post

Како да станеш претприемач?

Како да станеш претприемач? Ова е една од највозбудливите професии на светот. Возбудлива, но исто така и ризична за луѓето кои ја имаат.

Кога ќе почнеш да работиш со твојата компанија стануваш претприемач. Сепак, процесот не може да се дефинира од почеток до крај, затоа што ќе мора да превземеш многу повеќе активности, пред да започнеш со твојот бизнис за станеш претприемач.

Значи, како да станеш претприемач?

Во следните 87 точки, ќе споделам некои совети, мислења и акции кои треба да ги преземеш доколку сакаш да станеш успешен претприемач.

1. Биди уникатен

Мора да бидеш различен од остатокот на светот, доколку сакаш да станеш претприемач. Тоа значи дека треба да го погледнеш светот со други очи. Треба да ги видиш можностите, каде што сите другите гледаат проблеми. Твојата компанија ќе биде уникатна врз основа на тоа колку ти ќе бидеш уникатен.

2. Размислувај поинаку

Доколку си уникатен веројатно и размислуваш поинаку од остатокот од светот. Треба да најдеш различни начини за да ги решаваш истите проблеми. Тоа е разликата помеѓу претприемачите и остатокот од светот.

3. Размислувај за големи идеи

Успешните претприемачи имаат големи идеи кои се уникатни, различни и корисни за потенцијалните купувачи. Ако сакаш да изградиш компанија со голема бизнис потенцијална енергија и да станеш претприемач ќе мораш да размислуваш за големи идеи, а не за просечни. Помина времето на просечни производи за просечни луѓе.

4. Сонувај за промена на светот

Секоја одлична идеја може да го промени светот. Погледни го Apple и Steve Jobs, кои навистина го сменија изгледот на светот во однос на минатото. Ако сакаш да станеш успешен претприемач, треба да сонуваш. Сонувај за невозможн работи, бидејќи не постои ништо што е невозможно.

5. Следи ја твојата пасија

Доколку сакаш да станеш претприемач, вклучи ја твојата пасија во твојот бизнис. Тоа се твоите лични чувства и емоции кои овозможуваат да чувствуваш позитивнен афинитет за нешто што го правиш. Твојата пасија е потребна на твојата компанија.

6. Размислувај за најголемите проблеми

Во светот секогаш ќе има проблеми кои не се решени до денес. Најди ги најголемите, оние што можеш да ги решиш и да ги преточиш во твој бизнис. Тоа е начин да се стане претприемач.

7. Размислувај за најголемите потреби

На пазарот исто така постојат потреби. Треба да ги најдеш најголемите и да ги инкорпорираш можните начини на нивното задоволување во твојот бизнис.

8. Размисли за најдобрите решенија за проблемите и потребите

Секој проблем има потреба од решение, кое ќе задоволи некои од најголемите потреби на пазарот. Направи ги најдобрите решенија за постоечките проблеми и потребите на пазарот.

9. Размисли за тоа што те прави среќен

Да се стане претприемач, не значи дека треба да се биде несреќен. Ти си на првото место во твојата компанија. Размисли за тоа што те прави среќен, обиди се да го вклучиш тоа во твојот бизнис модел.

10. Не заборавај на твоите лични цели

Ти пред се си човечко суштество и пред и откако ќе станеш претприемач. Мора да размислуваш за твоите лични цели кои треба да ги оствариш кога ќе станеш претприемач.

11. Започни со вмрежување

Ќе имаш потреба од, колку што може повеќе мрежи за твојата компанија. Ти не можеш да стартуваш со твојот бизнис без мрежата, која ти овозможува или барем дава потенцијал за успешен почеток.

12. Почни да слушаш

Слушањето станува една од најважните бизнис функции денес. Треба да слушаш ако сакаш да ги дознаеш проблемите и потребите на твоите купувачи. Тоа се многу корисни информации кои можеш да ги искористиш за твојата компанија.

13. Најди ја твојата лична уникатност

Твојата лична уникатност е нешто што ќе те разликува од останатите претприемачи, и во исто време ќе ја разликува и твојата компанија од остатокот на компаниите.

14. Учи од успешните

Ако сакаш да станеш претприемач, мора да почнеш да учиш од успешни луѓе.

