Факт е дека состаноците се гледаат како важни алатки за комуникација во бизнисот, но исто така чето пати доведуваат до високо ниво на лична продуктивност за учесниците на состанокот.
Што значи за вас да водите ефективен останок? Кога зборувам за ефективен состанок мислам на состаноци кои се:
- Ефективни каде учесниците ќе ги прават правите работи и
- Ефикасни каде учесниците ќе ги прават работите на прав начин.
Затоа, ако сакате да водите навистина ефективен состанок ќе мора да ги поставите на маса вистинските проблеми кои ќе бидат предмет на дискусија на состанокот и во исто време да имате процес за менаџирање на состанокот кој ќе обезбеди дека дискусијата ќе биде менаџирана во вистинска насока.
Тука ќе опфатам 16 совети кои може да ви помогнат во вашите напори за да успеете состаноците да ги направите да бидат колку што може попродуктивни.
- Прво бидете сигурни дека состанокот е навистна потребен, а во спротивно воопшто не го организирајте.
- Бидејќи вие сте и претприемач и организаторот на состанокот во исто време ќе мора добро да се подготвите за состанокот.
- Која ќе биде вистинската цел на состанокот? Пред да продолжите со организација на состанокот ќе мора да бидете начисто за целта на состанокот, или што ќе биде главниот аутпут од состанокот.
- Мора да имате агенда доколку сакате да имате ефективен состанок.
- Дистрибуирајте ја агендата во соодветно време пред состанокот, никако по започнување на состанокот.
- Кога ја подготвувате вашата агенда, мислете на времето. Времето е важно за вашата и на останатите учесници продуктивност.
- Поканете само лица кои навистина ќе допринесат за постигнување на целите на состанокот.
- Лимитирајте го бројот на учесници на состанокот.
- Обезбедете шанса за дискусија на секој поканет учесник на состанокот.
- Секогаш лимитирајте го времето за дискусија.
- Мора да креирате правила кои ќе треба да се следат на состанокот.
- По прифаќање на агендата, придржувајте се на неа.
- Користете алатки за снимање за да ги снимите сите дискусии.
- Секогаш завршете го состанокот со сумаризирање на договореното, препораките, заклучоците и следните чекори.
- По завршување на состанокот секога испорачајте записник од состанокот.
- И како за последен совет, делегирајте ги следните чекори на учесниците на состанокот.




Speak Your Mind