post

Се се базира на ваш избор, не на талентот!

Често се обидувам тука да наметнам едно сосема ново размислување за самите нас, со цел да го отстраниме митот дека немаме талент за нешто. За се имаме талент доколку сакаме да го работиме тоа нешто.

Ние и нашиот избор сме во центарот, а не нашиот талент

Во 6-ти слој за успех на еден претприемач и талентот како само еден дел од тој последен слој го напишав следново:

Зошто сметам дека талентот не е на прво место за еден претприемач да биде успешен? Наједноставно кажано затоа што не постои специфичен претприемнички талент кој е потребен за да може да кажеме дека тој е претприемач со вроден талент. Различни бизниси имаат различни претприемнички потреби за одреден вид на талент. Некој бизнис бара повеќе финансиски талент, други од менаџерски талент, трети пак талент за квалитетна аналитика, а повеќето бизниси од сите типови на можни таленти. Значи бизнисот е микс на таленти, кои претприемачот или пак менаџерот треба да ги управува за да го извлече максимумот.

Во Бизнисот е една обична игра дадов едно мислење за талентот во однос на бизнисот:

Сметам дека талентот не може да се стави само во категорија на „вродени“ карактеристики на еден индивидуалец. Талентот може да има вродени карактеристики или одредени предиспозиции но во исто време талентот е нешто што постојано се гради преку учење, пробување, искуство… Така да не можеме да кажеме дека сите кои се талентирани се талентирани бидејќи се родени со тој талент. На пример, еден фудбалер може да има талент преку некои предиспозиции во вид на пасија за фудбалот. Но, за да го постигне она што го постигнува секој успешен фудбалер во текот на неговата кариера секојдневно тренира, има различни тренери (учители, консултанти…), колку повеќе натпревари игра се е подобар и подобар (искуство).

Можете да забележите дека не сум некој кој верува дека луѓето се раѓаат со одреден талент за да бидат нешто во животот. Сите се раѓаме исти. Но, како ќе не учат, воспитуваат, како ќе не школуваат, каде ќе не школуваат, што ќе бидеме, што ќе работиме, дали ќе бидеме успешни и уште многу други како, што, дали ќе зависи од наш избор, можеби во првите години и на нашите родители и учители/ки.

Ќе искористам една структура на CV кое некако стана многу популарно средство за барање на работа или пак за избор на работник.

1. Лични податоци

Во овој дел немаме многу избор, едноставно родени сме тогаш и тогаш, таму и таму. Но за нашето име и презиме одлучиле нашите родители или пак Кумот. Единствено нешто кој е наш избор е брачниот статус. Но, за една компанија овие лични информации како дел од CV воопшто не се битни. Тие се само тука за да може оној кој го чита да разликува за кого се однесуваат информациите во тој документ.

2. Образование

За основното училиште не сме можеле да одлучуваме. Но, одлучуваме и избираме за во кое средно училиште ќе одиме и кој факултет ќе завршиме. Од овој наш избор ќе зависи дали ќе бидеме инженери, правници, лекари, музичари, уметници… Зависи, но и немора да значи дека ќе бидеме токму тоа. Каде е тука талентот? Тука е ние го градиме, учиме, се дружиме, разговараме, споделуваме…

3. Дополнителни обуки и сертификати

Дали ова се наши вродени таленти. Секако не, сме избрале да посетиме курс за нешто и да добиеме сертификат дека имаме некакво дополнително знаење за предметот на тој курс.

4. Познавање на јазици

И овој дел од едно CV e наш директен избор. На приемр, мојот избор кога имав 9 години и бев трет степен детски курс за англиски беше наместо во училницата во тогашниот „Пионерски дом“ да играм фудбал во школскиот двор. Но, подоцна кога почнав да барам литература за моето образование ми беше потребен англискиот, но пак избрав да не одам на курс туку да си го земам речникот и да читам од книгата. Значи се е наш личен избор.

5. Други вештини

Овој дел со вештините од CV-то е оној најинтересниот дел. Дел каде се билдаме со комуникациски вештини, работа со компјутери, различни софтвери… Но, еве на пример кога се раѓаме со која комуникациска вештина сме родени освен да вреснеме кога сме гладни или кога не боли нешто? Значи оние вистинските комуникациски вештини ги добиваме низ текот на нашиот живот и тоа врз основа на нашиот избор со кого ќе се дружиме, кои комуникациски средства ќе ги користиме, каков јазик ќе користиме… За познавање на работа со комјутери е повторно наш личен избор дали сакаме или не сакаме да работиме со нив и што ќе работиме со истите. Она што е интересно е дека денес веќе сите пишуваат работа со компјутери, иако освен некоја игра на компјутерот на своите деца ништо друго не може да сработи.

6. Искуство и квалификации

Сите се раѓаме без никакво искуство. Сите одиме во ист образовен систем. Но, искуството го стекнуваме по наш избор. Дали ќе работиме некаде за да го набилдаме нашето искуство зависи од нас самите, а не од вродениот талент.

Мислам дека е доволно. Едноставно сите гледаме во едно CV како нешто што може да ни помогне. Но, штета не е предвидено подрачје за талент. Така да доколку имате страв дека Вие не можете да бидете претприемач, бидејќи немате талент за тоа, ослободете се од тој страв. Се се учи, и за се има информација некаде.

About Д-р Драган Шутевски

Д-р Драган Шутевски е основач и CEO на Шутевски Консалтинг и им помага на бизнисите да го проектираат патот кон успешноста. Поврзи се со Драган на Google+

Trackbacks

  1. Tweets that mention Се се базира на ваш избор, не на талентот! — Претприемач -- Topsy.com напиша:

    […] This post was mentioned on Twitter by Dragan Sutevski. Dragan Sutevski said: Pretpriemac Novo: Се се базира на ваш избор, не на талентот! http://ht.ly/17qcb2 […]

Speak Your Mind

*