15. Читај книги од успешни претприемачи

Постојат многу книги од успешни претприемачи кои можат да ти дадат знаење како да станеш успешен претприемач.

16. Читај многу

Треба да читаш многу, бидејќи тоа е единствениот начин секогаш да го зголемуваш твоето знаење и на таков начин да ја зголемиш твојата бизнис потенцијална енергија.

17 .Читај блогови за претприемништво

Постојат многу блогови за претприемништвото кои ќе можеш да ги читаш секојдневно, за да го зголемуваш твоето знаење, за да дојдеш до некои корисни идеи или некои нови технологии.

18. Биди дисциплиниран

Ако сакаш да станеш претприемач заборави недисциплина.

19. Верувај во своите способности

Како можеш да очекуваш твоите купувачи да ти веруваат на тебе или на твојата компанија, доколку не веруваш самиот во своите способности?

20. Зголемувај ја самодовербата

Ако веруваш во твоите способности дека можеш да станеш претприемач ќе имаш доволно самодоверба за таков вид на работа. Доколку немаш, веднаш почни да бараш начини да си ја зголемиш самодовербата.

21. Најди ја твојата најголема инспирација

Што те инспирира? Твојата инспирација ќе ја води твојата компанија во иднина.

22. Престани да сонуваш, почни да правиш нешто

Време е да се престане со сонување и спиење. Луѓе кои само сонуваат не можат да станат претприемачи. Поради тоа почни да правиш нешто сега.

23. Не потпирај се на случајности

Случајностите не се правила во претприемништвото. Не потпирај се на нив во твојот бизнис.

24. Биди одличен за нешто

Ако сакаш да станеш претприемач, ти треба да бидеш одличен за нешто. Треба да бидеш подобар од сите други. Дали си?

25. Развивај ја твојата одличност

Ако мислиш дека не си толку одличен да започнеш со твојата компанија сега, започни со развој на твојата одличност.

26. Прави нешто подобро од сите други

Ти не треба да го откриеш тркалото, тоа веќе е откриено. Треба само да направиш нешто подобро од него.

27. Започни со прототип

Време е да го направиш твојот прв прототип на твоите производи или услуги.

28. Испробај се на пазарот

Можеби твоите прототипи на производи и услуги се најдобрите на светот, но ти не си оној кој суди. На пазарот, купувачите се судии за тоа.

29. Имплементирај ги повратните информации од пазарот во твоите производи и услуги

Зошто да се испробуваш на пазарот ако не ги имплементираш повратните информации во форма на подобрување на твоите производи и услуги или подобрување на твојот бизнис воопшто?

30. Направи ги твоите производи и услуги лесно разбирливи

Како да станеш претприемач Неможеш да се очекуваш дека ќе ги продаваш твоите производи и услуги, доколку тие не се разбирливи за твоите потенцијални купувачи. Направи ги да бидат лесно разбирливи.

31. Брендирај го твојот бизнис

Што е со твоето бизнис име или лого? Направи нешто навистина препознатливо.

32. Што е со сопствениот ризик?

Размисли за сопствениот ризик. Колкав ризик можеш да толерираш?

33. Не заборавај да зборуваш за тоа постојано

Сакаш да станеш претприемач, почни да зборуваш за твојата пасија, за иднината на твојот бизнис, за проблемите кои тој ќе ги решава…

34. Која е твојата визија?

Како ја гледаш иднината на твојата компанија? Каде ќе биде по пет или десет години.

35. Стратегијата

Ќе ти треба стратегија, ако сакаш твојата визија да стане реалност.

36. Јасен бизнис модел

Нацртај го твојот бизнис модел на парче хартија. Разгледај ги врските меѓу најважните бизнис елементи.

37. Планирај го твојот пат до успехот

Знаеш каде си сега, и знаеш каде би сакал да бидеш по пет или десет години. Следно што ќе ти треба е да ги поврзеш точките. Треба да ја нацрташ траекторијата до твојата визија. Тоа е твојот план.

38. Подготви се за следните 5 години

Мора да се подготвиш себе си за следните пет години.

39. Напиши бизнис план

Бизнис планот ќе биде твојот пат кон успехот. Се што ќе направиш до тука треба да се пренесе во одличен бизнис план.

