post

МАРКЕТИНГ СРЕДСТВА 18 – ВАШИОТ ПРОДАЖЕН ТИМ

Често пати се заборава продажниот тим да се гледа како едно посебно маркетинг средство иако продажниот тим е првиот директен контакт со секој постоечки, нов или пак иден купувач. Често пати крајната одлука на купувачот за купување се базира токму на искуството што ќе го проживее со продавачот во Вашиот бизнис.

Сигурно сте забележале огромна разлика од продавница до продавница во однесувањето на продавачите кон Вас како купувач. Сигурно сте се нашле во ситуација да донесете одлука да не купувате заради тоа што сметате дека не сте услужен на соодветен начин од страна на продавачот. Сигурно ви се има случено да влезете во продавница а продавачите да си разговаараат меѓу себе и да не обрнуваат внимание на Вас ниту на Вашите потреби. Сигурно ви се случило продавачите арогантно да ви кажат еве тука е изложено и бирај ако најдеш нешто. Сето оваа е контра Вашиот маркетинг. Вие се обидувате преку Вашиот маркетинг да доведете колку што може повеќе потенцијални потрошувачи додек Вашиот продажен тим може сиот Ваш напос со месеци и години да го урне за само една секунда.

Мене на пример ми се има случено кога сакав да купам теписон продавачот воопшто да не ми помогне при изборот па дури и ме тераше самиот да го вртам парчето за да го измерам бидејќи тој не ги знаеше димензиите. Едноставно си излегов и му кажав чао на продавачот и на можна продажба во тој бизнис. Пред едно месец дена ми се јавуваат од една национална телевизија за да ми продадат реклама за мојот бизнис. Ми вели здраво ние сме од таа и таа телевизија да ви направиме реклама. Ниту ми кажа некоја предност зошто би ги избрал нив, ниту ми кажа во која рубрика би била мојата реклама, и ниту ми кажа колкава гледаност имаат и што би добил јас и мојот бизнис со таа реклама. Нормално, мојот одговор беше благодарам НЕ! Доколку беше поинтелигентен во обидот за продажба можеби и ќе размислев. Но вака воопшто не размислувам за таква реклама.

Ова е огромна штета за Вашиот бизнис. Зошто да не се разгледува продажниот тим како едно маркетинг средство кое ќе овоможи зголемување на продажбата? Забележувате дека веќе навлеговме во маркетинг средства кои се насочени директно кон луѓето како купувачи или потенцијални купувачи. Овој директен контакт има најсилно влијание како маркетинг средство.

Но, кои се елементите на кои треба да обрнете внимание?

Вие како претприемач имате должност да го запознаете Вашиот продажен тим со правилата на игра во Вашиот бизнис. Што е ин а што аут? Следниве елементи се некои кои може да одиграат голема маркетиншка улога во Вашиот бизнис:

  1. Однесување. Како прво и основно е однесувањето на Вашиот продажен тим кон купувачите или потенцијалните купувачи и кон останатите во околината на Вашиот бизнис. Секој продавач мора да биде културен и учтив. Да го цени секој оној кој се интересира за нешто во Вашиот бизнис. Можеби нема да купи ништо, но сепак може да биде вреден потенцијален купувач. Доколку Вашиот продажен тим му остави силен впечаток поголема е веројатноста дека ќе се врати.
  2. Изглед. Во продажбата не се бара модна писта, но не е дозволиво продавачите да бидат сосема неугледни. Продавачите се огледало на Вашиот бизнис.
  3. Речник. Видот на бизнисот бара и различен речник кој ќе се употребува. Вашиот продажен тим мора да ги знае клучните зборови и реченици како да се допадне на потенцијалниот купувач.
  4. Искреност. Мора да се биде искрен со секој купувач или потенцијален купувач. Инаку, на лагата и се кратки нозете. Не е работа да продадете само денес, туку да продадете и утре на истиоут купувач.

Мора да се запомни дека продавачот е тука заради тие купувачи или потенцијални купувачи, а не се тие тука заради продавачот. Се што ќе побара ќе мора да му се покаже и објасни. Па обидете се да го имплементирате ова што го наведов доколку сакате да изградите навистина бизнис со голема бизнис потенцијална енергија.

