About Андоновски Александар

post

Интересни неделни информации 20.09-26.09.2010

Неделни вести на претприемач

Неделни информации на претприемач

Избор на вести од претходната недела на претприемач

Либерализација на .мк доменот

Се најавува либерализација на .мк доменот. Ќе се овозможи регистрирање на правни и физички лица. За полесна регистрација МИО најавува мрежа на компании кои ќе го претставуваат МАРНет  и ќе обезбедат полесна регистрација на домените. МАРНет ќе се регистрира како јавна установа и се очекува да отпочне со работа од 1 јануари 2011 год.
Компаниите кои ќе ги продаваат домените, заедно со МАРНет ќе ја утврдуваат провизијата по домените. Се најавува и домен со кириличен фонт, но тоа ќе се утврдува откако МАРнет ќе се реализира, т.е. да се заврши регистрацијата како јавна установа и откако ќе се дефинира и вработи потребниот кадар со телекомуникациско искуство.
Со овој чекор ќе се овозможи регистрација на домен во секој град од Македонија без потреба да се оди во просториите на МАРНет или документите да се праќаат по пошта. Физичко лице што ќе регистирира домен ќе биде внесено во регистарот на домени со име и презиме, а не преку фирма која ја направена регистрацијата за него. Останува и да се дефинира дали регистрацијата ќе може да се реализира on-line.

Обука Обука за фирми во Општина Аеродром

Општина Аеродром најавува презентација на програмите “Пристап до финансии” и “Моја кариера”, наменети за мали и средни претпријатија. Презентацијата е планирана за петок.
Првата програма ја објаснува методологијата со која може полесно да се финансира одреден бизнис, додека втората служи за подетално запознавање на пазарот на трудот и можностите за ангажирање волонтери. Презентацијата ќе се одржи во соработка со општините Кисела Вода и Сопиште.

no internet Дваесет проценти од фирмите немаат интернет

Годинава 84,1 проценти од претпријатијата од финансискиот и од нефинансискиот сектор со 10 или повеќе вработени имале пристап на интернет, соопшти Државниот завод за статистика.
Пристапот на интернет 73,6 проценти од компаниите најчесто го употребувале за банкарски и за финансиски услуги, а само 5,3 проценти реализирале продажба преку интернет во 2009 година. Во јануари 2010 година, 13,8 проценти од деловните субјекти имале дефинирана безбедносна политика во информатичко-комуникациските технологии .

Соларната енергија ги привлекува инвеститорите

Од Агенцијата за енергетика изјавуваат дека постои голем интерес за изградба на соларни електроцентрали. Поднесени се околу 57 барања, а од 8-те започнати, 6 се со македонски капитал, а 2 се странски инвестиции. Единствен проблем е загарантираната цена за мегават час електрична енергија добиена од овие централи. Од советот за евроинтеграции велат дека иако декларативно се заложуваат за привлекување на странски инвестиции, на вложувачите не им се дозволува да градат таму кај што се заинтересирани. Првично загарантираната цена беше 460 евра за мегават час за следните 20 години со што инвестицијата би се вратила за 5-7 години. Сега гарантираната цена е намалена на 260 евра за мегават час за следните 15 години, со што периодот за враќање на инвестицијата дупло се зголемува и би можела да ја направи инвестицијата неатрактивна.

Сименс договори доживотно вработување на своите работници

Во Германија каде што вообичаено има добри односи помеѓу вработените и управувачките структури, за прв пат се случува договор со кој на 128.000 работници им е ветено дека нема да има принудни отпуштања. Договорот го склучил Сименс со работничкото собрание и синдикатот на работниците. Ова ја ограничува компанијата да им се закани на вработените со отпуштање во случај на штрајк, па дури и кога бараат поголеми плати. Воедно, компанијата е обврзана да ги извести вработените доколу планира да продаде дел од компанијата и работниците имаат право да одлучат за најдобриот купувач.
Единствена дупка е што било која од договорните страни може да одлучи да го раскине договорот кога сака.

пари Финансиски друштва дополнително ќе го кредитираат стопанството и населението

Владата најави можност за регистрација на финансиски друштва кои со основачки капитал од мин. 100.000 евра ќе можат да кредитираат фирми и физички лица. Со оглед на висината на основачкиот капитал, нема да претставуваат сериозна конкуренција на деловните банки, но малиот број на вработени и не постоење на потреба за доставување на извештаи до Народната Банка значително ќе го намали времето потребно за пласирање на парите. Успехот на бизнисот многу често зависи од брзината и пристапот кон ликвидни средства. Се очекува овие друштва да финансираат од 10 до 15.000 евра по клиент, а воедно ќе може да издаваат кредитни картички, гаранции, а ќе ги контролира единствено Министерсвото за финансии.
Од Народна банка и деловните банки нема коментари, единствено велат дека не биле консултирани при носење на оваа одлука.

post

Интересни неделни информации 13.09-19.09.2010

Неделни вести на претприемач

Неделни вести на претприемач

Избор на интересни вести за минатата недела 13-19.09.2010

ВИП оператор, подршка за млади програмери и иноватори

ВИП

ВИП  се покажува како компанија со општествена одговорност која дава подршка за иновативноста и креативноста кај младите програмери. ВИП веќе имаше конкурс на кој конкурираа околу 300 апликанти со свои проекти. Победниците на конкурсот добија чек од 500.000 ден. и телефон htc desire. Проектот кој што беше награден е софтверска апликација  ”Поправи МК“  која работи на андроид платформата.

Апликацијата овозможува брзо откривање на проблеми и истите бргу да се пренесат до надлежната институција со точна локација и опис на проблемот.

При неодамнешна посета на салонот на ВИП, ни беше презентирана апликацијата за плаќање на паркинг во Скопје. Помага при лоцирање во која паркинг зона се наоѓате и колку би требало да се плати за 1 час паркинг, без дополнително да ја барате таблата на која се истакнати тие податоци.

Дополнително ВИП најавува намалување на цените за мобилната телефонија и вели дека не планираат да се вклучат во фиксната телефонија и телевизијата додека не се исцрпат сите можни услуги во мобилната телефонија. Нивната промотивна понуда за потпишување на договор за користење на нивните услуги за 2 годишен период во кој се плаќа само 50% од претплатата беше одлична можност за сите нас што сакаме да си ги намалиме месечните сметки за телефонски разговори. Најдобра понуда беше за 1500 ден. месечна претплата за која нудат 1000 мин разговор во мрежата на ВИП и 1000 мин разговор кон сите останати мрежи. Со нетрпение ја чекаме следната промотивна понуда на ВИП операторот.

Рокот за регистрација на возилата со бугарски регистарски таблички до 30-ти септември

bg tabla

Минатата недела сопствениците на коли со бугарски регистарски таблички протестираа бидејќи не сакат да ги платат увозните давачки туку само регистрација и осигурување. Владата соопшти дека останува на својот став дека нема да има законски измени и рокот за регистрација останува до 30-ти септември. Доколку некое возило не е пререгистрирано и по потврда од царина дека престојувало во државата повеќе од 6 месеци, следува казна од 100 евра до одземање на возилото. Истите проблеми ги имаат и сопствениците на коли со странски таблички во Хрватска. Но таму за ослободување од царина се бара лицето сопственик да нема никакви приходи во државата, да нема здравствено осигурување или право на пензија. За разлика од Хрватска кај нас единствено се бара возилата да се пререгистрираат при што треба да се плати царина, акциза, ДДВ и хомологација.

