post

Книга со бизнис идеи

На едно место прочитав за тоа дека секој треба да си има книга за бизнис идеи. И како идеја ми се допадна. Бидејќи не знаеме кога ќе добиеме некоја идеја бидејќи времето на добивање на идејата е во зависност од нашата креативност, а не знаеме кога ќе сме креативни. Веќе пишувавме за 6 совети за креативност за добра бизнис идеја како и за креативна деструкција и креативна имитација и во еден дел како совет напишавме да имате бележник секогаш при себе. Овој бележник треба да биде во вид на книга за бизнис идеи.

Во текот на еден просечен живот низ човечкиот мозок може да поминат милион идеи. Но, повеќе од две третини од тие идеи човекот ги заборава веќе по еден час. Од останатите повеќе од две третини нема да чинат. Од останатите за повеќе од две третини нема да ги забележите во бележникот. И доаѓаме до ниво кога од милион идеи сме имале само 30.000 идеи за кои повторно доколку ги немаме на хартија повеќе од две третини ќе ги заборавиме, и доаѓаме до 10.000 идеи за кои кога повторно ги размислиме повеќе од две третини нема да бидат за нас или ќе изгледаат глупави па ќе останеме на 3000 идеи. Од тие 3000 идеи за повеќе од две третини нема да преземеме ништо (акција) и ќе останеме со помалку од 1000 идеи. Тие 1000 идеи во текот на еден просечен живот нема сите да бидат бизнис идеи. Бизнис идеи може да бидат само да кажеме 10% па доаѓаме до 100 бизнис идеи од кои веднаш ќе заборавиме нешто и ќе стигнеме до 10-тина добри бизнис идеи.

Претходното беше само како еден процес како од милион доаѓаме до 10 бизнис идеи. Можеби милион идеи се премногу. Секој човек не е подеднакво креативен. Можеби се само 100.000 добри бизнис идеи, па на крај ќе имаме една. На крајот не е важно од која бројка ќе почнеме, важно е да се има идеја која ќе се реализира и која ќе прерасне во вистински бизнис. Затоа е потребно да се забележуваат идеите.

Доколку не ги запишете нема да ги запомните. Бележникот или нотесот не мора да биде некој голем, доволно е да имате мал нотес кој можете да го носите во џеб, парче хартија и пенкало. Идеите можете да ги заведувате и на лап топ доколку го имате кај себе, можете да го користите вашиот мобилен телефон како бележник бидејќи скоро секогаш ви е при рака. Скоро и да нема мобилен телефон без софтверска апликација за бележник (Notes).

Е, по забележување треба да стапи на сила книга за бизнис идеи. Таа книга може да биде една тетратка, нотес, MS Word фајл, MS Excel табела, MS Access BiznisIdei база на податоци со бизнис идеи итн. Формата не е важна, важно е вие да се снaоѓате во таа книга и содржината во таа книга. Што ќе постигнете на ваков начин:

  • Ќе имате забележено идеи кои би ги заборавиле,
  • Ќе ги размислите уште еднаш пред преносот од бележникот во книгата, па квалитетот на идеите ќе биде за еден степен на обработка поголем,
  • Ќе бидете систематизирани во креативноста
  • Секогаш ќе имате бизнис идеи кога ќе сакате да преземете некоја акција.
  • Ќе бидете секогаш успешен претприемач.

Pretpriemac.com ќе се обиде да развие една таква книга. Наша препорака е една бизнис идеја да биде на една страна зарaди полесно снаоѓање. Но, што треба да содржи една таква книга? Еве накратко одговор на прашањето како едни основни елементи:

  • Име на идејата
  • Краток опис на бизнис идејата
  • Изгледи за реализација
  • Оценка на квалитетот
  • Досегашна практика на пазарот
  • Активности кои би требало да ги преземете доколку ја реализирате.

Тоа е доволно за да потрошите 10 минути за секоја Ваша бизнис идеја која сте ја добиле и забележале.

Но, што понатаму? Прочитајте во Имате Бизнис идеја – Што понатаму?

About Д-р Драган Шутевски

Д-р Драган Шутевски е основач и CEO на Шутевски Консалтинг и им помага на бизнисите да го проектираат патот кон успешноста. Поврзи се со Драган на Google+

Trackbacks

  1. […] или сегашен претприемач. Тоа можеме да го решиме со книгата со бизнис идеи како еден од 10 бизнис темплејти на […]

  2. […] книга со бизнис идеи за да ја забележиш секоја бизнис идеја која ќе светне […]

Speak Your Mind

*