About Д-р Драган Шутевски

Д-р Драган Шутевски е основач и CEO на Шутевски Консалтинг и им помага на бизнисите да го проектираат патот кон успешноста. Поврзи се со Драган на Google+

Comments

  1. montediva says

    Moeto prodazno mesto se naoga na neprolazno mesto, kade sto ne proagaat cesto kupuvaci. Koe marketing sredstvo da go primenam za da prvlecam musterii.

    Se raboti za butik za deca i mladi so tekstilna roba po povolni ceni.Novi sme vo ovaa rabotai ne interesira kako da se reklamirame. Vi blagodaram na sekoja dobra sugestija od vasa strana. Mnogu temi od vasiot vebsajt mi se dopagaat, a nekoi gi primenuvam vo sekojdnevnata rabota.

    • Драган Шутевски says

      Одлично прашање! Многу е потешко да се изборите за видливоста кога не сте на високофреквентно место лоцирани како продавница на мало. Но, имам видено случаи на продавници кои се навистина сокриени но сепак добро работат.
      Прво што треба да направите е некако да го привлечете вниманието на потенцијалните потрошувачи. Мислам на оние кои купуваат а не оние кои ќе ги користат производите што ги продавате. Тоа се родителите – во најчест случај мислам дека тоа се мајките на децата бидејќи татковците поретко одат во едни такви пазарења. Почнете со Вашата непосредна околина згради и куќи при што можете да оставите флаерче во кое ќе ги наведете поволностите за Вашите потрошувачи. Една веќе ја наведовте во коментарот -поволни цени. Пробајте да најдете уште некои поволности зошто би ве избрале Вас а не конкуренцијата.
      Активирај се во однос на влезен маркетинг, идната недела неколку написи ќе има на претприемач за овој тип на маркетинг – блог, социјални мрежи меилови итн.
      Обиди се да бидеш ти и твојот бизнис онаму каде што се мајките со деца. Градинки, игротеки, паркови со игри за деца итн. Направи договор со некоја игротека за заеднички маркетинг како би ги поделиле трошоците и како твоите потрошувачи ти ќе ги праќаш во таа игротека а игротеката своите потрошувачи ќе ги праќа во твојот бутик.
      Постојат многу алтернативи само реба да ја пробудите сопствената креативност и да бидете присутен каде што е целниот пазар. Не мора да трошите огромни пари.
      Важно е да ги мерите резултатите од секоја Ваша маркетинг активност и доколку по еден или два месеци не дава резултати сменете ја со друга. Така постојано ќе го подобрувате Вашиот маркетинг и потрошените пари по добиен купувач.
      Во секој случај не можам во еден коментар да опфатам се но, идната недела на претприемач ќе биде недела на маркетингот при што ќе бидат опфатени некои теми кои што навистина се непознаница кај нас. Кој ќе ги примени прв, ќе биде во голема предност.

  2. Анонимен says

    Еве и еден конкретен пример:

    Испечатете стотина летоци во боја со неколку Ваши производи и нивните цени (бидејќи цените Ви се еден вид предност)!

    Отидете во неколку женски фризерски салони, и понудете се да ги оставите Вашите летоци кај нив (бидејќи таму најчесто одат жени, млади девојки и мајки – дел од Вашата целна група!), притоа нудејќи им попуст на сите вработени од да речеме 20%! Доколку можете, обидете се да им дадете попуст и на сите што ќе бидат препорачани од нивните фризерски салони а кои ќе доаѓаат да купуваат кај Вас!

    Погодете за што ќе зборуваат жените за време на нивните „фризерски теми“ од 1-2 часовното „дружење“…!

    А и сигурно ќе Ве чини помалку од една реклама на локална ТВ или во весник.

    • Д-р Драган Шутевски says

      Одлично Гого за уште една идеја – фризерници.
      Во минатото, а ништо чудно и денес многу бербери биле врбувани да работат за разузнавачки служби заради информациите кои можеле да ги соберат од луѓето. Од друга страна многу бербери завршиле и на прочуениот „Голи оток“ за време на информбирото. Ова ни кажува дека фризерници можат да бидат доста ефективно место за распространување на бизнис порака до потенцијални потрошувачи.
      Само би додал уште еден елемент на флаерот во однос на тоа како да Ве најдат (бидејќи не сте на високо фреквентно место). Ставете мапа на неколку улици со потенцирање на некое познато место (можеби сендвичара, кафеана, зграда … нешто што повеќето луѓе во градот го знаат) во околината како ориентација и со нагласување на Вашата точна локација.

Speak Your Mind

*