Секој бизнис започнува со идеја која задоволува одредена потреба на пазарот. Но, пред да се донесе вистинската одлука да се оди или да не се оди понтаму потребно е да направите едно иницијално планирање или истражување на пазарот.
Вие имате многу идеи до кои доаѓате преку , но не се сите спремни за започнување. Понекогаш бизнис идејата доаѓа едноставно по поставување на одредено прашање од страна на претприемачот во вид:
Зошто нема ______________________________________ __________________________________________?
Честопати за добар бизнис важно е да дојдете до соодветното прашање во вистинското време (време кога сеуште таа потреба не е задоволена) и да направите соодветна иницијално планирање на пазарот уште пред да одлучите да започнете. Ова е поради фактот што во една ваква почетна фаза на бизнисот потребно е да се дефинираат основните правци во кои ќе оди понатамошниот развој на бизнис идејата во вистински бизнис.
Како и секогаш сметаме дека барање на одговор на прашања ќе ви помогне во оваа иницијално планирање на пазарот.
- Кои производи и/или услуги планирате да ги понудите?
- Опиши ги индивидуалците или бизнисите кои ќе ги користат тие производи и/или услуги. Користете наративен пристап или користете MindMap за да ги вклучите најважните демографски карактеристики како: старост, пол, локација, приход, образование…
- Колку често тие ќе имаат потреба од тие производи и/или услуги?
- Кои се корисностите кои вашите производи и/или услуги ќе ги овозможат на купувачите?
- Има ли други слични или исти производи и/или услуги во близина на вашата локација? Кои се тие?
- Како вашите производи и/или услуги ќе се разликуват од конкурентските?
- На кои начини и со помош на кои маркетинг средства ќе доаѓате до потенцијалните потрошувачи?
- Како досега информациите за истите или сличните производи и/или услуги доаѓале до тие потенцијални купувачи?
- Колку пари можете да потрошите за маркетинг?
- Колку ќе ве чини секое маркетинг средство?
- Кој ја носи конечната купувчка одлука?
- Кои чекори и кога треба да ги превземете за да купувачите купуваат од вашите производи и/или услуги?
Потрошете неколку денови во барање на одговор на овие прашања, но не оставајте тоа да трае со години, потребата може да се задоволи и од некој друг. Добро размислете и сето тоа ставете го на хартија. Тој документ ќе биде основен водич за сите ваши активности во понатамошниот развој на бизнис идејата и бизнисот.




Speak Your Mind