post

Конзистентност, тоа го бара купувачот

Конзистентност Дали ти се случило да влезеш во некој бизнис без разлика дали е продавница, бакалница, бутик, фризер или било што друго да бидеш презадоволен од начинот на кој те третираат како купувач?

Сигурно имаш такво искуство.

Но, дали ти се случило кога по вторпат отидеш во истиот бизнис полн со очекувања дека ќе го имаш истиот третман како и првиот пат, но третманот е сосема различен? Не е важно дали е тоа поради некоја друга смена, различно расположение на претприемачот или едноставен пропуст или грешка во бизнисот. Третманот не е онаков како што си очекувал.

Можеби ќе се вратиш и третпат, но ќе забележиш сосема поинаков третман и во однос на првиот и во однос на вториот пат.

Сигурно си почувствувал една ваква состојба во некој бизнис. А можеби и во повеќето мали бизниси.

Зошто е тоа така?

Прво и основно е што бизнисот не е дизајниран како што треба! Тој е започнат на случајност од страна на претприемачот и едноставно продолжува да функционира на таа случајност,

Малите бизниси немаат ниту пак градат системи на кои ќе се поткрепи бизнисот. Ќе кажете дека нема потреба, системите ќе ја зголемат бирократијата, а со тоа ќе ја намалат креативноста. Но, тоа е сосема погрешно мислење. Системите се потребни за да го поддржат бизнисот и истовремено да ја поттикнат креативноста онаму каде што е најпотребна. Од друга страна еден воспоставен систем не значи дека е неменлив. Се може да се менува, да се подобрува.

Си видел ли мал бизнис со воспоставени формални стандарди за функционирање? Без разлика дали е тоа стандард за однесување на продажниот тим во бутик или стандардни оперативни процедури во еден сервис за мобилни телефони. Сигурно не, бидејќи тоа е практиката кај малите бизниси и тоа не само кај нас туку и во светски рамки.

Уникатната вредност, препознатливост, суштинските компетенции и суштинската конкурентска предност мора да бидат стандардизирани и поткрепени со цврсто изградени системи. Тоа е реалноста која како еден претприемач мора да ја прифатиш доколку сакаш да успееш. Како може да очекуваш купувачот да те препознае како уникатен доколку не го покажеш тоа и повториш со секој следен контакт со тој купувач.

Да ги оставиме настрана приказните за тоа како да направиш добра презентација или добра реклама или веб сајт или блог… Тебе ти треба нешто во што ќе се докажеш дека си најдобар, поразличен од останатите, подобар… Зборуваме за с’ржта на еден бизнис бидејќи се останато ќе се базира на тоа.

About Д-р Драган Шутевски

Д-р Драган Шутевски е основач и CEO на Шутевски Консалтинг и им помага на бизнисите да го проектираат патот кон успешноста. Поврзи се со Драган на Google+

Comments

  1. Неформално Образование says

    те – Ве, ога по вторпат отидеш – кога по втор пат ќе отидете, Третманот не онаков – Третманот не е онаков, ќе се вратиш и третпат – ќе се вратите и третпат, а со тоа намалат креативноста – а со тоа ќе ја намалат креативноста, да ја прифатиш – да ја прифатите, сакаш да успееш – сакате да успеете, Се може – Сè може, бидејќи сè останато

Speak Your Mind

*