post

Ден 12: Бизнис модел – 77 подобрувања за 77 дена

Подобрување на креативност Денес, ќе продолжиме со дванаесетиот ден од нашиот предизвик за подобрување на бизнисот за 77 денови. Се наоѓаме во делот на подобрување на процесот на бизнис планирање и веќе поминавме подобрувања на претходно искуство, предвидување и знаење.

Сега е време да продолжиме со бизнис моделот, бидејќи твојот процес на бизнис планирање во голем дел ќе се базира на него, или на основните релации помеѓу различните елементи на твојот бизнис модел.

Бизнис моделот претставува фундаментално место каде ќе можат да се најдат можни подрачја за подобрување.

Твојот бизнис модел е нешто што едноставно во една слика ќе опише како твојата компанија креира, дистрибуира и комуницира вредност со потрошувачите. Вредноста е основната премиса на секој бизнис. таа е нешто што твојата компанија го нуди на пазарот. Може да креираш и да имаш вредност, но без соодветна дистрибуција и комуниакција на таа вредност не можеш да очекуваш успех за бизнисот. Доколку не ја комуницираш вредноста, твоите потенцијални пкупувачи нема да знаат за постоењето на таа вредност.

Бизнис моделот може да биде обична слика со дијаграм кој ќе ги поврзе различните елементи како вредноста, каналите на дистрибуција, потрошувачи, конкуренти, стејкхолдери…

Исто така може да биде и на парче хартија со неколку зборови или реченици кои наративно ги опишуваат истите конекции како погоре.

Сметам дека повеќето бизниси страдаат поради недостаток на јасно дефиниран бизнис модел. Без него, не можат да изработат соодветна стратегија или бизнис план кој би ја поддржал таа стратегија. Затоа и претставува важен дел од твојот процес на подобрување. Подобар бизнис модел, значи подобар бизнис план и подобра иднина за твојата компанија.

  1. Дали твојот бизнис модел е едноставен, нешто што јасно ќе ја комуницира секоја твоја бизнис активност?
  2. Дали твојот бизнис модел е специфичен, нешто што ги одговара сите прашања поврзани со твојата компанија?
  3. Дали твојот бизнис модел ја опишува вредноста која ја нудиш?
  4. Дали вредноста е сеуште нешто што потрошувачите го сакаат, имаат потреба или желба?
  5. Каква е перцепцијата на твоите потрошувачи за твојата вредност? Можеш ли да подобриш нешто за подобра перцепција?
  6. Можеш ли да подобриш нешто, или додадеш нешто во вредноста за да ја подобриш твојата севкупна понуда?
  7. Кој е твојот целен пазар?
  8. Кои се твоите идеални потрошувачи?
  9. Ги знаеш ливните потреби, проблеми, желби?
  10. дали нивните потреби се исти или има и постојат некои промени?
  11. Што ќе биде во иднина? Дали истите потрошувачки сегменти ќе бидат соодветни за твојата компанија?
  12. Дали постојат на пазарот други сегменти кои може да ги прошират твоите постоечки сегменти?
  13. Може ли твојата компанија да задоволи други сегменти кои сеуште не се задоволени?
  14. Како твојот бизнис заработува? Размисли за цените, модели за цени, ценовни стратегии… Може ли да подобриш нешто?
  15. Кои се најголемите извори на приходи во твојот бизнис? Можеш ли да ги подобриш?
  16. Може ли да додадеш некои дополнителни извори на приходи?
  17. Како ја комуницираш и дистрибуираш вредноста со потрошувачите?
  18. Што твоите потрошувачи мислат за тековните канали на комуникација и дистрибуција?
  19. Можеш ли да ги подобриш каналите за комуникација и дистрибуција?
  20. Кои се твоите клучни ресурси?
  21. Што е со ефикасноста и ефективноста на твоите ресурси?
  22. Можеш ли да ја подобриш ефикасноста и ефективноста на твоите ресурси?
  23. Дали навистина ти требаат сите тие ресурси?
  24. Како твоите ресурси се користат при додавање на вредност за твоите потрошувачи?
  25. Што е со односите со твоите потрошувачи? Може ли да подобриш нешто во врска со тоа?
  26. Што е со твоите трошоци? Можеш ли да подобриш нешто во однос на твојата трошочна структура?
About Д-р Драган Шутевски

Д-р Драган Шутевски е основач и CEO на Шутевски Консалтинг и им помага на бизнисите да го проектираат патот кон успешноста. Поврзи се со Драган на Google+

Speak Your Mind

*