Првин потенцијални купувачи се сите оние кои имаат интерес за одреден производ или услуга што еден бизнис го нуди. Може да се сретнат и како лидови (leads). Но, овој наслов се однесува на едно истражување спроведено од страна на HubSpot за фактори кои влијаат на генерирање на потенцијални купувачи преку веб, односно преку користење на влезен маркетинг (inbound marketing).

Резултати од истражување
Во тоа истражување освен повеќе индексирани страни како факто кој влијае на зголемување на бројот на потенцијални потрошувачи имаат идентификувано уште три фактори:
- Број на клучни зборови за кои веб страната се наоѓа меѓу првите 100 резултати на Google
- Блогови
- Користење на Twitter и зголемување на оние кои ве следат.
Но, она што е интересно во однос на овој наслов е дека со зголемување на бројот на индексирани страни од 50 до 100 повеќе доведува до двоцифрен раст на бројот на потенцијални купувачи откако ќе се стигне до бројка од неколку стотини индексирани страни од Google.
Сега би се надоврзал на моите претходни наслови:
- Дали Вашата Бизнис Веб Страна е Обична Брошура? и
- Дали Вашата Бизнис Веб Страна е Обична Брошура – Заборавено Поглавје.
Времето на бизнис веб страни брошури помина и доколку сакаме успех ќе мора да го смениме начинот на кој го користиме интернетот како маркетинг средство. Се поставува следното прашања:
Како можеме да имаме индексирани неколку стотици страни кога нашата веб страна има само 6 страни интегрирани во себе?
Одговорот ќе биде никако. Бизнис веб страната треба да има неколку стотици па и повеќе страни за да бидат индексирани во одреден број. Но, вие немате стотици производи за да направите стотици страни. Затоа имате можност со еден блог целта да ја постигнете за една до две години со редовно објавување на блог постови кои на одреден начин ќе бидат врзани со вашиот бизнис или пак индустрија.
Во секој случај препорачувам да го прочитате целиот извештај има навистина интересни заклучоци.
[…] веб страна или една динамична која ќе биде основа за генерирање на потенцијални потрошувачи преку веб или пак комбинација на двете? Дали самите ќе […]