post

ВЕШТИНИ КАКО ИЗВОР НА ПОТЕНЦИЈАЛНА ЕНЕРГИЈА КОЈ ПРЕСУШУВА

За вештините, поточно за менаџерските вештини стана збор во еден од претходните написи – менаџмент вештини. Во тој напис вештините ги опишавме како знаење да се извршуваат некои активности или задачи. Кога станува збор за менаџерски вештини тоа се знаење за да се извршуваат менаџерски активности или задачи. А, пак кога санува збор за претпреимнички вештини тоа се знаење да се извршуваат претпреимнички активности или задачи.

Вештините може да бидат вродени (интелигенција), стекнати со учење преку образовниот систем, стекнати преку искуство или пак преку некое хоби со кое се релаксираме. Многу е погрешно кога се мисли дека е доволно само образованието, на пример, факултетот и имам вештини за се. Факултетите не можат да не научат на се! Тие само ни ги даваат правците за понатаможна доедукација за стекнување на вештини.

Како прво сакам да нагласам дека вештините не се непресушни. Можете да имате вештини за изведување на денешните бизнис активности, но истите да не одговараат за изведување на утрешните бизнис активности. А вашиот бизнис се менува постојано. Па така денес сте добар претприемач, утре слаб. Значи Вашите вештини претставуваат како сад со вода (вештини) кое на дното е избушен и малку по малку водата (вештините) истекуваат. Оваа е заради временската рамка која постои кај вештините. Доколку постојано не го надополнувате шишето со нова водата (вештини) по одреден период шишето ќе стане празно, односно вашите вештини нема да одговараат за времето кое го живеете.

На сликата десно е претставена ова појава. Значи имаме сад со вода. Садот претставува претприемачот, додека водата ги претставува вештините. Можете да забележите дека од садот постојано истекува вода – вештините. Ова значи дека претприемачите ги губат сопствените вештини. Затоа, постојано мора да се додава вода – вештини во садот како истиот постојано би бил полн.

Зошто доаѓа до една ваква состојба на постојано истекување на вештините на претприемачот:

  • Временска рамка. Со текот на времето и потребните вештини се менуваат. На пример, пред 30 години не биле потребни вештините за работа на компјутер. Но, биле потребни вештините за водење на хартиена евиденција.
  • Напредок на науката. Науката во светски рамки се развива толку бргу што не може да се следи со голо око. Оваа наука влијае на светските трендови како во однос на живото на луѓето така и на функционирањето на бизнисите. Ние не можевме ни да замислиме дека денес нашите деца ќе се играат со играчки какви што постојт денес.
  • Развој на нова технологија. Технологијата постојано се развива. Производствените процеси не се исти како пред 20-30 години. Дури и да има исти не верувам дека уште долго време ќе опстанат. Многу производствени претпријатија се затворија во последните 15 до 20 години токму поради тоа што не ја менуваа опствента технологија на производство.
  • Конкуренција. Постои можност конкуренцијата да ги следи тредовите во однос на вештините и да стекне поголеми вештини од Вас. Така Вашите вештини губат вредност во бизнис светот.

Забележувате дека вештините се пресушен извор на потенцијална енергија за Вашиот бизнис. Затоа мора постојано да ги надополнувате како постојано би ја зголемувале бизнис потенцијалната енергија. Но, како?

Прво нешто е постојано да се учи и да се следи се што се случува на полето на технологијата како на локално така и на глобално ниво. Втора работа е следење на состојбите во индустријата во која се наоѓа Вашиот бизнис преку читање на списанија или веб страници на интернет кои се занимаваат со оваа проблематика.

Во еден од следните написи за методи и техники за да не се овозможи истекување на вештините.

About Д-р Драган Шутевски

Д-р Драган Шутевски е основач и CEO на Шутевски Консалтинг и им помага на бизнисите да го проектираат патот кон успешноста. Поврзи се со Драган на Google+

Speak Your Mind

*