post

Како Evernote ме потсети да завршам нешто

Evernote како потсетник

Evernote како потсетник

Многу активности и задачи кои треба да се завршат и доаѓаат во умот на претприемачот се наменети за поблиска или подалечна иднина.

Понекогаш, можеме да прочитаме нешто корисно што предизвикува идеи за нешто да направиме во нашиот бизнис, но не е приоритетно за да се стави во категорија „веднаш“.

Дали сте се нашле во ситуација кога ќе имате некоја идеја за да направите нешто, и ја маркирате за подоцна, а потоа едноставно заборавате и тоа е тоа? Тука завршува „животот“ на таа идеја.

Пред извесен период (поточно пред повеќе од 6 месеци) налетав на еден пост на интернетот кој се однесуваше на причини и како да ги префрлите email сметките од хостинг провајдерот на Google Apps Standard Edition кој овозможува до 50 email акаунти, секој до 7,5 гигабајти простор. Ова е стандардна едиција која е бесплатна, додека со бизнис едиција која чини 50$ годишно се добиваат дополнителни елементи.

Во моментоткога го читав постот ми дојде идеја да се префрлам од стандардниот хостинг акаунт на Google. Затоа го ископирав делот со упатството и го вметнав во Evernote како забелешка која во некоја блиска иднина ќе треба да ја проверам и имплементирам.

Пред една недела започнав со една ревизија на старите забелешки и налетав на истата за која си кажав дека токму сега е време да потрошам еден час и да ги спроведам активностите на трансфер на email акаунтите. Зошто се префрлив и како се префрлив во некој друг пост бидејќи целта на овој не е префрлувањето.

Она што сакам да го потенцирам е дека со помош на една алатка наречена Evernote успеав да завршам нешто што сум го заборавил веќе 6 месеци. За Evernote пишував и во посебен пост насловен како Evernote ја зголемува продуктивноста:

Алатка која навистина може да помогне во зголемување на нашата сопствена продуктивност во однос на нашите идеи или пак случувања кои ни се важни и сакаме да ги запаметиме за да ги користиме во иднината е  Evernote. Оваа алатка е синхронизирана за користење преку вашиот компјутер, мобилен телефон и веб. Значи се што бележите од различни места ќе оди во една и единствена база на податоци за Вашиот акаунт.

Во секој случај доста корисна алатка без која и неможам да замислам нормално да функционирам.

About Д-р Драган Шутевски

Д-р Драган Шутевски е основач и CEO на Шутевски Консалтинг и им помага на бизнисите да го проектираат патот кон успешноста. Поврзи се со Драган на Google+

Trackbacks

  1. Tweets that mention Evernote ме потсети да завршам нешто | Претприемач -- Topsy.com напиша:

    […] This post was mentioned on Twitter by Aleksandar Atanasov, Dragan Sutevski. Dragan Sutevski said: Pretpriemac Novo: Како Evernote ме потсети да завршам нешто – Многу активности и задачи кои треба да се завршат и до… http://ow.ly/1bdlQg […]

  2. […] претходниот пост пишував како Evernote ме потсети да се префрлам целосно на Google Mail наместо на […]

Speak Your Mind

*