post

Интервју за дефинирање на проблемот

Започнување на нов бизнис или развој на нов производ мора да започне со развој на купувачи. Развојот на купувачи е процес во кој едноставно го доближувате тој иден бизнис или производ до купувачите, од идеја, прототип па се до готов производ или услуга.

Еден дел е и организирање на интервјуа со купувачите.

Подолу е дадена една структура која може да ви помогне во организирањето на таквите интервјуа. Мора да напоменам дека овие интервјуа не се изведуваат преку прашалници, туку преку разговор очи во очи со потенцијалниот купувач. Затоа добрата подготовка може да ви помогне во креирање на интервјуа чиј фидбек ќе обезбеди квалитетни одлуки за иднината на вашиот бизнис.

1. Започни со општи прашањa

Секогаш започнувајте со општи прашања. Стекнете знаење за потенцијалниот купувач кој го интервјуирате.

Вашата цел со овие општи прашања е добро да го дефинирате сегментот во кој се наоѓа потенцијалниот купувач. Тука прашањата се дефинираат во таква форма да обезбедат да дознаете повеќе во однос на тоа каде припаѓа овој потенцијален купувач.

2. Определете рамка на проблемот или проблемите

Втората група на прашања се однесува за проблемот. Едноставно ја дефинирате рамката за тој проблем кој што сметате дека го имаатм а воедно се обидувате да дознаете и за тоа што тие прават во однос на тој проблем.

  • Што за нив претставува проблем?
  • Што е болно за нив во однос на тој проблем?
  • Што во моментов прават за да го решат проблемот?
  • Како ги дефинирале токму тие активности?
  • Кои активности им се најтешки, односно бараат најмногу време?
  • Што е она што им помага да одат напред?

3. Сумирање на проблемите

Често пати, ако не и секогаш ќе забележите дека проблемот е многу поширок од онаа ваша првична рамка која се наоѓа во самата бизнис идеја.

Затоа и морате да продолжите со разговор кој ќе ве доведе до едно сумирање на повеќето проблеми кои сте ги споменале во претходните прашања.

Целта е да дојдете до јасен одговор на прашањето: Како го препознаваат проблемот или проблемите?

About Д-р Драган Шутевски

Д-р Драган Шутевски е основач и CEO на Шутевски Консалтинг и им помага на бизнисите да го проектираат патот кон успешноста. Поврзи се со Драган на Google+

Speak Your Mind

*