Македонија конечно во “Карго 10“

По неколку најави и дилеми дали да се приклучи или не, Македонија конечно влезе во проектот “Карго 10“ за формирање на заедничко претпријатие за железнички сообраќај по иницијатива на Словенија, Хрватска и Србија. Проектот ќе овозможи скратување на времетраењето на патувањето преку кратење на царинските и граничните формалности, но и преку кратење на пругите. Со приклучување на Македонија се очекува патувањето од Солуна до Љубљана да се скрати за 7 часа. Заинтересираност за приклучување кон овој проект постои и кај Грција, Босна и Херцеговина и Црна Гора. Крајна цел е стоката што се превезува кон Блискот исток да минува низ овој коридор со што патувањето на возовите од Истанбул до Љубљана би се скусило од 57 на 35 часа а и ефектите за “ Македонски железници“  и железниците на земјите вклучени во овој проект би биле големи.

За 20 години 3 пати повеќе пилоти

Моментално во подршка на глобалниот авионски превоз се вклучени околу 223 илјади пилоти и 100 илјади механичари и инженери. Американскиот произведувач на авиони “Боинг“, тврди дека за 20 години на авионскиот сектор ќе му бидат потребни дополнителни половина милион нови пилоти. Како втор најголем произведувач по “Ербас“,  “ Боинг“ предвидува дека ќе треба и половина милион  работници кои ќе работат на одржување. Проценките се темелат на пораст на обемот на патничкиот сообраќај, посебно во азиско-пацифичкиот регион, каде што и ќе се појави потреба за  40% од горе споменатиот потребен кадар.

Извоз на 30.000 тони бостан од Македонија

Ако не може да се пофалиме со друго, тогаш треба да се истакне фактот дека земјоделските култури и производи чинат голем дел од македонскиот извоз. Имено до сега се извезени околу 30.000 тони бостан и диња, главно во Србија, Босна и Херцеговина, Косово, Чешка, Полска, Украина но и други земји од Европската Унија. Вкупната берба беше планирана во обем од 50.000 тони, но лошите временски услови ги спречија македонските извнозници целосно да ги исполнат договорите за извоз. Земјоделците изјавуваат дека цените за откуп ретко били добри како што беа годинава 7-10 ден за кг лубеница. Лошите временски услови во другите земји наметнаа цените да се движат нагоре и трговците да бараат поголеми количини, но слабите реколти не дозволија да се задоволат нивните барања. Во секој случај ова е позитивно за Македонија, за платниот биланс на земјата, но и за транспортните компании чии капацитети беа  до максимум искористени за извоз на земјоделските производи.

Историски максимална цена на златото.

злато

Минатата недела златото го постигна историскиот максимум во однос на цената. Унца злато се продаваше за 1280,5 долари за фина унца (31,5 грама). Се очекува во текот на оваа недела цената да се покачи дополнително. При нестабилност на финансиските пазари и флуктуација на валутите, инвеститорите се свртуваат кон она што е најстабилно, а тоа е златото и уметничките творби. Паѓањето на каматните стапки на федералните резерви, дополнително ги насочува инвеститорите кон вложување на средствата кон овој скапоцен метал.

Тужби за Стопанска и Тутунска банка

Со тужби од вкупен износ од 275 милиони евра се здобија двете најголеми банки во Македонија “Стопанска“ и “ Тутунска“  банка, пишува неделниот весник „ Форум“. Тужбите се од компании кои ги користеле услугите на двете банки. Компанијата која ја тужи „Стопанска банка“ е  „Капитал консерватор сејвинг енд лоун лимитед“ од Нов Зеланд која пред три месеца почна судска постапка во која од „Стопанска банка“ побарува отштета од 250 милиони евра, што е еднакво на целокупната вредност на капиталот на друштвото.

Во другиот случај тетовската фирма „Плаза“ бара отштета од „Тутунска банка“ од речиси 27 милиони евра, што е 38% од капиталот на банката.

Двете банки не се произнесуваат  за природата на тужбата, но имаа барање до Агенцијата за приватизација да не ги објавуваат информациите што не е можно поради фактот што тужениот износ е поголем од 5% од вредноста на банките.

post

Интересни неделни информации 06.09-12.09.2010

Неделни вести на претприемач

Неделни вести на претприемач

Наш избор на вести за минатата недела:

Резерви на нафта уште 10 години?

Изворите на нафта не се непресушни и се резултат на процес на фосилизација која траела со илјадници години. Научниците од службите за геологија и природни богатства проценуваат дека за 10 години ќе се исцрпат резервите на конвенционалната нафта. Решение е во нови извори на енергија кои полека би го замениле традиционалото гориво на 20-тиот век – нафтата. Новите биолошки горива ќе покриваат 12% од потребите до 2020 год. Проблемот е во цената на растителните продукти од кои се добиваат биолошките горива и нафтата. Засега цената на нафтата е доста поефтина, за илустрација 1 тон жито достигна цена и од 100 долари, што прави земјоделците да садат жито, а не шеќерна репка за производство на био горива. Ако би се правела пресметка од енергијата добиена од 1 тон жито, заклучок е дека е многу повеќе од енергијата добиена од нафта, што ја прави ситуацијата нелогична, но тука се инвестициите во нови погони за производство на нов тип на гориво, како и опасност од недостиг на храна на светсиот пазар, кога земјоделците целосно би се насочиле кон производство на суровина за био горива. Со оглед на фактот дека се предвидува цената на барел нафта да порасне на 100 долари а до 2030 год. и на 190 долари за барел, сигурно е дека полека ќе почнеме да се префрлуваме на поновите горива. Дополнително во корист на биогоривата е и фактот што им се зголемува ефективноста поради можноста за повеќекратна употреба, т.е. повторна термичка обработка за добивање на дополнителна енергија. Единствено ќе мора плански да се распоредуваат обработливите површини, за да не се ограничи прахранбената и добиточната продукција.

Работа на празник – поголема дневница

Минатата недела Македонија славеше 2 празника, денот на Уставноста и Бајрам Рамазан. Верувам дека многу сопственици, претприемачи не беа многу задоволни од 2 неработни дена во среднината на неделата, бидејќи ја прави неефикасна и непродуктивна целата работна недела. Од аспект на бизнис тоа значеше една седмица неработење – резултат на нашиот менталитет. Користа е на страната на работниците кои добиваат дополнителен одмор од напорните работни места. Државните институции, јавните претпријатија и големите комапнии се придржуваа на законот, но помалите фирми често ги кратеа празниците или воопшто немаа прекин на работата. Од Министерството за труд и социјала велат дека се свесни за оваа појава и затоа во текот на двата празнични дена беа излезени на терен и контролираа дали сопствениците се придржуваат на законските директиви. Законот јасно укажува дека работодавачот треба да направи реорганизација и дека на работникот му следува дневница и пол и две и пол дневници за работа на државен празник. Секако дека пак треба да се запази да не се надмине неделно предвидениот број на работни часови на работникот. Не постои можност работникот да добие дополнителен слободен ден или некаков друг надомест. Трудовата инспекција направила записници за фирмите кои ги има прочешлано во двата празнични денови. До 15-ти Октомври ќе се направи уште контрола за да се види дали работодавачите нависитна имаат исплатено две и пол дневници. Во спротивно казните се 15 илјади евра за правно лице и 7500 евра за директорот.

