Вие ја имате вашата визија, или она што ви кажува каде сакате да бидете на крајот од 2011 година.
Ги имате вашите цели, или она што треба да го постигнете до крајот на 2011 година.
Го имате вашиот план, или што треба да направите за да го постигнете она што сакате да го постигнете за да бидете онаму каде што сакате да бидете.
Полека, но сигурно навлегуваме во последните месеци од 2011 година. Можеби сега е вистинското време да се запрашате следниве прашања:
- Одам ли по дефинираната траекторија за реализација на мојата визија?
- Дали досегашните постигнувања гарантираат постигнување на поставените цели за 2011?
- Дали просечниот месечен прогрес во постигнување на целите ветува целосно нивно исполнување до крајот на годината?
- Доколку не ветува, зошто месечниот прогрес во постигнување на целите не ветува целосно нивно исполнување до крајот на годината?
- Што треба да се прилагоди за да се обезбеди целосно постигнување на целите?
- Постојат ли потреби да се сменат целите или пак треба да ги смениме активностите?
- Постои ли потреба од дополнителни ресурси?
Сега, што ќе реба да направите откако ќе ги одговорите прашањата?
Првин осигурај се дека се е онака како што е планирано
Започни да се фокусираш на елементите кои те одалечуваат од постигнувањето на целите кон реализација на визијата. Море да бидете свесни дека секогаш ќе постојат препреки кои ќе ве притискаат наназад. Пронајди ги и елиминирај ги.
Доколку нешто оди во несакана насока, земете пенкало и хартија и забележете се што треба да биде подобрено за да се обезбеди целосно исполнување на целите.
Второ, доколку има потреба од промени, менувај!
Како што можете да забележите, ќе постојат потреби од промени во вашите задачи или пак во вашите цели.
Доколку откриете дека вашите цели се неостварливи или нереалистични ќе треба да ги промените.
Доколку откриете дека вашите цели се остварливи и реалистични, тогаш вашиот проблем не се целите, туку активностите предвидени и содржани во вашиот бизнис план. Ова значи дека вашите активности не допринесуваат во остварување на целите и затоа мора да ги смените.
Па, како оди со постигнувањето на вашите цели за 2011?
Speak Your Mind