post

Дали навистина ти треба се тоа…?

 

Започнување на бизнис бара многу работи. Но, дали ти ит војот бизнис навистина имате потреба од сето тоа?

Растење на бизнисот исто така бара многу работи. Но, дали ти и твојот бизнис навистина имате потреба од сите тие работи за раст на твојата компанија?

Различни бизниси, различни претприемачи, различни бизнис идеи и различни стартапи имаат различни потреби.

Не можеш да земеш предефинирана листа на работи кои ќе ти требаат за твојот бизнис, или стартап, или компанија која е во фаза на раст. Потребите секогаш ќе бидат различни.

  • Дали навистина ти требаат 500 луѓе кои ќе работат за твојот бизнис или ти требаат 50, можеби 5 или дури само двајца?
  • Дали навистина ти требаат најнови и најопремени компјутери, или ти треба едноставно нешто што ќе ја комплетира твојата работа?
  • Дали навистина ти треба IT одделение, или едноставно можеш да сам да ги изведуваш тие работи или пак да користиш аутсурсинг од некоја компанија која е докажана во таа работа?
  • Дали навистина ти треба големо складиште за твоите залихи, или можеш да ја користиш твојата сопствена гаража или некој твој сопствен неискористен простор каде можеш да ги складираш залихите?
  • Дали навистина ти треба токму тоа ниво на залихи, или можеш да го намалиш па дури и да работиш без залихи?
  • Дали ти треба сметководител кој ќе работи во твојата компанија или едноставно да користиш аутсурсинг услуги или пак да користи апликации кои ќе ти овозможат да ги менаџираш тие работи?
  • Дали навистина треба да ги произведуваш ти сите тие производи или дел може да се префрлат преку аутсурсинг во комапании со поевтина работна сила?
  • Дали навистина ти требаат десетици или стотици илјади евра за да започнеш или можеш да започнеш со неколку илјади евра?
  • Дали навистина ти треба толку голема канцеларија, или пак можеш да користиш помала, поевтина или пак да ја споделиш со друга компанија, или пак едноставно да работиш од дома?
  • Дали навистина ти треба скап дизајн на твојот веб сајт или едноставно можеш да го искористиш WordPress и самиот да подготвиш еден нормален веб сајт, а да се насочиш на други активности?
  • Дали навистина ти требаат скапи PR и маркетинг агенции или голем дел од твојата работа можеш ти и твојот тим да ја завршите?
  • Дали навистина ти треба…?

Како што можеш да забележиш листата може да биде бесконечна.

Многу важно за тебе како еден претприемач е дека ти навистина имаш потреба само од работите кои ќе обезбедат следење на твојата претприемничка визија. Знаеш што сакаш да постигнеш, и знаеш каде ти и твојата компанија треба да бидете во иднина. Тоа е доволно за сега. Користи го само она што ќе ти помогне за остварување на твоите цели, стугнување онаму каде што треба да стигнеш.

Треба само да размислиш за овие и уште многу други поврзани прашања?

You need only to think about these questions.

About Д-р Драган Шутевски

Д-р Драган Шутевски е основач и CEO на Шутевски Консалтинг и им помага на бизнисите да го проектираат патот кон успешноста. Поврзи се со Драган на Google+

Speak Your Mind

*