post

Вештини и Интелигенција – Трет Слој за Успех на Еден Претприемач

Ќе продолжиме со третиот слој кој има потенцијал да го доведе до успех еден претприемач, а тоа се вештини и интелигенција. Ова е дел од серијалот кој започна со едно истражување на претприемач за одлучувачки фактори за успех за кое ги презентиравме резулатите и ја подготвивме хиерархијата на најважните фактори кои еден претприемач го прават успешен претприемач.

Првиот слој за потенцијал беше преземање на акција додека вториот слој беше знаење и креативност.

Вештини и интелигенција како трет слој за успех на еден претприемач

Што претставуваат вештини за еден претприемач?

Често пати велиме дека имаме вештини за нешто. Особено кога го пополнуваме нашето CV посебен дел од внимание посветуваме на нашите вештини. На пример, работа со компјутер, познавање на јазици, добри комуникациски вештини итн.

Да видиме првин како во Wikipedia се дефинирани Вештините:

Вештина претставува научен (сознаен) капацитет за исполнување на предходно утврдени резултати, најчесто со минималните трошок на времето, енергијата, или и пак и двете.

Значи за да имаме вештини треба да имаме знаење за тие вештини, односно на некаков начин да сме ги научиле, дали преку класично учење или пак искуствено не е важно. Всушност вештините се комбинација од учење и искуство.

Можеме да кажеме дека имаме вештини за нешто доколку со минимално вложено време и енергија успееме да завршиме некоја работа со максимални резултати од тоа извршување. На пример, доколку кажеме дека имаме вештини за работа со MS Excel тоа ќе значи дека за кратко време (со неколку кликнувања) можеме да направиме табеларна и графичка анализа на одредени податоци.

Можеме да сублимираме две работи за да еден претприемач има вештини од нешто:

  • Треба да имаме знаење за да имаме вештини. А може знаењето да го стекнеме и со искуство.
  • Треба да имаме систем за постојано зголемување на знаењето. Ова е особено важно доколку еден претприемач во поглед на вештините сака да остане на врвот. Во премиум претприемач во првиот месец каде ги разработуваме бизнис идеите во исто време градиме и еден систем за постојано прибирање на информации заради учење и зголемување на претприемничките вештини во поглед на бизнис идејата.
  • Ќе имаме вештини за некоја работа доколку со минимално потрошена енергија и време оствариме максимални резултати.

Кои вештини треба да ги има еден претприемач?

Ако тргнеме да ги набројуваме сите потребни вештини сметам дека нема да бидат доволни уште десетина страни од овој напис. Затоа би издвоил она што е најважно како вештини да ги има еден претприемач. Треба да напоменам дека различни вештини ќе бидат потребни за различни нивоа во кои се наоѓа бизнисот. Тука би издвоил 10 поважни вештини што еден претприемач би требало да ги има.

  1. Вештини за продажба
  2. Маркетинг вештини
  3. Финансиски вештини
  4. Вештини за менаџирање на времето
  5. Вештини за планирање
  6. Самомотивациски вештини
  7. Менаџерски вештини
  8. Технички вештини
  9. Вештини за фокусираност
  10. Вештини за промени

Што претставува интелигенција за еден претприемач?

Дали сте се нашле во ситуација за некого да кажете дека е навистина интелигентен? Најверојатно, да. Но, по што ги делите луѓето на интелигентни и неинтелигентни. Што мислите за снаодливоста, изгледот, јазикот на кој зборува, одлучност…?

Да видиме што Wikipedia вели за интелигенцијата:

Интелигенција е еден поопширен термин кој се користи за да се опише на состојбата на умот кој опфаќа повеќе поврзани способности, како на пример на капацитет на резонирање, планирање, решавање на проблеми, абстрактно размислување, сфаќање на идеи, користење на јазикот и учење. Постојат неколку начини да се дефинира интелигенција. Во некои случаи, интелигенцијата може да содржи својства како креативност, самата личност, карактер, знаење или пак мудрост. Сепак не постои договор за кој се дефинираат карактеристики на феноменот на разузнавачките договорени со мнозинство низ различните засегнати дисциплини.

Ова е навистина опширна дефиниција за интелигенцијата. Но, за еден претприемач би било доволно да има способност во најкраток временски период од огромен број на информации кои ги прима да ги извлече највредните информации и врз основа на нив да донесе квалитетен заклучок врз основа на кој ќе донесе одлука.

За да еден претприемач постојано ја гради својата интелигенција ќе мора постојано да го шири сопственото знаење. Потребни се следниве предуслови:

  • Да има систем на прием на голем број на информации поврзани со бизнисот кој го води.
  • Да има систем за обработка на тие информации.
  • Да има систем за примање на тие обработени информации.
  • Да донесе квалитетен заклучок врз основа на тие обработени информации.
  • Да ги примени тие заклучоци преку донесување на квалитетни одлуки.
  • Да ги спроведе донесените одлуки.

Забележувате дека сите досегашни фактори на успех кои обработивме се зависни еден од друг. Не може да имаме претприемач со висока интелигенција без знаење. Не можеме да имаме претприемач со квалитетни вештини без знаење. Џабе ни е интелигенцијата, вештините, креативноста и знаењето доколку како претприемачи не ги примениме во пракса (не превземеме акција).

Следува на претприемач: Истрајност и упорност – Четврт слој на успех на еден претприемач.

About Д-р Драган Шутевски

Д-р Драган Шутевски е основач и CEO на Шутевски Консалтинг и им помага на бизнисите да го проектираат патот кон успешноста. Поврзи се со Драган на Google+

Speak Your Mind

*