40. Дефинирај SMART цели

Кога ќе ги поставиш твоите бизнис цели, провери дали тие се SMART (специфични, мерливи, остварливи, реални и временски ограничени).

41. Биди реален кога го планираш твојот бизнис

Не лажи се себе си со твојот бизнис план. Направи го тоа толку реално колку што е можно повеќе. Кога е потребно, прегрупирај да биде во корелација со реалноста.

42. Побарај помош ако ти е потребна кога го планираш твојот бизнис

Понекогаш сам не можеш да ги направиш сите предвидувања, анализи и пресметки во бизнис планот. Доколку ти е потребна помош не двоуми се да побараш помош.

43. Најдобар план е кога се содржани одговори од потенцијалните купувачи

Осигурај се дека твојот бизнис план ги има вградено одговорите од твоите потенцијални купувачи. Тие се важни затоа што нив твојата компанија ќе им служи.

44. Твојот план нека бидне колку што е можно поедноставен

Многу е поважно ти и твоите вработени да го разберете планот одколку комплексноста и правилата од училиштата.

45. Користи цртички во твојот план

Најдобрите бизнис планови кои сум ги видел до сега се бизнис плановите со цртички. Тоа е затоа што цртичките се наједноставна форма која обезбедува спроведување на самиот план.

46. Не ги заборавај одговорностите

Од друга страна, цртичките бараат јасни одговорности за имплементација. Не заборавај да ги вклучиш во секоја цртичка.

47. Јасно дефинирај го процесот на делегирање

Делегирање е важен дел за твојата бизнис иднина. Најдобро време да се дефинира процесот на делегирање е сега.

48. Ти не си сам

Мора да разбереш дека ти не си човек за се. Ти не си сам.

49. Неможеш да преживееш сам

Ако сакаш да бидеш човек за се, треба да разбереш дека ќе ја намалиш можноста да станеш претприемач.

50. Регрутирај паметно

Треба да создадеш процес со кој ќе ги регрутираш најдобрите вработени за твојот бизнис. Тие се твојата идна бизнис потенцијална енергија.

51. Мотивирај паметно

Вработените бараат мотивација доколку сакаш да го извлечеш најдоброто од нив.

52. Биди лидер

Ти си лидерот. Твојата работа е да бидеш лидер.

53. Неможеш да ги задоволиш сите

Разбери дека неможеш да ги задоволиш сите. Доколку се обидеш, ќе изгубиш поголем дел од твојата бизнис потенцијална енергија.

54. Сега, кој е твојот целен пазар?

Јасно дефинирај го целниот пазар, доколку сакаш да го дадеш најдоброто од себе за да го задоволиш.

55. Секогаш биди блиску до твојот целен пазар

Ќе треба секогаш да бидеш на местата каде што се твоите целни купувачи. Да ги слушаш, да ги едуцираш, да им помагаш…

56. Не заборавај да поставуваш прашања

Поставувај прашања. Поставувај многу прашања.

57. Твојот фокус секогаш нека биде кон твоите потрошувачи

Твоите потрошувачи се твоите шефови ако сакаш да станеш претприемач. Треба да се фокусираш на нив како нешто основно за тебе.

58. Креирај вредност

Ти ќе продаваш вредност, а не само производи и услуги.

59. Започни со испорака на вредноста

Вредноста не е за тебе. Таа е за твоите потенцијални купувачи. Поради тоа започни со испорака веднаш.

60. Направи навистина неодолива понуда

Неодолива понуда е нешто на што не може да му се спротивстави, нешто што ќе му обезбеди долгорочен успех на твојот бизнис. Обиди се да направиш навистина неодолива понуда.

61. Секогаш истражувај

Ако сакаш да станеш претприемач, треба да истражуваш секогаш околу твојот бизнис.

62. Набљудувај сè околу тебе

Како претприемач во иднина треба да бидеш добар набљудувач.

63. Евалуирај но исто така завршувај со евалуацијата

Твоја работа доколку станеш претприемач ќе биде да евалуираш, но не дозволувај твојата евалуација да трае вечно. Таа треба да заврши, а резултатите од неа да бидат спроведени во твојот бизнис.

