post

РИЗИК И ПРЕТПРИЕМАЧОТ

Некои сметаат дека една од карактеристиките на претприемачот е преземање на ризик. И навистина, претприемачот уште со започнување на бизнис презема некој вид на ризик. Тој вложува заштедени пари (накаков вид на сигурност) во нешто што не се знае дали ќе се врати. Но, други пак сметаат дека претприемачот презема пресметан ризик. И тоа е точно, успешните претприемачи започнуваат со бизнис планот во кој ги предвидуваат ризиците и не пукаат на слепо. Но, ризикот како некој концепт во претприемништвото и менаџментот е составен дел и не може да кажеме дека за нешто не постои ризик. Како што за промените велиме дека се постојани, така и ризикот ќе биде постојан секогаш во животниот циклус на еден бизнис.

Кои се значајните елементи за претприемачот во поглед на ризикот? Ризикот во претприемнштвото мора да се разгледува како следниве процеси:

  • Откривање на ризикот.
  • Проценка на ризиците.
  • Превземање на акции за ублажување или елиминирање на тие ризици.

Зошто ова? Првин мора да се откријат елементите кои претставуваат ризик, а кои не претставуваат ризик. На ваков начин претприемачот ќе знае што е ризично, а што не. Секој од тие ризични елементи мора да се анализира и да се процени влијанието врз претприемачот и врз бизнисот во целина. Оние елементи кои што имаат најголемо влијание и кои се најризчни ќе бараат посебно внимание од срана на претприемчот, па затоа мора да се дефинираат идните акции што треба да се превземат за да се ублажи или елиминира ризикот.

Ризикот е насекаде околу претприемачот. Секоја акција претставува ризик (успех или неуспех). Но разликата помеѓу успешните и неуспешните претприемачи е токму во менаџирање на ризикот.

Ризикот може да се разгледува како:

  • Конкуренција
  • Пазар
  • Снабдувач
  • Влада
  • Законодавство
  • Производот кој го продаваме
About Д-р Драган Шутевски

Д-р Драган Шутевски е основач и CEO на Шутевски Консалтинг и им помага на бизнисите да го проектираат патот кон успешноста. Поврзи се со Драган на Google+

Speak Your Mind

*