2 Минути претприемништво во петок: Да започнам или да не започнам бизнис
Епизода #34: Што да продавате производ или време?
Во оваа епизода на претприемачки пат зборувам за eдно можеби суштинско прашање за вашата иднина, а тоа е што да продавате, производ или време. Не, ова нема да биде дефиниција на тоа што претставува производ, а што услуга, туку што добивате ако продавате услуга како производ, а што ако ја продавате истата како ваше време.
Три големи ситници во семејните компании
На 24.06.2015 година (среда) на Скопски саем ќе се одржи прва конференција насловена како “Предизвици на транзицијата на семејните бизниси” на која во поголеми детали ќе се зборува за замките на на семејните/приватните компании. Тука ќе стане збор за три такви замки и тоа:
- Прва работа на наследникот не смее да биде генерален менаџер;
- Членовите на семејството не треба да имаат повисоки плати од нивните колеги на иста позиција на која ги извршуваат истите задачи;
- Членовите на семејството треба да го почитуваат работното време…
За жал, практиката не уверува дека се случува токму спротивното.
Национален Get In The Ring (GITR) натпревар за инвестиција до €1.000.000
Национален Get In The Ring (GITR) натпревар за инвестиција до €1.000.000
Драги старт-ап компании и претприемачи,
Со големо задоволство ви го претставуваме националниот Get In The Ring (GITR) натпревар. Не пропуштајте ја оваа исклучителна можност, пријавете се и учествувајте во трката за инвестиција до €1.000.000. Националниот Get In The Ring натпревар ќе се одржи на 8.10.2014 (среда), а крајниот рок за пријавување на старт-ап компаниите е 20.9.2014. Пријавувањето се врши директно на страната на GITR:
Причина за постоење на вашиот бизнис
Иако целта на започнување на бизнисот е една, целта, односно причината за постоење на бизнисот (што се нарекува и мисија) не е иста со целта на започнување. На пример, целта на започнување може да бидете вие како еден претприемач, вашата благосостојба и вашиот подобар живот како и на вашето потесно семејство.
Тестирање на претпоставки во услови на неизвесност
Ќе започнам со едно истражување на Стенфорд Универзитет спроведено од Д-р Керол Двек кое покажува како луѓето размислуваат за нивните акции и како тие се поврзуваат со успех и неуспех во еден неизвесен свет на еден од два начини.
Има ли пазар…? Моето лично мислење е…
И потоа продолжува има пазар, ќе има пазар, сеуште нема но ќе го создадеме итн. Не, не, не, не, не… Прашањето е јасно има или нема. Не ме интересира твое лично мислење ме интересира мислењето на оние кои го сочинуваат или ќе го сочинуваат пазарот во иднина.
Епизода #25: Тестирање на претпоставки и стапици кои ќе треба да ги одбегнете
Продолжуваме со дваесет и петтата епизода на “претприемачки пат” во која станува збор за тема поврзана со иновации и стартапи, односно за тестирање на претпоставки, односно хипотези за нова идеја или иновации.
Во оваа епизода на “претприемачки пат” малку ќе се навратиме на темата на годината, иновациите која на некој начин е поврзана и со стартапи. Денеска не можеме да очекуваме дека можеме да научиме нешто и да го имплементираме онака како што сме го научиле во реалноста. Секој бизнис, ама баш секој бизнис функционира во крајно неизвесно опкружување. Дури слободно можеме да кажеме дека неизвесноста е единствената константа за секој бизнис.