post

Потребни вештини при развој на купувачи

Развој на купувачи претставува важен дел од започнување на бизнисот во што интервјуирање и состаноци со потенцијалните купувчи претставува клучен елемент за успех.

За таа цел ќе ви бидат потребни вештини. Кои се тие вештини?

  1. Аналитичност. Потребно е да имате добри аналитички вештини, особено поради фактот што и пред да започнете со интервјуа и состаноци со потенцијални купувачи ќе треба да дојдете и анализирате премногу информации и податоци. Аналитичноста е потребна и поради тоа што тие информации ќе бидат во различна форма. Треба да напоменеме дека аналитичноста е потребна и во понатамошните фази, односно фазите по изведување на интервјуата и изведување на заклучоци од истите.
  2. Способност од читање на говорот на телото. Знам дека ќе се обидете да преку интервјуа и претходно подготвен процес да извлечете се што можете да извлечете. Сепак, во повеќето ситуации тие резултати може да бидат сосема погрешни. Прашалници и анкети не се најдоброто решение за овој процес. Многу повеќе вистинити заклучоци ќе извлечете од говорот на телото, особено кога станува збор за чувства, емоции, изненадувања, посакувања…

Овие две вештини ви се најпотребни кога станува збор за организирање на интервјуа со потенцијални купувачи. Сепак не значи и дека се единствените. Различни бизниси ќе имаат различни потреби. Се започнува од целта, односно она што ќе треба да го откриете за нив.

Што ќе треба да дознаете кога станува збор за купувачите?

Две основни работи се значајни за вас како еден претприемач:

  • Да ги знаете и потребите на купувачите и што е она што тие го сакаат. Внимавајте потребите може да бидат различни од посакувања.
  • Да ги определите границите на идеалниот купувач за вашиот бизнис. Кога станува збор за граници на идеалниот купувач, мислам на границите кои ќе го дефинираат купувачот, односно точката во која тој купувач нема да сака да го купи производот или услугата од вашиот бизнис. Може да имате повеќе критериуми или такви точки како на пример, време, повраток на инвестиција, цена, карактеристики, бенефити, квалитет…
About Д-р Драган Шутевски

Д-р Драган Шутевски е основач и CEO на Шутевски Консалтинг и им помага на бизнисите да го проектираат патот кон успешноста. Поврзи се со Драган на Google+

Speak Your Mind

*