Да се преживее е првата цел на која секој претприемач се концентрира особено во слаби економии како нашата. Конкуренцијата секогаш ќе биде присутна. Иако може некои бизниси да функционираат на пазари без конкуренција, невозможно е дакажеме дека ќе остане така и во иднина. Времето без конкуренција и времето кога ќе пристигне конкуренцијата е на многу ниско ниво и сеуште ќе се намалува.
Диференцијација, користење нови стратегии и понуда на вредност за потрошувачите е нешто што ќе обезбеди преживување во слаба економија и конкурентен пазар. Кој ќе преживее? Само најдобрите и највредните од перспектива на потрошувачите.
Во продолжение е листата од 30 препораки за претприемачи на малите бизниси за зголемување на можноста на преживување во едни такви услови.
- Биди уникатен.
- Биди позитивен.
- Биди искрен.
- Продолжи да испорачуваш вредност за потрошувачите.
- Испорачај се што ќеветиш.
- Учи од промашувањата.
- Грешките се вашиот најдобар извор на учење.
- Зголеми ги очекувањата и работи на нивно остварување.
- Размислувај стратешки.
- Идентификувај го твојот целен пазар.
- Фокусирај се на тој целен пазар.
- Прилагоди се на промените на целниот пазар.
- Запрашајте се: Кои се Вашите потрошувачи?
- Мотивирајте се себеси и Вашите вработени.
- Постојано подобрувај го секој бизнис процес.
- Документирај го секое подобрување на процесите.
- Користи Up-sale со вистински производи или услуги.
- Провери го трошењето во бизнисот.
- Размисли за трошоците, но не заборавај на зголемување на продажбата!
- Немој да ги кратиш трошоците за маркетинг!
- Скрати ги сите непотребни трошоци.
- Обиди се да го намалиш времете на наплата од страна на купувачите!
- Обиди се да го зголемиш времето на плаќање на твоите обврски!
- Секоја недела разгледај го графикот на движење на готовинскиот тек!
- Секој месец погледни во графиконот на рентабилноста!
- Никогаш не конкурирај со големите компании врз база на нивните најконкурентни елементи.
- Никогаш не запирај со наоѓање на нови можности.
- Искористи ги тие нови можности кога ќе ги пронајдеш.
- Разгледај ги залихите и оптимизирај ги.
- Максимизирај го искористување на препораките!
[…] This post was mentioned on Twitter by darko buldioski, Dragan Sutevski. Dragan Sutevski said: Pretpriemac Novo: Како да се преживее во слаба економија и конкурентен пазар? http://ow.ly/18MyJi […]