
Размена на сообраќај
Размена на сообраќај претставува 70-тото маркетинг средство на претприемач. Се размислував дали да биде оваа маркетинг средство дел од овој серијал од 100 маркетинг средства, особено поради тоа што го тестирав едно 6 месеци пред извесен период, но не забележав некоја огромна корист од него. Сепак, пожелно е да се знае дека постои и дека може да користи. Некои претприемачи го користат и имаат забележано резултати, но сепак не може да се очекуваат чуда.
Што претставува размена на сообраќај?
Размена на сообраќај всушност претставува внесување на Вашиот веб сајт во една мрежа преку обезбедувачот на еден таков сервис. Таквите сервиси функционираат на тој начин што преку нивниот систем вие посетувате други веб сајтови кои се прифатени од нивниот систем и на таков начин добивате поени или пак некакви други мерливи индиктори врз основа на кои на останатите корисници на сервисот ќе им го прикажуваат Вашиот веб сајт.
Ова всушност претставува сурфање од Ваша страна како некој друг би стигнал до Вашиот веб сајт.
На пример, за секој сајт кој сте го прегледале преку нивниот систем добивате 5 поени. За секои 20 поени добивате еден посетител.
Овој пример кажува дека Вие ќе треба да прегледате 4 веб сајтови за да добиете еден посетител. Ваквите сервиси бараат одредено време да проведете на сајтот кој ви го прикажуваат и имаат временски броила, на пример 15, 20, 30 или 40 секунди.
Освен добивање на сообраќај кон Вашиот веб сајт преку сурфање на останатите веб сајтови во системот, овие сервиси живеат преку платен сообраќај. Можете и да платите одредена сума на пари за да добиете кредити за да не мора да проведувате време на прегледување на веб сајтови.
Недостатоци на оваа маркетинг средство
Не би сакал посебно да ги издвојувам предностите бидејќи единствената предност е добивање на сообраќај кон Вашата веб страна. Но, што потоа? Токму тоа што потоа го анализирав 6 месеци и ќе се обидам да го претставам преку недостатоци на оваа маркетинг средство.
- Воопшто не таргетирани посетители. Иако со мал напор дневно ќе можете да привлечете 200-300 посетители, но тоа се сосема нетаргетирани посетители на Вашиот веб сајт.
- Мало време на задржување на Вашиот веб сајт. Бидејќи сите едноставно брзаат да прегледаат колку што може повеќе веб сајтови за да стекнат повеќе поени едноставно ретко некој дека ќе остане подолго од она што го бара системот. Така да ако во тие 10-20 секунди не успеете да привлечете внимание посетата нема да ви вреди.
- Потребно време. Доколку сакате да добиете посетители без да инвестирате пари (платежна размена на сообраќај) ќе бара да одвоите еден до два часа дневно, што сметам дека е подобро да го инвестирате во сопствена содржина и на природен начин да привлечете високотаргетирани посетители.
Процес на користење на оваа маркетинг средство
- Изберете неколку сервиси. Пребарајте на Google и изберете неколку понудувачи на вакви сервиси. Целта е да пронајдете сервис кој најмногу ќе одговара и кои ќе можете да ги споредите кога ќе ги анализирате резултатите.
- Регистрирајте го Вашиот веб сајт. Изберете веб страна која би го зголемила потенцијалот за побрза конверзија затоа што тука имате само 10-20 секунди за да биде забележано нешто од страна на луѓе кои воопшто не се сконцентрирани (бидејќи сите се сконцентрирани само на копчето за преглед на друг веб сајт).
- Сурфајте или платете. Имате две опции да сурфате за поени (сообраќај) или да платите.
- Анализирајте. Анализирајте го времето поминато и однесувањето на секој посетител испратен од тој веб сајт (провајдерот на сервисот). Доколку анализата ви кжува дека е бесполезно, едноставно прекинете да го користите тој сервис побарајте некој друг.
Speak Your Mind