На ред е нов видео материјал за уште една социјална мрежа како delicious, но сега stumbleupon до кој можете да дојдете преку следнава адреса: www.stumbleupon.com.
Во оваа видео ќе можете да видите за:
- Што е тоа stumbleupon?
- Како да отворите акаунт?
- Како да го користите?
- Како да барате пријатели?
- Како да поставувате нови стрници?
Неколку пати пишуваме за ефикасност и ефективност, за 80/20 правило, ефект на пеперутка… Сето ова ги зголемува перформансите на Вашиот биснис. Накратко, stumbleupon е социјална мрежа која ќе може да ви помогне да ја зголемите Вашата ефикасност и ефективност во пребарување на интернетот и прибирање на информации за Вашиот бизнис. Од друга страна, со мал напор во рангирање на сајтовите од Вашиот интерес и пронаоѓање на луѓе од целиот свет кои имаат ист интерес како и Вашиот ќе можете да стекнете пријатели кои ќе бидат добра основа за маркетинг активности за Вашиот бизнис.
Погледајте го видеото!