64. Секогаш прашувај се зошто, што, кој, кога и како

Клучните прашања кои секогаш ќе треба да си ги поставуваш кога ќе станеш претприемач се: зошто, што, кој, кога и како, за се што се околу твојот бизнис.

65. Не заборавај на твоите силни и слаби страни

Секогаш обидувај се да ги подобриш твоите силни странии и во исто време елиминирај ги сите твои слабости.

66. Но, исто така гледај ги можностите и заканите

Ќе треба да погледнеш и надвор од твојата компанија. Таму постојат можности и закани.

67. Секогаш барај препораки

Препораките може да ја зголемат твојата бизнис потенцијална енергија драстично. Поради тоа, треба секогаш да барате препораки.

68. Користете паметен маркетинг, не скап маркетинг

Ти треба паметен маркетинг, а не маркетинг за кој само ќе се потрошат пари без резултати.

69. Секогаш обидувај се да инсталираш вирозност во твоите маркетинг средства

На твоите маркетинг средства им треба вирозност, доколку сакаш да бидат забележани од колку што е можно повеќе потенцијални купувачи.

70. Нека сите твои маркетинг средства ја комуницираат твојата вредност

Секогаш проверувај го твиете маркетинг средства, за да видиш дали јасно ја комуницираат вредноста која твојот бизнис ја нуди.

71. Одлучувај брзо, но базирај се на квалитетни информации

Твоите одлуки треба да се врз основа на квалитетни информации, во вистинско време и на вистинското место.

72. Секогаш биди транспарентен

Транспарентност ќе го направи твојот бизнис многу посилнен отколку што мислиш.

73. Биди трпелив, претприемништво не е стратегија за брзо богатење

Ти треба трпеливост. Претприемачите се трпеливи. Тие знаат дека успехот не се стекнува преку ноќ.

74. Подготви се за лоши сценарија

Треба да знаеш дека статистички гледано повеќе бизниси не успале. Тоа значи дека повеќе луѓе не станале претприемачи. Затоа треба да се подготвиш за лошото сценарио со твојот бизнис.

75. Имај план Б

Успешен претприемач секогаш има план Б во џебот.

76. Веројатно, ќе треба да го жртвуваш твојот животен стил

Да се биде претприемач може да бара од тебе да жртвуваш нешто, или во некои случаи целиот твој животен стил.

77. Развивај на план за повторување на продажбите

Успешните бизниси се потпираат на повторување на купување. Ќе треба да развиеш јасен план, за да се обезбеди повторување на купувањата.

78. Размисли два пати пред да почнеш

Почекај за момент и размисли повторно, пред да започнеш.

79. Размислете за outsourcing

Можеш да ја зголемиш твојата продуктивност ако outsourcing е дел од твојот бизнис модел.

80. Биди позитивен, дури и кога губиш

Никогаш не биди негативен, па дури и ако губиш. Доколку ја губиш битката, не значи дека си ја изгубил војната.

81. Почни со блогирање за твојот бизнис

Блогирањето е еден од најмоќните начини за споделување на некој збор за твојот бизнис. Зошто и ти не би го користел?

82. Едуцирај, не продавај

Кога ќе блогираш за твојот бизнис, не пробувај да продааваш туку едуцирај.

83. Не биди здодевен со твојот бизнис блог

Избегни ја филозофијата на добро познатите здодевни корпоративните блогови.

84. Избегни го јас, јас и јас синдромот

Како што научивме од претходните совети во овој пост, ти не си сам. Сето ова не е за тебе или за твојот бизнис. Ова е повеќе за твоите потрошувачи.

85. Перманентно елиминирај ги причините на проблемите кога ги решаваш

Доколку сакаш да елиминираш повторување на истите проблеми, ќе треба да ја елиминираш причината веднаш откако ќе го решиш проблемот.

86. Елиминирај ги сите твои препреки кон успехот

Ќе имаш многу препреки на твојот пат да станеш претприемач. Секогаш отстранувај ги истите.

87. Среќно! Ќе ти треба

About Д-р Драган Шутевски

Д-р Драган Шутевски е основач и CEO на Шутевски Консалтинг и им помага на бизнисите да го проектираат патот кон успешноста. Поврзи се со Драган на Google+

Speak Your Mind

*