Банките спасени од Мафијата

Банките како најпогодени од светската економска криза, за спас посегнале по парите на Мафијата – изјавува британскиот весник „Гардијан“. Водечките светски банки во очај посегнале по овие средства кои по некоја проценки изнесуваат 352 милијарди – профит од трговија со дрога, оружје и луѓе. Ова го признал и шефот на агенцијата на Обединетите нации за борба со дрога и организиран криминал. Околу една петтина од глобалната економија отпаѓа на организираниот криминал.

Крадци пикирале куќа – плен на база на Фејсбук статус.

Кога објавувате статус на Фејсбук дека се спремате или заминувате на одмор, можеби е паметно да највите и дека имате добар алармен систем, чувар, ротвајлер или сл. Или подобро воопшто не објавувајте таква информација. Од Њу Хемпшир, САД, доаѓаат информации за крадци кои влегувале во куќи за кои претходно знаеле дека се празни благодарејќи на Фејсбук статусот на сопствениците. Успеале да ограбат 18 куќи и да се стекнат со вредност до 200.000 долари. Фатени се, но Фејсбук има огромен број корисници, никогаш не знаете кој ве следи и која му е намерата.

Инвестирање во ново растечки економии

Минатата недела претседателот на САД – Обама, се обрати пред нацијата и меѓу другото најави трошење на 50 билиони долари за подобрување на патиштата, железницата, аеродромите и другите инфраструктурни потреби. Но инвеститорите би требало своето внимание да го насочат кон пазарите и економиите во пораст.
Се очекува земјите во развој во наредните 3 години да потрошат повеќе од 100 пати од она што САД планираат да го потрошат во наредните 6 години. Околу 4 трилиони од вкупно проценетите  6,3 трилиони долари се поврзуваат со проекти во Кина, додека останатите обврски и проекти се планирани од приватниот и државниот сектор во Бразил, Русија, Мексико, Јужна Африка и блискиот Исток.
Компаниите кои градат или одржуваат инфраструктура, патишта, мостови и др. во Кина, Бразил и другите пазари во подем, во своите проекции имаат зацртано добивка.

За тоа постои и логично објаснение. Во земјите во развој, во урбаните средини, секоја недела се раѓаат или доселуваат повеќе од милион луѓе. До 2025 година 21 од 25-те најголеми градови ќе бидат во земјите во развој – според извештај на Обединетите нации.За да се ораганизира толкава маса на луѓе и за да се спречи хаос, овие земји немаат друг избор освен да трошат и да да градат се од пристаништа до електрични централи. Мора да изградат инфраструктура со што би обезбедиле стабилен економски развој. Градовите со најдобра инфраструктура ќе привлечат највеќе домашни и странски инвестиции, како и човечки капитал.
Проектите нема да се спроведуваат само со цел изградба на инфраструктура. Постојат и политички мотиви. Луѓето ширум светот сакаат чиста вода, санитарни услови и постојан транспортен и енергетски систем. Владите што ќе успеат да ги обезбедат овие услови имаат поголеми шанси за придобивање на гласачкото тело.

Бразил е домаќин на Светското првенство во фудбал во 2014 и Олимпијадата во 2016. Кина е насочена кон историскиот стремеж за поврзување на западниот дел на земјата со развиениот источен приморски дел. За разлика од порано инвеститорите и банките се многу поотворени кон овие земји отколку кон САД, Европа и Јапан кои имаат огромни долгови.

Овие инвестиции се поврзани со политички ризик, т.е. нивното спроведување зависи од одлука на владите на овие земји. Во Индија владее законот но бирократијата е спора, во Кина владее поредок. Кога еднопаертискиот систем ќе рече тргаме, тоа и се случува.

Големите компании од развиените земји ја гледаат својата шанса бидејќи располагаат со технологија и know-how. Следната деценија ќе биде деценија на градење, доградување и реконструктуирање на постојното. За инфраструктурата сфаќате дека е недакватна кога е многу доцна!

Единствено инвеститорите во овие капитал-интензивни проекти, ќе мора да почекаат подолг период за наплата на вложените средства.

post

Интересни вести 30.08 – 05.09.2010

Неделни вести

Неделни вести

Избор на интересни вести за минатата недела:

УЈП – Нова услуга – ЕЛЕКТРОНСКИ УВИД ВО ДАНОЧНА КАРТИЦА

Oд 1 септември 2010 година, Управата за јавни приходи воведе нова услуга за даночните обврзници – Електронски увид во даночна картица.

Услугата e достапна за сите правни субјекти и вршители на дејност кои се корисници на електронските услуги на УЈП, односно за секој даночен обврзник кој ќе се регистрира за користење на системот е-Даноци (http://etax.ujp.gov.mk/)

Електронскиот увид во даночна картица  би требало да овозможи, во секој момент преку вашиот компјутер, да вршите проверка и да бидете во тек со состојбата на вашите даночни побарувања и обврски кои ги води УЈП, без притоа да морате да одите лично во даночните канцеларии.

За сите дополнителни прашања во врска со новата услуга, постапката за регистрација за е-Даноци, како и пријавување за претстојните обуки кои ќе ги организира УЈП на оваа тема, УЈП ги посочува следниве контакти :

Инфо центар 0800 33 000
е-пошта: info@ujp.gov.mk

Дали ќе се издава домашна обврзница ?

Во претходните недели пишувавме дека државата има проблеми со полнење на буџетската каса, а Владата дефицитот го финансира со задолжување кај банките. Ваквата состојба придонесува за намалување на ликивидноста на стопанството од едноставна причина што банките наместо слободните средства да ги пласираат по поволни услови во стопанството, посигурно им е да откупуваат благајнички записи зад кои стои државата како гарант. Често се размислува за пуштање во оптек на еврообврзница, со што државата би се задолжила во странство. Експертската јавност е со спротиставени мислења и сугерира да се издаде домашна обврзница.
Универзитетскиот професор Томе Неновски, вели дека овој потег би имал позитивни ефекти, а каматата би била пониска од евентуално издавање на еврообврзница. Би ги извлекло домашните девизни резерви на граѓаните, би се добил нов прилив на средства во девизи и би се зголемиле девизните резерви на државата. Со тоа би се заштитил девизниот курс на денарот и платно-билансната состојба и би се надополнил буџетот .

Од друга страна поранешниот министер за финансии Никола Поповски, сугерира дека не е добор државата повторно да се задолжува и дека треба да се применат мерки за намалување на задолжувањата.
Без разлика на мислењата на експертите, за Вторник веќе е најавено ново задолжување на државата преку издавање државни записи.

Македонија дел од Железничката Алијанса?

На 1-ви октомври треба да почне да функционира новото претпријатие за железнички сообраќај кое е резултат на проект започнат од 3 земји: Србија, Хрватска и Словенија. Седиштето на компанијата ќе биде во Словенија, како земја членка на ЕУ, а проектот има за цел да го направи поефикасен и побрз железничкиот сообраќај долж коридорот 10.

