post

Испорака на вредност – прашања за претприемачите?

Претприемач - испорачател на вредност

Претприемач - испорачател на вредност

Веќе подолго време снимам различни состојби околу бизниси и претприемачи околу мене. Состојбата не можам да кажам дека е розова што поради околината или бизнис окружувањето особено поради P – то од PEST (Political, Economical, Socio-Cultural & Technological Environment). Но не можам да кажам дека интерната околина во самиот бизнис (претприемачот, структурата, стратегиите, целите, менаџментот…) се на највисоко можно ниво.

Едно нешто е јасно, во минативе 15-20 години надојдоа некои правила на игра кои станаа стандард во денешниот бизнис свет, иако не треба. Некако се повеќе луѓето сакаат да се занимаваат со политика наместо со испорака на вредности. Зошто е тоа така? Најверојатно затоа што во тој период некако се направи класификација успешните да бидат само доколку се политичари. Се чека времето и кога ќе дојде успехот е тука. Но, каде е испораката на вредноста? Најверојатно никаде, затоа што останатите не се важни.

Но, останатите таканаречени обични смртници мора да ги следат правилата на претприемништвото за да стигнат до некаков успех или пак едноставно преживување, особено во тешките времиња на рецесија. Затоа како еден од првите елементи на претприемништвото ја избрав испораката, бидејќи претприемачите се тоа – испорачатели на вредност.

Тие се испорачатели на вредност за општеството, за државата, за локалната самоуправа, за пазарот, за потрошувачите, за снабдувачите…

Затоа можеби би било добро да си ги поставите овие прашања:

  • Што испорачав денес, вчера, претходен месец, претходна година?
  • На кого испорачував вредност?
  • Колкава е вредноста што ја испорачав?
  • Каква е реакцијата на моите испораки?
  • Што добивам јас од моите испораки?

По одговор на прашањата, размислете како да ја подобрите испораката за сите интересенти и секако како да ги подобрите Вашите лични придобивки, бидејќи се надевам дека Вашиот бизнис го водите заради Вас и Вашето семејство а не заради државата или општеството. Сепак Вие сте во центарот на вниманието, Вие сте претприемачот.

About Д-р Драган Шутевски

Д-р Драган Шутевски е основач и CEO на Шутевски Консалтинг и им помага на бизнисите да го проектираат патот кон успешноста. Поврзи се со Драган на Google+

Trackbacks

  1. […] заради тоа што бркајќи го нашиот талент забораваме за испорака на вредност. Барајќи го нашиот талент создаваме страв кај самите […]

  2. […] за секој претприемач. Оваа сопирачка не спречува да испорачуваме вредност. Не спречува да бидеме тоа што сакаме да бидеме и што […]

  3. […] постови пишував за тоа дека претприемачите се испорачатели на вредност. Но, постои и еден друг елемент при оваа испорака. Вие […]

Speak Your Mind

*