post

30 Цитати за одложувањето

Цитати Одложувањето претставува голема опасност за малите бизниси и претприемачите, нормално.

Тоа те турка наназад, те запира во напредокот, те враќа назад и те одржува во status quo ситуација во твојот бизнис. Одложувањето може да биде удобно денес, но многу опасно утре.

Неможеш да очекуваш иновации и подобрувања со постојани одложувања на одредени активности во твојот бизнис. Не можеш да очекуваш да ја победиш твојата конкуренција ако ги одложуваш клучните активности. Неможеш ни да очекуваш доверба од  твоите потрошувачи доколку одлагаш со испораката на вредност за нив.

Во претходниот пост, зборуваме за три типа на причини за одложување кои треба да се отстранат, ако сакаме да го надминеме одложувањето. Тука, сакам да групирам 30-тина цитати за одложување.

  1. Ако чекаш ветрот и времето да бидат како што треба, никогаш нема да засадиш нешто и никогаш не ќе жнееш нешто. ~ Библија
  2. Одложувањето е крадец на времето. ~ Edward Young
  3. Во текот на многу зафатен живот често ме прашуваат, “Како успеваш да го направиш сето тоа?” Одговорот е многу едноставен. Тоа е затоа што се што правам го правам веднаш. ~ Richard Tangue
  4. Наскоро не сега, станува никогаш. ~ Martin Luther
  5. Одложувањето е страв од успех. Луѓето одлагат, бидејќи се плашат од успех за кој ги знаат резултатите, доколку одат напред. Бидејќи успехот е тежок, носи одговорност со него, многу е полесно да се одлага и да се живее со “еден ден ќе” филозофијата. ~ Denis Waitley
  6. Сите работи доаѓаат до оние кои чекаат, но кога ќе дојдат тие веќе се застарени. ~ Непознат
  7. Одложувањето е како кредитна картичка, многу е забавно се додека не се добие сметка. ~ Christopher Parker
  8. Одложи за кратко време, доцнењата имаат опасен завршеток. ~ William Shakespeare
  9. Во задоцнување не се наоѓа многу нешто. ~ William Shakespeare
  10. Не одложувај го за утре она во што можеш да уживаш денес. ~ Josh Billings
  11. Никогаш не оставај за утре она што можеш да направиш денес. ~ Thomas Jefferson
  12. Ако го чекаме моментот кога се, апсолутно се е спремно, ние никогаш нема да почнеме. ~ Ivan Turgenev
  13. Одложувањето е уметност за задржување на вчера ~ Don Marquis
  14. Низ историјата, неактивноста на оние кои би можеле да имаат дејствија, рамнодушноста на оние кои требало да знаат подобро, молкот на гласот на правдата кога е важен за повеќето, овозможило злото да триумфира. ~ Haile Selassie
  15. Доцнењето е најкрвавата форма на негирање. ~ C. Northcote Parkinson
  16. Сите ние длабоко се жалиме на недостаток на време, а сепак имаме многу повеќе отколку што знаеме што да правиме со него. Нашите животи се или поминати во правење ништо, или се ништо не се прави за целите, или во не правење нешто што треба да се направи. Секогаш се жалиме дека нашите денови се кратки, и дејствуваме како да нема да има крај на нив. ~ Seneca
  17. Нема ништо толку фатално за карактер како половина завршена задача. ~ David Lloyd George
  18. Мојот зол гениј Одложување ми шепнува следи ја истата динамика до поудобна сезона. ~ Mary Todd Lincoln
  19. Ја знаш вистинската вредност на време; грабни, искористи, и уживај во секој момент од него. Не безделничи, без доцнења, без одложувања; никогаш не го одложувај за утре она што можеш да го направиш денес. ~ Earl of Chesterfield
  20. Одложувањето е мојот грев. Тоа ме носи ниикаде, во тага. Знам дека треба да го спречам тоа. Всушност, ќе го спречам – утре! ~ Gloria Pitzer
  21. Дали знаете што ќе се случи кога на одложувачот му дадете добра идеја? Ништо! ~ Donald Gardner
  22. Оној кој чека многу, малку може да очекува. ~ Gabriel Garcia Marquez
  23. Ако масата на луѓе се мисли да дејствува, штрајкува брзо и со смелост, храброто срце кое ја разбира и запленува можноста, може се. ~ Johann Wolfgang Von Goethe
  24. За работата која никогаш не почнала потребно е најдолго време за крај. ~ J.R.Tolkien
  25. Еден човек кој одложува во изборот неизбежно изборот ќе му биде направен врз база на околностите. ~ Hunter S. Thompson
  26. Најголемата количина на потрошено време е време да не се започне. ~ Dawson Trotman
  27. Ниту возраста или времето на живот, ниту место или околност имат монопол врз успехот. Било која возраст е вистинскато возраст за да почнете да дејствувате! ~ Ralph Gerard
  28. Одложувањето е природен убиец на можностите. ~ Victor Kiam
  29. Еден ден не е ден од седмицата. ~ Непознат
  30. Ќе задоцниш, но времето нема, а изгубеното време никогаш нема да го најдете повторно. ~ Benjamin Franklin
About Д-р Драган Шутевски

Д-р Драган Шутевски е основач и CEO на Шутевски Консалтинг и им помага на бизнисите да го проектираат патот кон успешноста. Поврзи се со Драган на Google+

Speak Your Mind

*