Претставници на Македонски Железници беа на разговори во Словенија и укажуваат дека подготовките за приклучување на Македонија кон овој проетк наскоро ќе почнат. Ова е проект од кој Македонија не би требало да остане исклучена и што би ни овозможило да ја модернизираме нашата железница, но и да се приклучиме кон трговските и патнички рути кои овој проект ќе ги овозможи.

Нашата Влада цени дека ова е интересна иницијатива, но за својот став ќе ја известат јавноста откако ќе ги разгледаат сите факти.

Се проценува дека трите земји, инволвирани во проектот, на годишно ниво од новиот концепт ќе имаат по околу 50 милиони евра добивка.

Камионџии бараат поевтин зелен картон !

На 02.09.2010 камионџиите упатија ултиматум до премиерот за намалување на цената на зелениот картон. Ако во рок од 5 дена не им се исполни барањето, најавуваат блокада на главниот град.
Освен за транспортерите, цената е висока и за другите учесници во сообраќајот. Осугурувањето се наплаќа 2 пати, еднаш при регистрација на возилата и вторпат при излез на возилата од државата. Надлежните служби најавуваат одоговор во втората полвина на месецот.

За компарација, годишен зелен картон во Македонија чини 160 евра, плус осигурување од оклоу 100 евра, додека во Бугарија истото чини 104 евра, во Србија 117 евра.

20% повеќе боледувања во 2009 во однос на 2008

Од Фондот за здравствено осигурување дека постои позитивен тренд во однос исплати за боледување на македонските граѓани. Тоа делумно се должи на владината политика за зголемување на наталитетот и исплати за породилно отсуство. Но, од друга страна постои и негативна појава на драстичен пораст на боледување кај работниците. Во 2005 год биле доделени 6.325 боледувања, а минатата година оваа бројка пораснала 16.527 што е пораст од 265 отсто. Се најавуваат засилени контроли во постапката за доделување на боледувања.
Се ствара слика дека македонските граѓани повеќе сакаат да боледуваат отколку да работат, но во суштина голема улога игра огромниот пораст на нововработените административци, на кои им е полесно да земат боледување кое го добиваат без проблем, отколку да да одат на работа, каде што немаат доделено работни задачи, ниту место за седење. На ова се надоврзува непрофесионализмот во македонските компании и се поактуелниот мобинг, кој прави на работниците да им е непходно да земат ден плус надвор од предвидените одмори, како би го издржале секојдневниот стрес.

Хром во подем!

Интернет гигантот „Гугл“ ја претстави шестата верзија на „Хром“, точно на вториот роденден на овој се попопуларен Интернет пребарувач

Главниот акцент е ставен на брзината и едноставноста, но „Хром 6“ има и голем број на други подобрувања. Овој модерен Интернет пребарувач има вградено нова верзија на познатиот „Адобе флеш“, а најзначајно е тоа што користи ХТМЛ-5.
Според истражувањара „Хром“ веќе има удел од 7,5 проценти од пазарот на Интернет пребарувачи. Првите две места и натаму ги држат „Мајкрософт Интернет Експлорер“ со 60,4 проценти и „Мозила фајарфокс“ со 22,9 проценти од пазарот. Успехот на „Хром“ е многу позначаен доколку се земе предвид дека „Опера“ по десет години постоење има само 2,4 проценти од корисниците.

post

Интересни вести 23.08 – 29.08.2010

Неделни вести

Неделни вести

Избор на интересни вести за минатата недела:

Кина бележи економски пораст

Кина рапидно расте на економски план и моментално е на 2. место после САД и пред Јапонија и Германија која се на  3.и 4. место. Стапката на годишен раст  за 2010 е 10% и се очекува дека до крајот на годината дека ќе го задржи ова темпо. На 5. место на оваа листа се наоѓа Франција, по неа следуваат В. Британија, Италија и Бразил.
На овој начин Кина ја зацврстува својата политичка моќ и позиција и се повеќе и се слуша гласот. Моментално Кина е најголем светски извозник, најголем потрошувач на енергија, најголем произведувач на челик и најголем пазар за автомобили. Од друга страна пак е и најголем загадувач на животната средина. Со вакви перформанси претставува еден од клучните фактори за надминување на светската економска криза. Има мало задолжување и огромни девизни резерви. Многу инвестира во образованието на идните генерации. Секоја година од универзитетите излегуваат 700.000 инжинери, со тренд на пораст.

Ниво на услуги во Македонија

Сите сме сведоци на нивото на услугата што ја добиваме од услужните и продажните дејности кај нас. Далеку сме од професионализам и од она што би требало да го добиеме за парите кои сме спремни да ги потрошиме. За ова добивме и официјална потврда од тајното истражување спроведено во продажни и услужни објекти во 24 земји од Европа. Македонија се наоѓа на ниското 21. место според љубезност на вработените и малку повисоко 17. место за квалитет на услугата. Најлоши резултати покажале вработените во банките и поштите, а најљубезен бил персоналот вработен во бутиците, аптеките и продавниците за алкохол.
Прво место на оваа листа го завзема Белгија со највисоко ниво на услуга, а на последно место се наоѓа Русија.
Услугата зависи од вработениот, но и од неговата мотивираност и услови за работа, за која најголема одговорност сепак ја сноси работодавачот.

Иран ги повлекува парите од Европските банки

Иранската Централна банка најави повлекување на државните средства кои ги чуваа во европските банки како резултат на претпазливост и страв од ново финансиско ембарго насочено кон нивната земја. Не се соопштува сумата која ќе се повлече, ниту каде би се насочиле слободните средства.

Банките претпазливи, економијата стагнира

Во Македонија банките се уште се затворени и не доволно го финансираат приватниот сектор. Оправдување им е дека стопанството не покажува знаци на закрепнување, па затоа банките се претпазливи и пред се ги ставаат интересите на сопствениците за заштита на акционерскиот капитал. Благајничките записи се посигурни за вложување, но и висината на задолжителната резерва пропишана од НБРМ дополнително става притисок врз ликвидноста на стопанството. Моментално околу 800 мил. евра се заробени во Централната банка, пари што значително би го поттикнале економското движење во државата.

Од друга страна висината на сметката на државата е на најниско ниво во последните 8 години. Контото во јули е околу 100 мил. евра, што е слабо споредбено со 391 мил. евра на крајот на 2005 год., 563 мил. во 2006 ( тука е вклучена и продажба на ЕСМ) и 200 мил. во 2008.
Двете политички партии имаат различен пристап во однос на државните пари, но некако и двете одат во крајности. Едните штедат, другите прекумерно трошат. Трошењето во јавниот сектор е потребно во време на криза, но единствено ако е насочено во продуктивни цели, а не на споменици и музеи. Проценка на Виенскиот институт за економски развој е дека растот годинава ќе е 0,6%, за разлика од 2% проектирани од владата.

