Брзите грешки во стартап фаза на еден бизнис се исклучително важни за секој претприемач.
Не можете да очекувате дека денес е доволно да подготвите добар бизнис план и сте ја завршиле работата за започнување на бизнисот.
Кога станува збор за постоечки компании, за нив се е многу полесно. Тие знаат што функционира, а што не. Тие си ги познаваат купувачите бидејќи едноставно ги имаат. Затоа и за овие компании, грешките претставуваа исклучок, проблем, криза, слабост…
За нови, односно стартап компании се е поразлично. Тие немаат купувачи и не знаат што функционира. Тие бараат бизнис модел кој ќе функционира, и затоа мора да имплементираат експерименти и тестови во кои ќе се забележуваат грешките и елиминираат во од како што се гради стартапот.
Доколку сте стартап претптиемач, бидете подготвени дека ќе грешите, но бидете свесни дека грешките ве зајакнуваат.
Да разгледаме еден процес како да дојдете до брзи грешки.
1. Континуирано пробувајте и тестирајте ги идеите.
Еден стартап претставува збир на експерименти и тестови пред да стане вистински бизнис. Мора постојано да дизајнирате експерименти и да тестирате.
Ова значи експериментирање со идеи, купувачи, процеси…
2. Постојано бидете во контакт со потенцијалните купувачи.
Освен купувачите не постои друг кој може да ви ги покаже грешките. Дизајнот на вашиот иден бизнис ќе зависи од нив. Тие се оние кои што даваат оценки.
Мора постојано да бидете во контакт со нив во оваа фаза од развојот на вашиот бизнис.
3. Пивотирајте
Пивотирање претставува корекција на курсот врз основа на она што ќе го откриете од претходните чекори: експериментирање, тестирање и контакти со купувачите.
4. Повторно дизајнирате експерименти и тестирајте
Но во еден стартап процес работата не застанува тука. Ќе морате да дизајнирате нови експерименти, да тестирате и да откривате нови грешки во сите процеси.
5. И повторно пивотирајте
И повторно пивотирајте, имплементирајте промени врз основа на онаа што ќе го научите.
6. Не запирајте го процесот
Запомнете дека процесот не застанува тука, повторно се повторува се додека не се изгради вистински бизнис.
Speak Your Mind