post

Совет за еден мал бизнис: Фокусирај се кон потрошувачите

Совет за мал бизнис: Фокус кон потрошувачот

Совет за мал бизнис: Фокус кон потрошувачот

Знам дека си роден постојано да конкурираш со нешто, и се што ќе видиш се обидуваш да го споредиш со нешто твое.

Дури и сега како еден претприемач, твојот фокус е исто така соодветно да конкурираш, обидувајќи се да ја надминеш или пак уништиш конкуренцијата. Се обидуваш да направиш подобра понуда, подобри промоции, поголеми бонуси…

Но, се она што го споменав тука како твои обиди ги споредуваш со твоите конкуренти, не со потрошувачите и нивните потреби.

Нормлно е во бизнисот да имаш такви активности (понуди, промоции, бонуси…), но не поради конкуренцијата, туку поради твоите потрошувачи.

Морам да напоменам дека ова што тука го зборувам не значи дека треба да ја заборавите конкуренцијата и да се фокусирате само на потрошувачот (иако и тоа понекогаш може да успее бидејќи познавајќи го добро потрошувачот и излегувајќи во пресрет на неговите вистински потреби ќе ти помогне да бидеш пред конкуренцијата). Наместо тоа, сакам да кажам дека мора да го смените вашиот фокус доколку тој во голема мерка е насочен кон конкуренцијата да биде примарно насочен кон потрошувачот.

На таков начин ти како еден споственик на мал бизнис ќе ги имаш одговорите на следниве прашања:

  • Кои се твоите вистински потрошувачи?
  • Што е тоа што тие навистина го сакаат?
  • Кои се нивните најголеми фрустрации?
  • Кои се нивните најголеми проблеми?
  • Зошто тие го сакаат она што го сакаат?
  • Како ќе излезеш во пресрет на нивните најголеми желби и потреби?
  • Што ќе треба да направиш за да излезеш во пресрет на нивните најголеми желби и потреби?
  • Дали се задоволни со твојата понуда?
  • Дали треба да смениш нешто во однос на твојата понуда?
  • Каков вид на односи твоите потрошувачи сакаат да градат со тебе и твојот бизнис?
  • Кој вид на комуникациски канали тие преферираат да користат со тебе и твојот бизнис?
  • Зошто некои потрошувачи ги избираат вашите конкуренти наместо вас?
  • Што треба да направите за да ги привлечете потрошувачите кои ги избират вашите конкуренти наместо вас?

Овие прашања и нивните одговори ќе ти дадат многу поголема конкурентска предност отколку кога твојот фокус е примарно кон конкуренцијата наместо кон потрошувачите.

Замислете ги овие одговори комбинирани со информации за твоите конкуренти. Ова знаење ќе ти даде огромна конкурентска предност, нормално доколку го примениш.

Затоа, запомни да се фокусираш прво кон потрошувачот, потоа кон конкуренцијата.

 

About Д-р Драган Шутевски

Д-р Драган Шутевски е основач и CEO на Шутевски Консалтинг и им помага на бизнисите да го проектираат патот кон успешноста. Поврзи се со Драган на Google+

Speak Your Mind

*