Google – новина за бесплатни разговори

Од 25.08.2010 Google стартуваше со нов сервис која на корисниците ќе им овозможи разговор преку телефон и и компјутер во целиот свет, што уште повеќе ќе ги наведе луѓето да се откажат од фиксната телефонија.
За користење на услугата потребно е да имате g-mail акаунт. Разговорите кон САД и Канада се бесплатни до крајот на годината ( ние се обидовме – фунцкионира! ), а за останатиот дел од светот потребно е да имате кредит, слично како во при—пејд телефонијата. Минимален износ кој треба да го поседувате е 10$, може да го платите и надополнувате со платежна картичка. Достапен е и тарифник во кој се прикажани цените за телфонски повик по минута. За илустрација повик кон фиксна телефонија во Србија преку овој сервис е 0,09$ или 4,3 ден, за Грција 0,02$ или скоро 1 денар, што е далеку поевтино од цените на македонските оператори за фиксна телфонија кои изнесуваат 13,9 и 10,6 ден респективно.

post

Интересни вести 16.08 – 22.08.2010

Неделни вести

Неделни вести

Наш избор на вести од мината недела:

Препорака да се соработува со Турција

Македонија мора да соработува регионално со земјите од екс-Југославија поради економски напредок, но пред се треба да се насочиме кон соработка со регионалната велесила- Турција. Ова е препорака од Берт ван дер Варт, основач и главен извршен претставник на СЕАФ, глобална инвестициска фирма со седиште во Вашингтон, која се занимава со вложување со мали бизниси со висок потенцијал за раст во повеќе од 30 земји низ целиот свет.

Иако целиот регион е во фаза на реинтеграција од 1990-та па навака, тој сепак верува во пазарот на регионот иако економски и територијално е целосно поделен. Балканот е премал да го привлече и задржи вниманието на Западноевропските земји и Русија, но затоа треба да се насочиме кон Турција. Претприемачите не треба да се засегнати од историското минато на Турција во регионот и комплетно да се водат од бизнис логиката.

Берт ван дер Варт изјавува дека се  во преговори со Турската инвестициона компанија за формирање на заеднички фонд за инвестирање на балканот, но и во Турција и Кавкаскиот регион.

Овие фондови функционираат на база на изработка на бизнис план и заедничко вложување со сопственикот и иницијаторот на бизнисот. Освен пари вложуваат и дел од својот know-how, што им помага на претпримачите полесно да го водат својот бизнис.

Голема е предноста во однос на банкарско задолжување, а имајќи во предвид дека и во Македонија има повеќе претпријатија кои започнале со работа и сеуште успешно работат благодарејќи на подршката добиена од СЕАФ,  совет е да се почне да се размислува во правец Исток и да се искористи подемот на Турција но и средствата кои ќе влегуваат преку СЕАФ. Па сепак, Шехеразада не се појави тукутака.

Доделени уште 11 милиони евра од ЕИБ

Доделени се уште 11 милиони евра средства за подршка на малите и средните компании, како дел од владините антикризни мерки. Средствата се дел кредитот кој Македонија го доби од Европската Инвестициона Банка, се пласираат преку македонските еловни банки, а медијатор е Македонска Банка за подршка на развојот.

Со оваа транша, поделени се  40 милиони евра од вкупно 100 милиони евра кои се на располагање. Финансирани се 115 проекти. Каматнатаа стапка изнесува 6%, но и покрај тоа интересот кај компниите е слаб, пред се поради нивната слаба ликвидност. Постои страв за идно сервисирање на долговите, па компаниите тешко се одлучуваат да влегуваат во инвестициони проекти во овој период.

Најголем дел од компаниите кои аплицираа и ги добија овие средства се од градежната, текстилната и прехрамбената идустрија.

Остатокот од средставата треба да се искористат до половината на следната година.

Големите компании уште од почетокот реагира затоа што во време кога се најпогодени од светската економска криза, тие се исклучени од можноста да аплицираат за овие средства.

Продадени 20% акции од Стопанска Банка

Минатата недела беа продадени 20% од акциите на Стопанска банка. Купец на акциите е Национална банка на Грција, со што сега располага со 94% акциите на банката. Продавачи се ИФЦ и ЕБОР (Европска банка за обнова и развој) кои во 2000 година беа стратешки партнер со НБГ при купување на СТБ. Акциите се продадоа по цена од 574 ден. Од банкат изјавуваат дека со ова се потврдува долгогодишниот интерес на матичната компнија за присуство на пазарот.

Инаку Стопанска банка бележи работа со загуба во првиот семестар од оваа година. За првите 6 месеци има добивка од 1,7 мил. Евра, што е 5 пати помалку во однос на истиот период мината година ког остварија добивка од 9 мил.евра.

Почна бран на поскапувања!

Природните катастрофи во светот, неминовно водат до недостиг на количеството храна на располагање, со самото тоа и цените бележат пораст на глобално ниво, па и кај нас. Од она што минатата недела производителите и дистрибутерите на храна изјавуваа, како заклучок може да го издвоиме следново:

Маслото се продава по повисока цена. Се очекува да достигне цена и до 100 денари за литар. Цената на какаото исто така расне, па производителите на слатки највуваат покачување на цените на финалните производи. Некои скопски пекарници веќе го поскапеа лебот и бурекот. Маслото сигурно дека ќе го поскапи и традиционалното спремање на есенската зимница кај нас.

Се бележи пораст на цените и кај млекото и млечните производи, посебно на млекото, кашкавалот и сирењето кои се увезуваат од Србија. Имено кај нив е присутна млечна криза поради недостиг на свежо млеко.

Ќе поскапуваат и паштетите, а увозниците на месо од Бразил и Аргентина исто така најавуваат поскапување поради пораст на вредноста на доларот во однос на еврото.

Имајќи го ова во предвид, сигурно ќе треба да се ревидира предвидената стапка на

инфлација од 1% за Македонија за оваа година.

Нова платорма на Facebook – Facebook places!

Facebook претстави нова платформа наречена Facebook places, наменета за тие што имаат GPS. Платформата ќе се користи да се известуваат пријателите каде се наоѓате, да се наоѓате со пријателите во реално време, да коментирате за местата што ги посетувате или да ги читате коментарите на вашите пријатели за местата кои што планирате да ги посетите. Моментално е достапна само во САД, но набргу се најавува можност за користење низ цел свет.

Подолу е промо линк за платформата :

post

Интересни неделни информации – 02.08.2010 – 08.08.2010

Интересни нделени информации

Интересни нделени информации

Во редовните постови на интересни неделни информации за неделата што помина претприемач ги издвои следниве:

Новите возила ќе се регистрираат на 2 години

Возилата понови од 2 години ќе вршат проверка на техничката исправност еднаш на две години. Ова олеснување ќе важи само за граѓаните кои купуле возило од салон и немаат направено промена на сопственоста.

Законот се донесе пред две години а правилникот на сила стапил годинава на 17 јуни.

Но иако веќе скоро два месеци станиците работат според новите регулативи никој од таму не ги информира граѓаните.

Увоз на стари возила со ЕУР 1 до крајот на септември

Уште два месеца е продолжен рокот до кој може да се увезуваат стари возила со нискиот еколошки стандард, ЕУР 1. Вака реши владата, откако до денеска, кога беше последен ден за увоз на овие возила, многу од нив останаа непродадени по плацевите на препродавачите.

Новиот рок, до крајот на септември, важи и за регистрација на оние кои имаат возила со странски таблички.

Продавачите на половните возила, пак, не очекуваат зголемена продажба во овој пролонгиран рок.

Инаку, од почетокот на годинава во земјава се увезени 34.000 возила, од кои 30.000 се стари, а само 4000 нови. Од овој увоз, државата ќари 36 милиони евра во буџетот.

