашање по кое треба да следува зошто да или зошто не. И секако што може и треба да се подобри.
- Пред продажба потребни се повеќе работи. Продажбата е врвот на успехот, постигнување на целта. Но, пред тоа мора да постојат повеќе функционални чекори кои треба да доведат до тој успех.
Маркетинг
- Слушање како нова бизнис функција. Дали ги слушате вашите потрошувачи? Дали ги слушате вашите потенцијални потрошувачи? Полека но сигурно слушањето прераснува во една од најзначајните бизнис функции.
- Твоите маркетинг пораки треба да ги дадат овие одговори. Ако успееш во овие напори, ќе успееш како претприемач и твојот бизнис ќе биде на вистинскиот пат.
- Повик за акција – 7 работи кои можеш да ги подобриш. Една од клучните компоненти на неодолива понуда е твојот повик за акција, бидејќи воопшто не постои потреба од некоја понуда што не поттикнува некоја акција.
Бизнис план
- Постави ги твоите бизнис цели одговарајќи на следниве прашања. Се што ти или твојот бизнис го превземате или секоја акција која ја превземаш е за да постигнеш нешто. Тоа нешто се твоите бизнис цели