post

Успешен Претприемач – Одлучувачки Фактори – Реалност

Во вчерашниот напис за Успешен Претприемач – Одлучувачки Фактори – Резултати со помош на анкетата која ја спроведовме во изминативе две недели и една дополнителна анализа на истите дојдовме до 15 фактори кои влијаат на успешноста на претприемачот. Тие 15 фактори кои ги идентификувавме наведени по важноста на истите се:

  1. Спремност да превземе акција,
  2. Знаење,
  3. Креативност,
  4. Вештини,
  5. Интелигенција,
  6. Истрајност,
  7. Упорност,
  8. Тимска работа,
  9. Вкалкулирано ризикување,
  10. Самодоверба,
  11. Искуство,
  12. Талент
  13. Чесност,
  14. Врски и
  15. Среќа.

Како што наведов во резултатите од анализата еден од одговорите најмногу ми се допадна, а тоа е ниеден од горенаведените фактори.

Зошто ниеден од 10 фактори во анкетата не е најважен?

Првин сите наведени фактори без спремност да се превземе акција претставуваат потенцијал на еден претприемач. Всушност оваа е онаа бизнис потенцијална енергија складирана во претприемачот која може и треба да биде претворена во кинетичка енергија која ќе врши одредена работа. Повеќе за бизнис потенцијална енергија можете да прочитате во:

Ова беа меѓу првите написи кои ги напишав на претприемач во моментот кога како термин и процес на бизнис потенцијална енергија започнав да го развивам и во моментов ова претставува една алатка која може да му помогне на секој бизнис да ја зголеми сопствената бизнис потенцијална енергија и да ја претвори во продуктивен и профитабилен бизнис. За овој процес во некој од понатамошните написи на претприемач.

Но, ниеден од тие фактори нема да го направи еден претприемач успешен доколку не превземе соодветна акција. На пример, џабе знаењето и креативноста ако не го направите првиот чекор да го започнете Вашиот бизнис.

Познавам многу луѓе кои имаат знаење и креативност, вешти се и интелигентни, истрајни и упорни… Сепак тие луѓе не се претприемачи, работат за друга компанија или пак некоја државна служба. Тие не се претприемачи не заради тоа што немаат знаење или пак не се интелигентни или пак не ги поседуваат останатите карактеристики од факторите за успешност, туку заради тоа што не го направиле првиот чекор, односно не превземале акција да станат претприемачи.

Затоа во оваа хиерархиско пирамидална структура на одлучувачки фактори за успешност (сликата на почетокот) на еден претприемач како прва карактеристика или како темел за успешноста ја ставив способноста за превземање на акција.

Каков би бил профилот на успешен претприемач?

Профилот на еден претприемач – супермен би бил:

Спремен да превземе акција која ја надградува со знаење и креативноста при што ги комбинира вештините и интелигенцијата, а е истраен и упорен, има способност да работи во тимови, превзема ризик, но не луд ризик и има самодоверба и искуство, а притоа е чесен, понекогаш има среќа и има некои врски кои можат да го подбутнат во работата.

Во секој случај сите фактори или карактеристики се важни, бидејќи само ќе ја зголемат бизнис потенцијалната енергија на претприемачот, а со тоа и севкупната бизнис потенцијална енергија.

Во наредниот период ќе продолжиме со разработувањето на сите овие фактори или карактеристики за да еден претприемач биде успешен претприемач.

About Д-р Драган Шутевски

Д-р Драган Шутевски е основач и CEO на Шутевски Консалтинг и им помага на бизнисите да го проектираат патот кон успешноста. Поврзи се со Драган на Google+

Trackbacks

  1. […] за кое ги презентиравме резулатите и ја подготвивме хиерархијата на најважните фактори кои еден претприемач го прават успешен […]

  2. […] ажурирањата на претприемач.Ќе продолжам со серијалот слоеви кои го формираат успехот на еден претприемач, а тоа е тимска работа, вкалкулиран ризик, самодоверба […]

  3. […] си во кожа на еден претприемач не е едноставно. Но, и во кожата на еден агент како […]

  4. […] (Пред една година направивме една анализа на фактори кои еден претприемач го прават успешен.) Со години праксата и науката се обидуваат да дадат […]

  5. […] Успешни претприемачи знаат како да ги следат трендовите во подрачјето на нивниот биснис. Постојат луѓе кои креираат трендови и секако луѓе кои ги разбираат трендовите. Остатокот се луѓе кои ниту креираат ниту следат трендови. Истото е и кај бизнисите, постојат: […]

  6. […] од половиот стереотип. Карактеристиките на успешни претприемачи повеќе им се препишуваат на мажите отколку на жените. […]

Speak Your Mind

*