Бизнисот со половни возила е огромен во Бугарија, се случува на име на едно лице да има регистрирано и до 300 возила. Овие возила освен кај нас се увезуваат и во Романија. Таму е потполно законски да се возат со полномошно, а причина е регистрација на возило кое во Романија чини и до 1500 евра, додека во Бугарија е 250-300 евра во зависност од годината на производството на автомобилот.

Владата најавува конечно решение за зелениот картон

До крајот на месецов Владата ќе донесе одлука дали ќе се укине доплатата за зелен картон, најави премиерот Никола Груевски. Тоа во петокот минатата недела го побараа камионџиите.

  • Владин тим веќе има добиено задача да врши анализи и да бара опции што ќе бидат важни не само за камионџиите туку и за граѓаните. Владата до крајот на август, почетокот на септември, веројатно ќе одлучува за тоа и ќе се донесе некакви заклучоци и решенија.

Независниот синдикат на камионските транспортери „Макамтранс“ упати ултимативно барање до Владата конечно да ја укине доплатата за добивање зелен картон.

Во однос на пролонгирањето на рокот за законот за домување, Владата се’ уште нема дискутирано за ова. Владата се уште нема расправано за овој закон и не сакаат да прејудицираат никаков одговор.

Влез и со кеш до 10.000 евра

Подгорица – Централната банка на Црна Гора го подигна лимитот за внесување и изнесување готовина од земјата од 2.000 на 10.000 евра, соопшти Централната банка на Црна Гора.

Ниту резидентите ниту нерезидентите во иднина нема да мораат да им пријавуваат на царинските служби готовина во износ до 10.000 евра.

„Внесувањето и изнесувањето готовина се либерализира и се усогласува со директивите на Европската унија“, се додава во соопштението на Централната банка на Црна Гора

Невработеноста го топи доларот

Вредноста на доларот се намалува во споредба со јенот и еврото откако најголемата економија во светот соопшти дека во јули изгубила повеќе работни места од предвиденото.

Зелената банкнота падна наспроти јенот откако податоци од одделот за труд на САД покажаа дека бројот на Американци што поднеле барање за бенефиции за невработеност минатата недела неочекувано се зголеми. Овој неочекуван пад отвори шпекулации дека Федералните резерви на САД ќе мора да го спасуваат пазарот на труд. Економскиот гуру Џозеф Стиглиц рече дека економското закрепнување на САД е анемично и повика на втор круг на подобро дизајнирани стимуланси.

Турски ТАВ ќе го разбива монополот на Макпетрол

Турскиот концесионер ТАВ планира да го либерализира снабдувањето со говриво на авиокомпаниите што летаат од македонските аеродроми. Во изминатите 20 години овој монопол го држеше Макпетрол. ТАВ планира во конкуренција за снабдување да ги вклучи и ОКТА и Лук Оил. Керозинот за авионите не е сегмент за регулација на регулаторната комисија, поради што Макпетрол одржуваше висока цена за овој тип на гориво. Пракса на авиокомпаниите што оперираат од земјава е со керозин да се снабдуваат во други држави. Колку за споредба тон керозин во Македонија чини 800 евра, а во Германија околу 590 евра. Се очекува да следи и намалување на цените на авио билетите.

Проблемите во Западниот Балкан ги бркаат инвеститорите

Странските инвеститори се помалку инвестираат во земјите од Западен Балкан, а и тие што се веќе присутни почнуваат да се откажуваат.

Европските аналитичари оценуваат дека она што ги одвраќа инвеститорите од регионов се високиот степен на корупција, бавното судство и заштитата на домашните тајкуни. Аналитичарите препорачуваат владите на земјите од регионот да не се правдаат со светската економска криза за сопствениот неуспех во привлекување на странски инвестиции.

Македонија, во анализата на европскиот портал – ЕУ Обсервер се посочува како држава која иако направила забележителни напори во подобрување на деловната клима, сепак во 2009 година останала на дното меѓу земјите од регионот – со само 200 милиони евра странски инвестиции.

Компаниите се жалат дека владата не се држи до своите ветувања кон бизнисот, а се посочуваат и проблеми со сериозните инвеститори кои веќе се присутни во земјава, кои ја влошуваат и така лошата инвестициска клима. Освен економијата, и нестабилната политичка состојба се наведува како голем проблем за една мала држава, посебно во период кога напорите за членство во НАТО и Европската Унија,како што се вели,се ставени во мирување.

Од критики не се поштедени ни останатите земји од регионот. Во Хрватска се посочува проблемот со сопственоста, во Србија со долгите и бавни судски процеси, на Косово – крупни случаи на корупција. Аналитичарите оценуваат дека нема да има зголемување на инвестициите во регионот се додека не се решат овие проблеми и не подобри климата за инвестирање.

post

Интересни неделни информации 26.07.2010 – 01.08.2010

Неделни информации на претприемач

Тимот на Претприемач Ви го честита денешниот празник. Од денеска, па во наредните 10 дена, Крушево ќе биде домаќин на сите што сакаат да бидат дел од празничната атмосфера која ќе владее во Крушево по повод одбележувањето на 107 години од Илинденското востание. Градот е среден во духот на тој настан, обновени се фасадите на локалните куќи, локалното население е облечено во костуми карактеристични за тој период. Убава можност да се искористи овој ден да се посети градот и да се почуствува таа атмосфера. Честитки до инцијаторите и организаторите на овој настан и пожртвуваноста ова мало гратче да се издигне од заспиеноста и пак да се врати во живот. Убав пример за доследност и упорност во остварувањето на зацртаните цели, со што се исполнува лична желба на претприемачот кој ова го овозможил, но и пошироко на луѓето кои таму живеат и туристите кои доаѓаат. Да се надеваме дека Крушево ќе продолжи да живее со истиот жар и по изминувањето на овие 10 дена, а воедно претставува и убав пример за развој и афирмација на другите градови од нашата земја.

За тие пак што планираат да патуваат надвор од земјата, посебно кај јужниот сосед, од корист ќе биде следната информација:

Заврши штрајкот на превозниците на гориво во Грција

По седумдневен штрајк за возачите на цистерни во Грција, состојбата со снабдување на гориво се нормализира. Се укинува мерката  мобилизација на грчката армија превземена во последните 2 дена за пренос на горивото до бензиските пумпи како би се овозможил нормален тек на работите во екот на туристичката сезона. Синдикатот на превозници се договори со грчката влада. Многу туристи имаа проблеми со патувањето поради недостиг на гориво, па беа принудени да бараат помош од преку граница да им се достави 1-2 канти гориво, за да издржат да ја преминат границата и да ги наполнат резервоарите. Бензиските пумпи од Македонија близу грчката граница, работеа со полна пареа и верувам ги имаат надминато очекувањата за неделни приходи во текот на изминатата недела. Се ми се чини дека од ембаргото за Србија во ’90-тите години, се уште живееме по принципот „Додека на еден не му се стемни, на друг на може да му се раздени“

Железница на Србија, Хрватска и Словенија, без Македонија

Србија, Хрватска и Словенија договорија и најавија основање на заедничка компанија за железнички сообраќај во рамки на коридорот 10. Довчерашните лути непријатели, препознаа економски интерес и си подадоа рака за бизнис вреден 50-60 милиони евра годишно поединечно за секоја од земјите. Ако профункционира оваа линија реалниот пат за Истанбул би требало да се намали од 60 на 35 часа патување. Претпријатието би требало да профункционира од 1 септември. Учеството во овој проект било од отворен карактер, имало покана и за Македонија, но без реакција од наша страна.

