post

7 начини да откриеш што мислат купувачите

Купувачите како с’рж на секој бизнис се во центарот на внимание на секој претприемач. Но, дали секој претприемач успева да ги прочита, да знае што мислат и да одговорат на нивните очекувања? Тешко!

Проблемот е што не секогаш купувачите сакаат да се искажат за нивното реално мислење во однос на вашите производи, услуги, бренд, вработени… Тие си имаат свои тајни кои ќе останат само за нив, а ќе се однесуваат согласно она што го мислат.

Затоа претприемачите се наоѓаат во позиција кога постојано мора да бараат начини да бидат поблиску до своите купувачи, да им ги читаат мислите, да ги анализираат и извлекуваат заклучоци…

Да разгледаме 7 можни начини преку кои може да откриеш што мислат купувачите за твојот бизнис.

1. Излези надвор и помини време со нив

Намерно не ги ставив анкетите како први, бидејќи иако најмногу се користат сепак не се нешто на што може во целост да се базирате. Анкетите се пополнуваат без ваше присуство и на таков начин губите многу визуелни сигнали кои ќе ви бидат потребни заради извлекување на вистинскиот заклучок.

Мора да излезете надвор од канцеларија и да испиете по едно кафе со вашите купувачи. Не мора сите, но можете да имате некој репрезентативен примерок кој би бил квалитетен за соодветна анализа.

2. Не ги игнорирај секојдневните контакти со твоите купувачи

Некој од твојот тим секојдневно контактира со твоите купувачи. Можеби тоа сте вие, можеби вашиот продажен тим или пак луѓето од маркетингот. Можеби некој ваш вработен е комшија со ваш купувач. Факт е дека на ваков или онаков начин вашиот бизнис е во секојдневен контакт (физички и виртуелен) со некој од купувачите.

Тука лежат доста квалитетни информации кои можете да ги искористите за прилагодување на вашиот бизнис заради подобро излегување во пресрет на нивните потреби. Тоа е суштината на бизнисот.

3. Анкетирај ги

Дојдовме и до анкетата, која иако ја искритикував во првиот начин, сепак не е забрането користење, особено бидејќи претставува квалитетно надополнување на претходните два начина.

Анкетите можете да ги искористите во определување на трендови, но и за проверка на заклучоците од директни состаноци и секојдневни контакти.

4. Имплементирај иницијативи за добивање на повратен одговор

Дали знаете што значи тајна. Тајните постојат за да не се кажуваат, но и за да се прекршуваат. Но, најдобар начин да го извлечете она пто го сакате е да имате систем за иницијативи за добивање на повратен одговор.

Што ќе добијам јас, доколку ви го кажам тоа и тоа?

5. Бидете онлајн покрај нив

Бидејќи се повеќе твои купувачи се таму некаде онлајн, каде изразуваат желби, комуницираат и се едуцираат вашето присуство во таа близина е задолжително. Не сте ни свесни што се ќе дознаете, доколку слушате.

6. Анализирајте ги јавно достапните информации

Иако можеби не се сосема адекватни за вашите потреби, сепак јавно достапните информации може да ви помогнат во заокружување на таа вистина која ја барате. Државен завод за статистика, медиуми, информации од Влада или било која друга јавно достапна информација може да биде од корист за да откриете некои глобални трендови поврзани можеби и со вашите купувачи.

7. Имплементирајте го она што сте го научиле од информациите и прашајте за одговор

И секако повратна врска. Сте слушале, сте комуницирале, сте анализирале… Сега сите заклучоци од тие информации треба да ги имплементирате. Вашиот бизнис треба да биде подобар.

Но, како што од добро постои подобро, и од подобро повторно може да биде подобро, секако доколку прашате за мислење.

About Д-р Драган Шутевски

Д-р Драган Шутевски е основач и CEO на Шутевски Консалтинг и им помага на бизнисите да го проектираат патот кон успешноста. Поврзи се со Драган на Google+

Speak Your Mind

*