Испорака на лошо искуство или доживување на купувачите преку вашиот бизнис е реалност која не може да се избегне. Но, онаа што е важно е како малите бизниси и претприемачи можат да го претворат лошото доживување во исклучително доживување. Тука ќе опфатам 6 совети кои ќе ви помогнат во овие намери.
Можете да ги имате најдобро дизајнирани системи да го поддржат вашиот бизнис, најдобрите вработени кои ќе имплементираат различни задачи поврзани со купувачите и повторно ќе има простор за различни видови на грешки. Тие грешки лесно може да креираат лошо доживување за купувачите. Но, сепак тоа не значи и крај за вашиот бизнис. Може да биде почеток на крајот доколку не преземете ништо за да ги решите проблемите и подобрите бизнисот.
Бидејќи грешките се реалност и испорака на лошо доживување на купувачите може да биде реалност, секој претприемач треба да изгради системи да го претвори лошото во исклучително доживување поради следниве причини:
- Лошото доживување на купувачите брзо ќе распротрани негативна порака за вашата компанија. Оваа е точно и во повеќето случаи лошото се распространува со поголема брзина отколку исклучителното доживување.
- Лошото доживување на купувачите има негативен ефект исто така и на тековните купувачи кои сеуште не искусиле нешто лошо од вашиот бизнис. Вашите тековни купувачи кога ќе слушнат за лошото искуство на други купувачи исто така ќе започнат да ја губат довербата и тоа ќе предизвика негативен ефект за вашиот бизнис.
- Лошото доживување на купувачите брзо ќе изградат една лута заедница околу вашиот бизнис. Бидејќи распространувањето на лошите работи се одвива со светлосна брзина, во најголем број на случаи ќе се појави една лута заедница која ќе биде негативно настроена кон вас и вашата компанија.
Секој индивидуалец во вашата компанија мора да работи на елиминирање на грешките и решавање на проблемите доколку сакате да ги минимизирате негативните ефекти од лошото доживување на купувачите за да го претворите во исклучително.
Да видиме што ќе треба да направите.
- Грешките се дозволени, но не е дозволено да не се менаџираат. Денес е нормално да направите грешки. Грешки нема да се појават единствено доколку не работите ништо. Тоа не е возможно. Но, денес исто така не е дозволиво да не ги менаџирате грешките. За да ги менаџирате грешките ќе мора да бидете свесни дека сте направиле грешка, да научите зошто сте направиле грешка, да преземете конкретни чекори да го подобрите доживувањето на купувачите преку елиминирање на проблемите настанати од грешката и да ja зголемите вредноста која ќе ја испорачате на купувачите кои ги искусиле грешките.
- Mора да имате резервен план доколку не успеете да испорачате исклучително доживување. Бидејќи грешките се случуваат и истовремено тие не можат да бидат целосно предвидливи ќе ви треба резервен план кој ќе опфати што вие или вашиот тим ќе треба да преземете доколку грешките што ги правите водат кон лошо доживување на купувачите. Оваа значи дека вашиот резервен план ќе мора да опфати конкретни чекори кои ќе треба да се преземат за да се решат проблемите предизвикани со специфични грешки и да се обезбеди испорака на поголема вредност. Само на таков начин вашата компанија ќе успее во претворање на лошото во искклучително доживување. Исто така, резервниот план ќе мора јасно да ги дефинира одговорностите на луѓето кои ќе бидат вклучени во имплементација на планот.
- Ќе мора да импровизирате за да го претворите лошото во исклучително доживување доколку не можете да го имплементирате резервниот план. И да имате добро подготвен резервен план мора да бидете свесни дека овој процес не може да биде 100% опфатен предвреме. Ќе постојат различни ситуации со различни потреби за решавање на проблеми. Затоа, кога го правите вашиот резервен план размислете и дозволете да се импровизира, но само во согласност со потребите на купувачите. Се што ќе овозможи да се претвори лошото во исклучително доживување ќе биде дозволено бидејќи како што знаете ефектите на лошото доживување може да има негативни последици за вашиот бизнис.
- Ќе мора да реагирате колку што можете побрзо. Брзината на решавање на проблеми и особено проблеми кои вашите купувачи ги искусуваат со вашиот бизнис мора да биде на највисоко можно ниво. Тимот за поддршка на купувачите без одлагање ќе треба да започне да работи можните решенија кои ќе го претворат лошото искуство во исклучително. Доколку вашиот тим го одлага решавањето на проблемите, негативната порака за вашата компанија нема да може да се запре, таа ќе започне да се шири до вашите тековни и потенцијални купувачи.
- Мора да бидете посветени целосно во претворање на лошото во исклучително доживување за купувачите. Дури и да имате резервен план и да дозволувате импровизации, сепак вие и вашиот тим морате целосно да бидете посветени на работата со која се подобрува искуството на тековните купувачи и да го претворите лошото во исклучително доживување.
- Откако ќе го претворите лошото доживување во исклучително, мора да откриете зошто се случило тоа и како ќе обезбедите да не се повтори истата грешка. И последниот совет е за континуирано подобрување. доколку грешките не можат во целост да бидат предвидени, тие може да бидат основа континуирано учење и подобрување на процесот кој вашиот бизнис го користи во испорака на исклучително доживување за купувачите.
Сите човечки ресурси во вашиот мал бизнис ќе треба да работат на испорака на исклучително доживување за купувачите, но исто така ја имаат и сета одговорност за претворање на лошото во исклучително доживување. Без разлика во кој сектор или одделение работат доколку се најдат во ситуација во која може да помогнат да го подобрат искуството на купувачите тие треба да се нафрлат и да направат се што е во нивна можност.




Speak Your Mind