Личните податоци на македонски граѓани се достапни и надвор од нашите граници

Од почетокот на оваа година врз на основ на законот против перење на пари, граѓаните при склучување на договор со некоја од деловните банки се должни да ги достават своите лични податоци кои дури опфаќаат и брачна, имотна состојба, политичка активност , позиција итн. Новина е што законот овозможува и доставување на тие податоци и надвор од границите, па дури 5 банки побарале согласност за пренос на податоците до своите матични куќи. Истите изјавуваат дека тие податоци се дел од нивните деловни банкарски тајни, но сепак, се отвора дилема дали постои опасност од злоупотреба.

Од 2011 еден полнач за сите мобилни телефони

Производителите на мобилни телефони што сакаат да ги продаваат своите производи во Европа мора да имаат унифициран полнач, кој ќе одоговара и на други брендови  на телефони. Ова е одговор на ултиматумот од 2008 год. што Европската Унија им го достави на произведувачите на мобилни телефони  да се договорат околу типот на полнач кои би го користеле за своите модели. Најголем дел од компаниите  го прифатија овој услов преку понуда на УСБ полнач кој почнаа да го применуваат на моделите кои излегоа на крајот на 2009 и почетокот на 2010 година. Се очекува сите производители да почнат да го применуваат ова од почетокот на 2011 година. Ова ќе биде многу поедноставно за потрошувачите, но ќе биде значајно и за заштита на околината, нема да се фрлаат непотребните полначи.

post

Интересни неделни информации 19.07-25.07.2010

Неделни информации на претприемач

Неделни информации на претприемач

Карактеристично за овој период од годината е намалена бизнис активност и се е насочено кон размислување за годишните одмори. И тие што не планираат одмор, мора да се прилагодат на потребите на своите клиенти и соработници кои веќе се или го планираат својот заслужен одмор. Неделата што помина не изобилуваше со премногу вести поврзани со економијата и бизнисот, претпоставувам претходната констатација е и причината за тоа.

Наш избор за денешниот пост е:

Многу често се спомнува за нова глобална криза, како продолжување на последната, но и како продолжеток поради несоодветните антикризни мерки кои беа превземени од најголемите и најсилните светски економии. Последиците од тоа на големо се чувствуваат и кај нас и не верувам дека има некој што се чувствува тотално комотен и релаксиран во моменталното бизнис опкружување. Големо внимание треба да се посвети да се постави црта под која не би требало да одиме надолу, да се превенира состојба во која светот западна пред 2 години. Македонија нема голем удел во глобалната светска економија, но случувањата од таму длабоко не засегаат.

СЕДУМ ЕВРОПСКИ БАНКИ НЕ ГО ПОМИНАА СТРЕС ТЕСТОТ

Комитетот на европски банкарски супервизори тестираше 91 банка за издржливост на уште една финасиска криза. Само седум банки не го издржаа стрес-тестот, меѓу кои грчката ,, АТЕ банк’’, германската ,, Хипо Риал Естејт” и пет шпански банки. Тестирани беа и банки кои со својот бренд се присутни и во Македонија : Нациоанална банка на Грција, НЛБ Словенија, грчката Алфа Банка и Сосиете Женерал. Сите се покажале успешни во справување со евентуална појава на нова финансиска криза, падот на вредноста на државните обврзници или рецесија. Со оглед на фактот дека ова се најголеми финансиски институции кај нас, заклучок е дека банкарскиот систем кај нас е стабилен. Освен ова банките кај нас се предмет на тест и од страна на Народна Банка на Македонија, кои како што известуваат, го тестираат банкарскиот сектор на секои 3 месеци и дека банките учествуваат во финансирањето со над 10% сопствен капитал.

МАКЕДОНИЈА СО ЛОША ПРОГНОЗА ЗА ЕКОНОМСКИ РАСТ

Европска Банка прогнозира раст за макекодонската економија за 0,5% што е втора најлоша прогноза по Романија споредбено со 7 земји од регионот. Владата прогнозираше раст од 2 %, но првите 3 месеци од годинава имаше многу поголем пад на економијата од планираното. Индустријата највува пад во периодот што следи, што може да ја доведе Македонија до повторна рецесија. Буџетскиот дефицит е над планираното, владата има поголеми расходи од приходи, само за првите 6 месеци е 100 милиони евра од вкупно планираните 170 милиони до крајот на годината. Потфрлаат планираните буџетски приходи што заедно со прокциите од Европска банка водат до заклучок дека ребалансот е нереален. Мора да се најдат нови извори на приход:

БЛОКАДА НА ФИРМИ ОД СТРАНА НА ПЕНЗИСКИОТ ФОНД

Фондот за пензиско и инвалидско осигурување на Макединија вршеше контрола  на 20.000 фирми за неплатени придонеси во вкупен износ од 20 милиони евра. Блокирани се сметки на 4.000 компании. Загрижува фактот што постојат фирми чии сметки се блокирани, а кај кои не постоел долг. По добивање на решението на наплата на долгот, без информација по која основа и за која сума станува збор и по упатена жалба на решенито за непостоење на таков долг, сепак сметките на поголем број компании се блокирани. Можеби е административна грешка, но сепак државниот апарат треба попретпазливо да ја спроведува својата функција и да биде подржувач, а не да го кочи процесот на функционирање на приватниот бизнис сектор.

САД ПРОГНОЗИРААТ ДЕФИЦИТ ОД 1,47 ТРИЛИОНИ ДОЛАРИ

Иако помал од предвиденото на почетокот на годината, ова е рекорден буџетски дефицит во САД. Се должи на намалени приходи и пад на економската активност. Економијата заздравува побавно од планираното, стапката на невработеност се искачи на 9%. Дури 41 цент од секој долар поотрошени пари од страна на Американската влада се од кредити.

Кризата е глобална главоболка, некој полесно се снаоѓа, некој потешко, некој е помоќен да го издржи периодот, некој не, факт е дека сите превземаат мерки за превенција и справување со последиците од овој удар. Она што треба да се размислува е када да се бара излезот, како да почнат инвестициите, да се креираат нови бизниси, нови работни места.

АФРИКА ЌЕ ГО ПРИДВИЖИ РАСТОТ НА СВЕТСКАТА ЕКОНОМИЈА

Поранешниот премиер на Британија, Гордон Браун истакна дека идниот раст на светската економија ќе зависи од Афика. Сиот светски продуктивен потенцијал треба да се насочи кон општото корисничко побарување на овој континент.

