Повеќепати пишувавме за купувачи, нивното значење за бизнисот, начинот на привлекување…
И добро, успееме да ги привлечеме. Што потоа?
Секој претприемач сака да има и постојано да ја зголемува базата на купувачи со нови, но и да се враќаат со повторно купување постоечките.
Како да се обезбеди да се вратат да купат повторно?
Едноставно, тие нека бидат пред се останато во бизнисот. Тие да бидат на прво место за тебе како претприемач, за твоите вработени, за твоите системи, за твојот бизнис воопшто.
#1 Прилагоди го твојот бизнис кон задоволување на нивните потреби
Можеби е вистинското време да се запрашаш дали твојот бизнис ги задоволува вистинските потреби на твоите купувачи.
Дали потребите не се смениле досега? Тука зборуваме за веќе постоечки бизнис, не за стартап кој самиот развива купувачи за што зборуваме во теорија на бизнис идеи.
Доколку сакаш купувачот да биде на прво место, тогаш мора да се прилагодиш кон него.
#2 Покажи дека се грижиш за нив
Дали знаеш кога им е роденден? Дали знаеш што последен пат купиле и зошто? Дали знаеш кои се нивните најголеми проблеми надвор од бизнисот со тебе?
Доколку знаеш, а би требало да знаеш, покажи дека знаеш. Покажи дека се грижиш за нив. Обиди се да им помогнеш во решавањето на нивните проблеми.
#3 Дали ги слушаш?
Многу ме нервира кога некој онака наизуст ќе ми изрецитира нешто кога сака да ми продаде. Алооо! Не ме интересираат карактеристики, најдобрите искуства или се она што го имаш научено за да ми го кажеш. Ме интересира единствено решение на мојот проблем. А, ќе ми го решиш само ако добро ме ислушаш што е тој проблем. А, ќе донесам одлука ако видам дека навистина си сфатил што барам.
Слушањето станува полека но сигурно една нова функција во бизнисите. Доколку знаеш да ислушаш, значи дека се грижиш за купувачите.
#4 Секогаш биди при рака
И во добро и во зло, ти и твојот бизнис мора да бидете при рака на купувачите. Така ќе покажеш дека доволно се грижиш за нив и дека тие ти се на првото место.
Speak Your Mind