Можеби е во право, таму кај што има огромна популација на која и е неопходно инфраструктура која ќе го поплоча патот за да го стигне остатокот од светот е местото кај што тие што ги чуваат парите (ММФ, Светска Банка…), треба да ги вложат за имплементација на проекти во кои би се вклучиле компании кои би вработиле и обезбедиле милиони нови работни места. Се отвора патот  за индустријата ширум светот. Ако Англија, заедно со САД и другите Западноевропски земји во изминатиот и овој век ја креираа глобалната политика, ваква изјава на до неодамна нејзин челен човек не е за потценување. Можеби треба да размислуваме како да се пробиеме и да го фатиме возот по кој ќе се движат финансиите во наредниот период. Зборувам за стратегија како индивидуалци, но и на државно ниво. Кои ни се предностите, потенцијалот и можностите ?

post

Интересни неделни информации – 28.06-04.07.2010

Неделни информации на претприемач

Неделни информации на претприемач

Претприемач во духот на создавање и надградба на знаењето и техниките за водење бизнис досега објавуваше текстови поврзани со алатки и вештини кои што треба да ги познава секој што сака да започне, но и тие што веќе имаат бизнис. Овој тренд ќе продолжи и понатаму, но како секој претприемач, постојано размислуваме како и со што да го надградиме нашиот портал, за да биде интересен и прифатлив за поголем број на читатели. Тие што не пратат од почеток, се сведоци дека почнавме од минимални перформанси и порталот неколку пати  претрпе измени и денеска располагаме со над 600 комплетно авторски и секјдневно ажурирани текстови.

Пишувавме дека за започнување на бизнис, потребна е идеја! Имавме опис на помошна алатка за генерирање на нови идеи, но заклучок е дека мора постојано да прибираме информации за се што е околу нас и никогаш не сме свесни што е тоа што би можело да не поттикне да размислуваме за некој нов бизнис, за што порано не ни паднало на памет. Сигурни сме дека голем број од нашите читатели искористија и го оценија за полезно тоа што го објавуваме, за што имаме и повратен фидбек, во облик на коментари и директни e-mail пораки и сме благодарни за тоа.  Но, решивме да го надградиме блогот како извор на информации кои се репрезент не само на нашето искуство и знаење туку и дополнително со вести и кратки извадоци од настани од Македонија и светот кои што ја одбележале изминатата недела. Ќе бидат одбрани вести за кои ние сметаме дека се битни од економски и бизнис аспект и кои би му биле од значење на еден претприемач.

Ќе цитирам еден наш познат бизнис и политички неделник „Само идејата е капитал, се друго е пари“,  јас би додал за да се дојде до идеја мора да се располага со информации !

Ќе почнам со настанот (или веста) од мината недела која и ме наведе да размислуваме за да почнеме со ваков серијал на неделно ниво.

Многумина од вас кои не следат имаат бизниси кои се поврзани со надворешно трговско работење, т.е со извоз-увоз од земјите на Европската Унија. Сигурно ќе ве засега дека од 01.07

Македонските компании ќе треба да обезбедат идентификационен (EORI) број

Тие што имаат извоз или вршат некакви други економски операции во земјите на Европската унија од 01.07.2010 ќе можат да ги поминуваат границите единствено ако поседуваат ЕОРИ. Идентификациониот број се обезбедува од надлежните служби на соодветната земја. Овој број веќе една година се користи во транзитниот сообраќај со ТИР-карнети и се обезбедува на самата граница, се претпоставува дека истата пракса ќе продолжи и со другите економски операции на македонските фирми.

За подетални информации го препорачуваме линкот на страната на Царинска управа на РМ. http://www.customs.gov.mk/eori/main.html

Инвестиција на Бугарската Софика Груп во Македонија

Софика Груп – компанија од Бугарија која се занимава со доставување на оутсорсинг услуги на бизнисот во доменот на финансиите, информатичка технологија и други сектори, планира да инвестира во Македонија помеѓу пет и седум милиони евра.

Услугите се однесуваат на надворешна и внатрешна комуникација и консултативни услуги – информативни услуги, социолошки проучувања, телемаркетинг, услужување на клиенти, ХР оутсорсинг, изработка на индивидуални решенија за подобрување на услужувањето на клиенти и проширување на клиентската база. За почеток се планирани 100 нови работни места, а во наредните 5 години се очекува таа бројка да достигне меѓу 400 и 500.

Поевтинуваат кредитите

По подолг период на скапи кредити и високи каматни стапки, од мината недела највисоката каматна стапка на банкарските кредити за население треба да изнесува 13%, а за претпријатијата до 15%. Ова го налага Законот за облигациони односи по падот на референтната каматна стапка. Најголемите банки веќе најавија пад на каматите кај најбараните кредити во овој период: краткорочните потрошувачки и туристички, но намалување ќе има и кај станбените и автомобилските кредити. Сепак во Комерцијална банка се категорични дека во она група на кредити за правните лица нема да има намалување поради висока неликвидност и висок ризик при сервисирање на долговите од фирмите. Ќе има намалување и на каматните стапки на депозитите – орочени и по видување.

Од август поевтини сметки за мобилен?

Дали еден бизнис, претприемач или вработените во бизнисот може да се замислат онака „немобилизирани“?

Од Агенцијата за електронски комуникации се најавува дека од август годинава им се дава можност на мобилните оператори постепено да ги намалат малопродажните цени за своите телефонски услуги. Ова се должи на фактот што им е упатен налог на трите мобилни оператори до мај 2013 година сукцесивно да ги намалат големопродажните цени за завршување на повик од една мобилна мрежа во друга. Сепак иако цените за интерконекција помеѓу операторите ќе се намалат,  препораката на АЕК не е обврзувачка и не значи дека ние како крајни корисници во кус рок ќе забележиме намалување на сметките кои ни ги праќаат операторите.

Сепак останува како претприемачи да се надеваме дека ќе има скусување на трошоците на ова ставка која сметам дека се доста високи.

Преполовена продажба на нови возила

Авто салоните се жалат на драстично опаѓање на продажбата на нови моторни  возила, што достигнува и пад до 35% во однос на истиот период минатата година. Како главни причини се наведуваат законските измени за увоз на стари половни возила со понизок еко стандард, но и високите каматни стапки од банките и лизинг компаниите. Увозниците прават се за да се одржат на пазарот и да ги задоволат купувачите. Една од мерките е и бескаматно купување на рати кое ќе се обидат да го спроведат до крајот на годината. Моја лична сугестија е, ако размислувате за продажба на кола, сепак да се обидете во салоните каде што моментално се даваат попусти какви што немало порано, а ви препорачувам и дополнително “ценкање“ со продажниот персонал. Сепак Ново си е ново.

Тојота повторно има проблеми со фабричка грешка

Јапонскиот производител на автомобили, Тојота или попозната како фабрика со најперфектниот производствен систем во светот, соопшти дека кај околу 270.000 продадени возила може да има има фабричка грешка во моторите. Портпарол на Тојота изјави дека компанијата ги разгледува мерките за справување со овој проблем. Тојота се труди да ја обнови својата репутација откако повлече над 8 милиона возила поради фабрички грешки.

Зачудува фактот што и покрај сите овие проблеми со Тојота, продажбата кај нив бележи нагорна линија. Иако е човечки да се греши, не секој е спремен да ја признае својата грешка. Тојота ја призна, но имаше и план за прифаќање на возилата за замена на проблематичните возила. Ова мислам дека ја зголеми довербата кај потрошувачите и ги наведе уште полесно да се одлучат за Тојота да биде нивното ново возило. Многумина кај нас ќе се сложат дека, постпродажниот процес – сервисот не е на високо ниво, а токму тоа е она што ќе ме натера по втор пат да купам кола од  истиот бренд.